Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.08.2012, 18:20

Разногласие во Министерството за одбрана за Слупчане

 

На офицерите треба да им „суди“ Воената дисциплинска комисија формирана од МО, така што евентуална прекршочна мерка, всушност, ќе треба да изрече оној што ја дал наредбатата

Наум Котевски



Ако се точни шпекулациите дека пред заминувањето на премиерот Никола Груевски на роуд-шоуто во Канада и во САД, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле да ја стишат ситуацијата по настанот во Слупчане, кој предизвика (случајна или смислена) криза во владејачката коалиција, тогаш може слободно да ги прогласиме претседателот Ѓорге Иванов и Министерството за одбрана за минери на „тајниот план“. Најновите дисонантни тонови околу случајот со положувањето цвеќе на споменикот на загинатите борци на ОНА вчера дојдоа од ресорот одбрана. Првин заменик-министерот Емил Димитриев, во изјава што ја пренесе МИА, рече дека очекувано, оправдано и основано е поведувањето дисциплинска постапка против униформираните лица кои заминаа во Слупчане заедно со својот претпоставен Фатмир Бесими.

„Нарушување на работната дисциплина во која било институција не е дозволено и е казниво. Дисциплинскиот престап во Армијата не само што не е дозволен туку претставува кршење на едно од основните начела на функционирање на оваа институција“, рече Димитриев. Кратко потоа, Министерството за одбрана го демантираше својот втор човек, потврдувајќи дека првиот човек Бесими поинаку гледа на работите. „Министерството за одбрана смета дека нема прекршување на процедурите. Ставот на Министерството за одбрана е познат за настанот во Слупчане и веќе не го коментираме“, велат од МО, притоа упатувајќи ги сите заинтересирани институции на законите за одбрана и за служба во АРМ. „Доколку се достави каква било иницијатива, Министерството за одбрана ќе ја разгледа соодветно согласно со законските прописи“, додаваат од Министерството.

И претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, не попушта во својот став за Слупчане, веројатно проценувајќи дека токму за овој случај, а не, да речеме, при потпишувањето на Законот за лустрација, треба да го демонстрира својот претседателски инает и цврст карактер. На празникот Голема Богородица, Иванов повтори дека униформираните лица кои го следеа министерот Фатмир Бесими во положувањето цвеќе на споменикот на загинатите борци на ОНА мора да понесат одговорност.

„Станува збор за лица од Министерството за одбрана, односно од Кабинетот на министерот кои ја злоупотребиле армиската униформа и довеле до заблуда дека Армијата присуствува на тој чин. Се иницираа сите процедурални активности и се очекува против тие лица да биде преземена одговорност, бидејќи е строго пропишано кој и кога може да носи униформа“, потенцираше Иванов, без да спомене некаква можна одговорност во пакет - дисциплинска за офицерите, а политичка за министерот, за барем вешто да ги демантира аналитичарите кои со денови предупредуваат дека и во овој случај ќе го настрадаат извршителите, а не и идеологот.

Можеби таквата нелогична дистинкција во контекст на одговорноста кај помалите и повисоките ешалони Иванов ја прави како дел од пораката до ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека само со дијалог може да го решат проблемот. Иако е сосема јасно дека станува збор за класична контрадикција. Имено, не може претседателот искрено да повикува на дијалог и помирување меѓу коалициските партнери, а симултано да бара да одговараат „следбениците“ на Бесими.

Генералот во пензија Благоја Марковски се согласува дека униформираните лица кои биле со Бесими во Слупчане треба да одговараат, но потенцира дека тоа е нелогичен епилог доколку тој што ја дал наредбата не одговара политички. „Нема дилеми. И униформираните лица во Кабинетот на министерот се лица од Армијата. Тие ги уживаат сите права како другите припадници на АРМ, но ги носат со себе и сите одговорности пропишани со законот. Тоа што тие го направија е дисциплински прекршок, бидејќи не влегува во описот и пописот на нивните задачи. Конкретно, за положување цвеќе е задолжен баталјонот за почести, односно бившата армиска гарда, кој е обучена за таа работа. Факт е дека тие лица ја примиле наредбата од министерот Бесими, но можеле да го опоменат“, смета Марковски, кој потенцира дека ним треба да им суди Воената дисциплинска комисија формирана токму од Министерството за одбрана. Генералштабот на АРМ само може да поднесе иницијатива до Министерството, но не и да одлучува за евентуалните казни.

Така, според него, се доведуваме во ситуација прекршочната мерка да треба да им ја изрече оној што ја дал наредбата. „Тоа нема да се случи. Тој што им наложил сигурно нема да ги казни“, вели Марковски, за кого Законот за бранители поднесен од ВМРО-ДПМНЕ претставува само одмазднички потег.

„Тој Закон ќе го продлабочи јазот. Ако кризата е реална, а не фингирана, напнатоста нема да се намали. Напротив, ќе се зголеми. ДУИ ќе мора да ја напушти Владата, бидејќи ќе нема простор за попуштање“, смета Марковски.


Статијата е прочитана 1063 пати.

Испрати коментар



Иванов македонски „булдожер“ во Брисел и во ОН
Груевски во еден ден во Монтреал и во Торонто
Бугарија во паника од македонските промоции
ОБСЕ бара министрите да седат мадро пред избори
Колку чини денарот
Книгите ги раскараа основачите на ВМРО-ДПМНЕ
Интерпелација за претседателот на Регулаторна комисија
Полицајците ќе возат „сеат алтеа“, „Порше“ ќе се жали



Itar Pejo, 30.08.2012 00:13:23
Znaci licata od kabinetot na ministerot ne treba da go slusaat miisterot !? Kako sto ministerot ne go slusa ni premierot ni predsedatelot ! Arno ama ministerot ne e ni Velija ni Ljube. Narod voden od vakva vlast ne treba da se grizi za svojata idnina;
dime, 30.08.2012 04:36:17
Drugari i drugarice toj sto ja dal naredbata treba da bide veke razresen,sto e ovaa drzavaili anarhija!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...
Кинезите вложуваат во ореви
Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир...
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |