Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.08.2012, 18:25

Иванов македонски „булдожер“ во Брисел и во ОН

Претседателот Ѓорге Иванов ќе си даде главна улога во надворешната политика од идната недела. Како што е навестено, в понеделник тој ќе отпатува во Брисел каде што ќе има неколку работни средби на високо ниво, и во НАТО и во Европската унија. Иако агендата се' уште не е официјализирана, се знае дека Иванов ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен (патем вторпат откако е на оваа функција), со претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Ова ќе биде најсуштинската посета на Брисел пред доаѓањето на Филе во Македонија, за да го одржи вториот дијалог на високо ниво и да ги испорача оценките на Европската комисија за реформите во земјава, но со еден новитет - политичката криза и новото влошување на ситуацијата на етничка линија по настанот во Слупчане. Овие теми, веројатно, ќе ги стават во втор план предвидените пет критични области што ги посочи Брисел, а пред се' судството и медиумите, но ќе им дадат акцент на измените на изборната регулатива и колку се тие во согласност со препораките на ОБСЕ. Знаејќи ги приоритетите на претседателот и фактот дека во Брисел тој не се доживува како главен носител на одлуките во надворешната политика, за очекување е дека тој ќе ги искористи средбите да се пожали од однесувањето на новиот грчки премиер и фактот дека нашиот главен услов за добивање датум за преговори со ЕУ не можеме да го исполниме поради грчката игноранција.

Претседателот Иванов ќе ја преставува Македонија и на следното Генерално собрание на Обединетите нации на крајот на септември во Њујорк, но дали ќе има уште некој висок функционер таму, се' уште нема информации. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1499 пати.

Испрати коментар



Груевски во еден ден во Монтреал и во Торонто
Разногласие во Министерството за одбрана за Слупчане
Бугарија во паника од македонските промоции
ОБСЕ бара министрите да седат мадро пред избори
Колку чини денарот
Книгите ги раскараа основачите на ВМРО-ДПМНЕ
Интерпелација за претседателот на Регулаторна комисија
Полицајците ќе возат „сеат алтеа“, „Порше“ ќе се жали



Itar Pejo, 30.08.2012 00:22:31
Poznavajci go ogromniot intelektualen, drzavnicki i diplomatski kapacitet na nasiot predsedatel, ne se somnevam deka .... Deka sto?
Kosmodisk, 30.08.2012 07:40:34
Ne se somnevam vo mocta na Ivanov da gi istake nasite baranja. Pa kako e darbosan vo govori i odlucen pri izlaganje na faktite, a ako treba i beskompromisen, mislam ce go nadmine i pokojniot Ricard Holbrug. Ce im objani na evropjanite sto e razumen kompromis, a moze da kaze nekoja metaforicka izjava okolu demopkratijata i Kosmodiskot. Paljurci i navodniot prestoj na Sv Pavle vo nego ce go cuva kako krajen adut so koj ce im zadade silen diplomatski udar na onie vo brisel. Navistina sme epten srecni sto imame vakon nadaren pretsedatel , na kogo site zemji ni zaviduvaat.
ммкм, 30.08.2012 10:20:24
Иванов‘‘политички булдожер‘‘ во брисел.Ова новинарот или се за.... со претседателот или ако навистина мисли така ке треба да се преиспита.Прво и основнопрљашање.Дали Иванов доби дозвола од Грујо да зборува таму и што ке зборува.Па знае ли тој дека ако само милиметар ја утне работата ке го јаде стапот после Роуд=шоуто на премиерот.малку му е што божемски бара одговорностаса Слупчане па сега и ке ги мати конците во Брисел.Па кога ке разврзе некој муабет .да ти се згади да го слушаш.Кога на маса ке им ги тропне идеалите на ВМРО.Леле мајко......Еве сега најновиот со книгата на Удбашот,пардон ексамбасадорот Синадиновски.А дали овој е лустриран?????!!!Или книгата ке му служи како оправдаување за лустрацијата???

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...
Кинезите вложуваат во ореви
Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир...
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |