Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.08.2012, 17:37

Мое ќоше

Колку чини денарот

Ерол Ризаов

Не дај боже пак да го гледаме југословенскиот филм кога еден петел чини милион динари претпладне, два попладне

Добро е што министерот за финансии, Зоран Ставревски, и гувернерот Димитар Богов експресно и сугестивно ги демантираа гласиштата дека се подготвува значајна девалвација, намалување на вредноста на денарот кон еврото од близу 20 проценти. Македонија има рекордни девизни резерви, над три милијарди евра заштеди на граѓаните и мала задолженост што ја прават невозможна девалвацијата и покрај драматичниот раст на цените на храната и енергенсите, особено на бензините и на електричната енергија. Можеме без големи жртви да го одбраниме стабилниот курс на денарот, велат најодговорните луѓе за монетарната политика на државата. Тоа дејствува смирувачки и охрабрувачки да не се откачи психолошката спирала и да предизвика стампедото кое урива се' пред себе. Стабилниот курс на денарот гледано од тој аспект нема цена. Повозрасните генерации ги паметат страшните југословенски девалвации кои преку ноќ обезвреднуваа се' што луѓето создавале и штеделе цел живот, а многу често и повеќе генерации. Едноставно со една „одлука“ цената на вашиот имот, на вашите пари во миг се топи. Добивате купишта пари, домашна валута, во милионски износи кои ништо не вредат. Паничната трка по банките и црните берзи да се купи соодветната валута или да се наполнат замрзнувачите уште повеќе ја разгорува девалвацијата и инфлацијата.

Не дај боже пак да го гледаме југословенскиот филм кога еден петел сабајле чини милион динари, а попладне два, или постојано вреди колку две кокошки. Несреќата е во тоа што девалвацијата и инфлацијата не се спречуваат со одлука на премиер, министер или гувернер. Таа е резултат на економската нестабилност на земјата и на нејзината пречувствителност и зависност од светските и од регионалните макроекономски движења. Монетарната политика, се разбира, влијае и ги ублажува состојбите со интервенции на пазарот на пари, но не е семоќна. Стабилноста на банките, на стопанството, на цените, на пазарот на пари и хартии од вредност е многу тесно поврзана со вкупниот економски потенцијал на земјата и на регионалните и светските економски движења. Некои странични удари можат да се ублажат донекаде. Меѓутоа, она што значи директен удар е тешко да се прикрие. Девалвацијата е како несакана бременост. Можете да ја криете месец, два, па и три, но еден ден толку ќе нарасне стомакот што ќе морате да го признаете тоа што сите го гледаат. Следува царски рез, ама без анестезија.

Кога пазарот го одредува курсот на домашната валута и на цените на едно стабилно ниво кое не предизвикува потреси и ја одржува куповната моќ на граѓаните и стапката на развој на државата, тоа е најсигурен знак за економската стабилност на земјата. Практично, сега Владата го полага најголемиот испит колку е успешна во економските реформи, да се справи со инфлацијата и притисокот за обезвреднување на денарот. И во тоа треба да и' се помогне и да и' се даде поддршка во сите сфери на влијание без подгревање на шпекулации и паника.

Нашата несреќа е во тоа што Владата ја презеде врз себе улогата на пожарникар кој трча лево-десно да гасне пожари, собирајќи политички поени каде што треба да важат економските, а не политичките закономерности. Штом власта се плетка околу ц��ните и таа почнува да меша кај што не и' е работа и да ги одредува надвор од светските берзи и економски законитости, штом интевенционизмот го крева над економските правила, штом со примитивен популизам ги урива економските закони и вештачки вработува на измислени работни места преку ноќ 4.500 луѓе пред избори, штом милионските субвенции не се за развој, туку за социјална политика, за освојување гласови, штом државната каса власта ја празни без мерка и усул за споменици и жални врби, а не за економски издржани приоритети, штом акцизите на енергенсите ги набива до плафон, како да сме скандинавска земја, тогаш неминовно јавноста почнува да препознава во Владата и во премиерот ценовен регулатор, дежурен пожарникар, лекар, работодавец, судија, готвач и, на крај, божји ангел спасител.

Таквата улога популистичките влади ја посакуваат и многу им е прималива. Кога колата ќе тргне низ ридот и ќе стаса народот пред владините порти со паролата - оф аман, аман, симнете ги цените, тогаш на власта без контрола и' текнува на економските законитости и вреска на цел глас што барате пред Владата. Популистичките влади паѓаат од своето најмоќно оружје. Популизмот.


Статијата е прочитана 3332 пати.

Испрати коментар



Иванов македонски „булдожер“ во Брисел и во ОН
Груевски во еден ден во Монтреал и во Торонто
Разногласие во Министерството за одбрана за Слупчане
Бугарија во паника од македонските промоции
ОБСЕ бара министрите да седат мадро пред избори
Книгите ги раскараа основачите на ВМРО-ДПМНЕ
Интерпелација за претседателот на Регулаторна комисија
Полицајците ќе возат „сеат алтеа“, „Порше“ ќе се жали



jovan, 30.08.2012 00:29:59
Sekoe poskapuvanje e veke bolno za ogromen procent na gragani.Ako se sluci uste i *poskapuvanje*na Evroto, togas neminovno ke se sluci totalen slom koj ne veruvam deka mirno ke se razresuva.Realno gledano, nema pricina a uste pomalku potreba za takvo nesto, no nikoj tocno ne znae kolku denari momentalno ima vo optek(vklucuvajki i *elektronski* denari),a toa e najmerodavno dali e potrebna korekcija ili ne na denarot vo odnos na drugite valuti. Isto taka ne e tajna deka ogromen del od stednite vlogovi se pretvorija vo denari, pa se postavuva prasanjeto dokolku barem 20-30% od tie ako povtorno pobaraat da im se pretvorat vo devizi, dali ke ima? Sto ako gasterbajterite sto gi donesoa zastedite ovde, si gi povlecat nazad? Vo toj slucaj ne e cudo evroto da dojdi i nad 100 denari.So eden zbor, ke se obelodeni deka drzavava e vsusnost bankrot i zivee od zastedite na graganite koj bankite gi*pozajmuvaat* na drzavata. Stom pocnaa da spekuliraat so promena na kursot, znaci deka stampaat denari be
USA, 30.08.2012 00:50:18
Зависи од критериумите. За некои, одбраната на името, јазикот и црквата е популизам. За економијата: колку драхми ќе се менуваа за еден денар да не е Германија/ Франција? Ете го менаџментот на светската криза.
demokrat, 30.08.2012 00:57:03
Erole, vrednosta na denarot so goodini vestacki se drzi na ovaa nivo. Dupkata vo makedonskata ekonomija i deviznite rezervi gi polnat gastarbajterite. Toa go znaat site premieri i zatoa denarot ke ja prezivee i ovaa kriza.
Koga da e oni vrbi i spomenici ce ni se udra od glava, 30.08.2012 07:32:16
Kolku i da ne ubeduva Stavreski, sekoj koj imalku se razbira od monetarna politika, znae deka denarot e precenet i istiot se odrzuva so strogi monetarni instrumenti i blagodarejci na devizite koi gi pumpaat gastarbajterite( no i tie vo zadno vreme kako da presusuvaat) Ne moze zemja koja ima postojanen trgovski deficit od preku 2 milijardi dolari i ima pad na BDP, da uspee podolgorocno da go odrzuva denarot stabilen. Taa dupka donekade se polni od dev izite na gastarbajterite, no se povece i povece se oseca deka istite ne mozat da go sprecat galopirackiot rast na trgovskiot deficit, Vladata napravi krupni greski so bezdarnicko i nalunicavo trosenje po neproduktivni investicii, spomenicarenje , kic proekti na Skopje 2014, namesto vo patista, energetski proekti i isplatlivi idustriski kapaciteti.
Dime, 30.08.2012 07:59:33
Stabilnosta na denarot e zavisen od pecalbarite (gasarbajterite).Sumata na devizite sto gi vnesuvat pecalbarite vo Mk e pogolema od celiot MK budjet!.
Oливер, 30.08.2012 12:29:47
Статистичките податоци на повеќе угледни весници, институции, агенции во последниве 2 години кога Европа ја дрма сериозна криза, Македонија е претставена како ниско задолжна земја, со економски раст втор на балканот после Туција, а згора на се, ниту се покачи ДДВ, ниту денарот девалвира, ниту пак се намалија плати и пензии, зголемени субвенции на сите полиња во земјоделството, проект Скопје 2014, Автопат Смоквица-Гевгелија пруга кон Бугарија итн . Со оглед на тоа Владата не е пожарникар, како што ја претставувате, ниту пак гаси пожари лево-десно, туку напротив, има здрава економска политика што тешко кој може да ја разбере (очигледно). Поскапувањата на енергенсите е глобален тренд, а Македонија е зависна од нафта и струја, така што не можете дирекно да ја обвините Владата за тие поскапувања. 8 изборни циклуси популистичката влада не падна а сеуште има и најдобар рејтинг.
Минувач, 30.08.2012 12:35:16
Се плашам од сликите што ги гледав пред десетина години, кога од возот кој доаѓаше од Србија излегуваа маса уплашени и ненаспани граѓани носејќи се што може да се продаде за да се преживее. Него велам тоа напамет.Пре два дена една госпоѓа на касата на Тинекс се расправа за цената на еден производ кој и се наплатува поскапо од напишаното на рафтот, а одговорот беше па неможеме да стигнеме да ги промените на цените во еден ден.Ова не ми звучи на добро има нешто но незнам далие инфлација или само поскапување?
Alba-Italy, 30.08.2012 14:16:28
Citajki gi komentarite, doagam do zaklucok deka drzavata opstojuva blagodarejki na nas pecalbarite! Ne sum mnogu ucen covek, no eden profesor-ekonomist uste pred 4 godini mi rece:Da ne ste vie pecalbarite, evroto 2008 g. ke vredese 140 denari. Blagodarejki na pecalbarskite 1,5 milijardi evra sekoja godina, nie vo Makedonija imeme evtino evro. Ne znam, no me zamisli covekot. Sto li ke bide tocno od sevo ova?
seirdzija, 30.08.2012 15:49:50
Vo Makedonija javna laga izgleda ne e sankcionirana so zakon,pa nekoi komentatori samo javno se blamiraat so podatoci koi se samo edna obicna laga.Zatoa go molam USA da ne mi podmetnuva grcki vnukza patriot,a Oliver da ne mi podmetnuva ugled na vesnici kaj sto pisuvaat Mirka,Nonkovic i slicni ugledninovinari...Strujata i naftata se poskapi oti vladata nema pari,a ne vlozi nitu denar kaj sto treba tuku vlozi vo preralnica za pari sto se vika Sk-2014!I ako se pametni vladinite komentatori neka objasnat kaj otidoa 4 milijardi dolari so koi ja zadolzivte Makedonija za vaseto 6 godisno vladeenje???
Goce, 30.08.2012 18:06:49
Inflacija i dvacija se povrzani koncepti, no ne se isti. Erol gi tretira kako edno te isto. Ima edna bitna razlika. Inflacijata znaci namaluvanje na vrednosta na valutata vo odnos na kupovnata mok vo zemjata. Dvacija se odnesuva na odnosot na domasnata valuta sprema drugite valuti. Toa znaci, inflacijata moze da bide 3%, a vrednosta na denarot da porasne sprema drugite valuti zatoa sto na drugite valuti moze da im padne vrednosta za 5% (primer, vo ovoj moment vrednosta na srbskiot dinar paga mnogu poveke odkolku inflacijata na denarot vo Makedonija).
Владата работи добро за македонскиот народ, 30.08.2012 19:39:09
Еве толку напаѓаниот Скопје 2014 донесе туристи секој реален приметува јас толку туристи никогаш порано не видов. Му верувам на Груевски толку многу работи а најнај ми и е одбраната на достоинството за името бидејки знам дека Грција и лаже и краде и наместо да одговара за злостор над македонскиот народ уценува и ја користи ситуацијата и дупка ни копа во која сама ќе падне. Не ми се допаѓа кога тука некој ме убедува демек сме ја провоцирале Грција. Тоа е тешка политичка лага и антимакедонство. Верувам Македонија ќе успее се разбира со македонскиот народ кој сам си одлучува и одлучува. Гласа. И секој тој избор на народот мора да го почитува. Поз.
BitolaHamiltonCanada, 30.08.2012 22:09:26
Kade be Goce gledas deka Erol gi tretira kako edno te isto.Procitaj dvapati pred da komentiras.Ako go napravese toa,ke videse deka Erol uste na pocetokot veli:*se podgotvuva znacajna dvacija,namaluvanje na vrednosta na denarot kon evroto od blizu 20%*.Ponatamu,*.......da se spravi so inflacijata i pritisokot za obezvrednuvanje na denarot*.E tuka ne se slagam so Erol.Nema pomaganje,samite neka si gi vadat zeskite kosteni od ognot,nitu odmaganje so spekuliranje i panika.Tamam rabota ako opozicijata mu pomaga na pozicijata.Shto sme naprajle??Gresele ne gresele sedete si na vlast i ne se sekirajte,tuka sme nie ke vi pomognime,zosto sme opoziija,za da vi pomagame a ne za da ve karame.Toa sme naprajle,da si sedat na vlast duri ne im se smachi.Opozicijata treba da napravi zdrava ekonomska programa kako ke ja spreci dvacijata i inflacijata,da izlezi pred narodot,da im objasni so ednostaven jazik razbirliv za site,ako sakaat da glasame za niv.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кинезите вложуваат во ореви
Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир...
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...
600 острови на пазарот низ светот
Дали приватните острови излегуваат од мода? Елита ги напушта своите луксузни острови, додека сопствениците наидуваат на ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |