Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.09.2012, 17:31

Филе стави точка на „македонски“

Ставен крај на поглавјето „пиши-бриши“ во односите на ЕК со Македонија. Настапот на еврокомесарот ги задоволи сите суети во Македонија и им стави крај на грчките и на бугарските негации

Слободанка Јовановска



Заканата од шефот на државата Ѓорге Иванов дека нема да прифати извештај на Европската комисија во кој нема да се спомене атрибутот „македонски“, од вчера и формално стана беспредметна. Уплашен од непријатните реакции или, пак, не сакајќи да остави простор за популистички говори кои ќе ја фрлат во втор план суштината на извештајот, еврокомесарот Штефан Филе вчера ги задоволи сите македонски суети. Изговори не само „македонски“, туку и македонски граѓани, македонска држава и Македонци, иако го употреби и зборот бивша југословенска Република Македонија.

Со тоа Филе стави крај на едно поглавје во односите на ЕК со Македонија, сугерирајќи дека ЕК ќе се фокусира само на реформите и ќе го ревидира ставот кој пред три и повеќе години го промовираше во стилскиот институционален водич - кога го избриша зборот „македонски јазик“. Вчера Филе прати порака на три земји - на нашата, дека треба да се фокусира на суштината, на Грција дека немаат веќе разбирање за спорењето на идентитетските прашања и како најново на Бугарија - која во најпогрешен момент одбра да ја имитира грчката политика.

Дали бугарската квазинегација на зборот „македонски“ ја прели чашата не е јасно, но очигледно Брисел решил да пресече откако се намножија кандидатите за блокирање на нашата држава, вклучувајќи и некои во Македонија. Запрашан директно дали во наредниот извештај на ЕК ќе го има зборот „македонски“ Филе, сепак, избегна да одговори отворено.

„Го слушнав претседателот што рече за ова прашање. Беше учтив исто така да ја слушне мојата позиција. Во политичката дебата што ја имавме се согласивме да се фокусираме на суштината на приоритетите, за преговорите да се случат побргу, а не подалеку. Нема потреба Иванов да бара од мене поддршка за евроинтегративниот процес на македонската држава. Јас го правам тоа оти верувам во проширувањето на ЕУ и верувам дека членството на Македонците во ЕУ ќе го зајакне самиот процес на проширување и од него ќе имаат бенефит сите македонски граѓани“, изјави Филе на прес- конференцијата.

Сепак, се огради дека не може да каже што ќе има внатре додека тој е во подготовка, т.е. не е напишан. Како што се очекуваше, Иванов му порача на еврокомесарот дека очекува позитивен извештај и деблокирање на нашата евроинтеграција, иако е свесен дека одлуката се носи со консензус, притоа возвраќајќи и' на Грција со иста мера - т.е. нарекувајќи ја главно „нашиот јужен сосед“ или „нашите пријатели во Атина“.

„Во контекст на наметнатиот спор од нашиот јужен сосед, на комесарот Филе му посочив дека освен тоа што оваа земја не ја исполнува Привремената спогодба, сега има и пресуда на Меѓународниот суд на правдата. Она што го бараат сите членки на ЕУ го бараме и ние, а тоа е Грција да се однесува одговорно кон преземените обврски. Сето ова треба да го решаваме во процесот кој се одвива под капата на ОН, но само ако бидеме активни во тој процес ќе дојдеме до решение“, порача Иванов.

Иако претседателот соопшти дека добил потврда од Филе дека се постигнати „релевантни и многубројни резултати“ во повеќе области, еврокомесарот ги наброја токму посочените како области во кои треба да се прави уште, споменувајќи ја со неколку збора кризата во владината коалиција.

„Претседателот Иванов ме информираше за неговите и напорите на коалициските партнери за решавање на отворените прашања и наоѓање начин за да се тргне напред. Владата на поранешната југословенска Република Македонија има потреба од исполнување на клучните реформи посочени во патоказот од пристапниот дијалог на високо ниво. Потребни се активности во јакнење на меѓуетничките односи во земјата, целосна имплементација на Охридскиот договор, да се зајакне слободата на изразување преку декриминализација на клеветата во медиумите и ревидирање на изборната рамка во согласност со меѓународните и европски стандарди“, порача Филе, повторувајќи дека условот за Македонија е се' уште актуелен. Односно, дека регионалната соработка и добрососедските односи се суштински дел од евроинтеграцијата и дека ни треба решение за прашањето за името со Грција, во рамки на преговорите во ОН. На прашањето на бугарските новинари дали различната презентација на заедничката историја може да резултира со блокада на евроинтегративните процеси на Македонија од страна на Бугарија, претседателот одговори:

„Европската унија е идеја што не' обединува во иднината. Доста гледавме назад. Пристапуваме кон ЕУ, за со Бугарија да ги спроведуваме европските стандарди, критериуми и принципи. Да ја оставиме историјата на историчарите!“. Филе пак го дополни со забелешката дека Бугарија е една од државите што ужива во добивката од приклучувањето на ЕУ и оти верува дека бугарски власти би сакале истите бенефити да ги имаат и „македонските граѓани“.

Иако потроши најмногу аргументи, најмалку отстапки Иванов доби на средбата со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, кој повтори неколкупати дека НАТО останува на заклучокот од Букурешт за поканата на Македонија и дека спорот можат да го решат само Скопје и Атина. Според Иванов, тој и генералниот секретар сепак барале начин како да се одблокира ситуацијата, и притоа нашиот претседател го запрашал што би направил тој во нашава ситуација кога Атина воопшто не прифаќа средби, па и тоа „како Македонија да постигне самата договор со Грција кога цела Европа не може да се договори со неа“.

„Ние сме убедени дека НАТО е способен да носи исправни одлуки во многу тешки времиња. Сега е момент да го сторат истото и за Македонија, која не заслужува во недоглед да стои пред вратите на Алијансата“, посочи Иванов додавајќи дека ако има волја, ќе има и начин како да се постигне тоа.

„Замислете, 21 година нема средба меѓу македонски и грчки претседател! Јас четири пати го поканувам претседателот на Грција, но тој четири пати ме одбива. Затоа упатувам апел до Грција да почне да постапува одговорно кон нас и да најдеме решение кое е во интерес и на самата Грција, но и на регионот. Ние ги исполнуваме сите критериуми за членство и време е и тоа да го добиеме, а на Балканот да почне да се шири зона на мир и да се надминат долгите периоди на трауми и конфликти. Време е целиот Балкан да живее во мир“, порача Иванов. Притоа нагласи дека Македонија не бара ништо повеќе од тоа Грција да ги почитува меѓународно преземените обврски, споменувајќи дека прашањето е билатерално, а во минатото многу земји станале членки без да ги решат билатералните спорови, вклучувајќи ја и самата Грција.

Според МИА, зад затворена врата Расмусен се согласил со ставот дека секое решение мора да ги почитува и да ги гарантира идентитетските и јазичните одредници, да се почитуваат човековите права, правото на самоидентификација и достоинство. Споменувањето на Хашката пресуда, пак, претседателот ја искористил и да го прекори генералниот секретар, т.е. да искаже разочараност од неговите изјави околу нејзините ефекти, иако се однесува за однесување на земја-членка на Алијансата на Самит на НАТО, а не во рамките на невладина организација.


Статијата е прочитана 1821 пати.

Испрати коментар



Општинските комитети фаќаат залет
Градоначалниците од истокот доставија „писма на намери“ до ВМРО-ДПМНЕ
Груевски пак во Канада на средба со иселениците
Четворица целат кон на Врховниот суд
„Каде се оревите“, грмна опозицијата
Лекарите денес ќе одредат ден за штрајк
СДСМ
Инфлацијата покажува заби
Владината криза го стресе парламентот
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори



Itar Pejo, 05.09.2012 00:24:00
Kako i sekogas dosega: golem uspeh na Predsedatelot. File gi izgovoril zborovite Makedonija i makedonski. Mozda ce gi ima vo izvestajot, a mozda i ne. A mnogu uspesna bila i sredbata so Rasmusen. Toj rekol deka ne podrzuva vo problemot so imeto, samo da se dogovorime so Grcija. A ne podrzuva i so identitetot, samo da se dogovorime megu nas i so bugarite.
jovan, 05.09.2012 01:26:52
Aj da vidime dali ova navistina ke bide tocka, ili na cudesen nacin ke ja pretvorat vo zapirka. Veruvam deka EU ke zapocne poinaku da go gleda *Makedonskiot problem*, a ne slepo da ispolnuva necii hirovi i pri oci da se pravi slepa.
смешно, 05.09.2012 06:31:15
Навистина голем успех на Иванов и голема радост за Македонија.Не е важно што во сите официјални документи на ОН,НАТО и ЕУ Македонија останув да се нарекува ФИРОМ и што нема за нас членство во НАТО и ЕУ се додека не најдеме решение за спорот околу името во преговори со Грција.Важно е што Филе на средбата со Иванов изговорил Македонија и македонски.Радувај се народе - со тоа што Филе изговорил, не само „македонски“,туку и македонски граѓани, македонска држава и Македонци, ставен е крај на грчките и бугарските негации.Сега Македонија ќе биде запишана во ОН како Република Македонија,и како Република Македонија ќе биде примена во НАТО и ЕУ и нема да има повеќе негации од страна на Грција и Бугарија.
Sepak uslovot postoi, 05.09.2012 07:21:05
Iskazuvanje na evropskite diplomati i politicari so diplomatski jazik , nasive nikako da gi svatat.Vo razgovorite se izgovaraat mnostvo nesta no treba da se procita srsta na seto toa. A toa i dvajcata ( File i Razmunsen ) jasno go iskazaa. Resavanje na sporot so imeto e od golemo znacenje za ponatamosen n apredok i priem na Makedonija vo dvete alijansi.Znaci , nazalost,sepak uslovot i ponatamu postoi.
elena, 05.09.2012 08:27:24
ova se prikazni za mali deca demek eve sega nie vi se obracame so makedonski kako da e toa nesto posebno sto ni go davaat? kako sto Sonceto sekoe utro zgreva na IStok taka i Makedoncite se toa sto se bez nekoj toa da go priznava. A inaku deka ova e igra pokazuvaat i slucuvanjata vo Makedonija inicirani od nemakedonci - drugi etnikumi koi sega ja krevaat tenzijata. znaci sekogas mora da ima pritisok, koj go odrzuvaat tokmu t.n. komesari - evropejci.
pile, 05.09.2012 10:22:01
Razbirliva e nastojcivosta od strana na prviot covek na Severnoatlanskata alijansa G-dinot Rasmusen, za nadminuvanje na nametnatiot dolgogodisen spor vo vrska so imeto pomegju R.Makedonija i R.Grcija, i iznaogjanje na prifatlivo resenie soglano megjunarodnoto pravo i pocituvanje na Rezoluciite na SB pri ON i megjunarodno postignatite dogovori,so vrsenje na pritisok koj i na dvete strani ne e za potcenuvanje.Nato Alijansata pri vrsenje na svojata sveta misija (F.R.) ne smee da ima nereseni problemi pomegju zemjite clenki, a posebno od vakov nesustinski karakter za ostvaruvanje na ulogata na Alijansata pri zacuvuvanje na globalniot mir vo svetski ramki.Potrebata od takvo edinstvo od zemjite clenki za potencijalniot clen Republika Makedonija e osnovan imajki go iskustvoto od ucestvoto na pripadnicite na ARM vo misiite na NATO, no ne ja isklucuva i odgovornosta na zemja clenka koja neosnovano-doveduvajki gi vo zabluda ostanatite sojuznici na samitot vo Bukurest 2008 godina,za stavanjeto
Do redakcijata, 05.09.2012 11:13:55
Imate grshka, nee priem vo ON, tuku prodlzhuvaje na chlensvoto pod ustavnoto ime Republika Makedonija

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Пето��
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Скелет на диносаурус е Франкенштајнски амалгам
Дали коските на Tyrannosaurus rex се прошверцувани од Монголија и споени содруги фосили...
Мурси го враќа Египет на главната сцена
Мохамед Мурси презема стабилни чекори во новата надворешна политика. Многумина се изненадени...
Интелигенцијата веќе не постои во Европа
Интервју, филозоф Андре Глуксман (3) Францускиот филозоф смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. В...
Во Лондон се подготвува ретроспективна изложба на предмети на Дејвид Боуви
Комбинезонот на Зиги Стардаст и рачно напишани текстови се меѓу стотици предмети од сувенирите на британскиот музичар...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |