-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп




Овен

Исклучиво се занимавате со туѓи проблеми додека ги занемарувате своите. Тоа ќе го правите се' додека не ви пукне филмот. Очекувајте расправија со партнерот и колегите кои очекуваат секогаш да бидат на прво место.



Бик

Максимално сте сконцентрирани на она што ве окупира. Штом престанете да работите, ве очекува промена на расположението. Затоа работете за да не ви се мотаат бубачки низ главата. Целосно сте наклонети кон расправии, затоа бидете внимателни.



Близнаци

Мислите дека сте најпаметни. Денес повеќе ќе сакате да давате совети отколку да работите, па може да се јават проблеми. Совладајте ја желбата за доминација и потрудете се на проблемите да гледате рационално. Бидете трпеливи.



Рак

На момент ќе успеете да избегате од суровата стварност. Се јавуваат симпатии кон некого, но немојте да очекувате премногу, бидејќи може да се разочарате. Вие сте личност која се' однапред планира, па станувате жртва на сопствените нереални желби.



Лав

Повторно сте со разнишано расположение. Се чувствувате незадоволно и исфрустрирано. Потрудете се да ја поштедите околината од вашето расположение, иако тоа тешко ќе ви оди. Морате да соберете сила и да се смирите, бидејќи ве очекуваат значајни позитивни промени.



Девица

Растргани сте на повеќе страни. Колку ќе успеете да издржите, зависи само од вашата кондиција. Слаба точка на организмот е срцето и може лесно да се заморувате. Бидете внимателни и со нервите.



Терезија

Загрижени сте поради семејните односи и здравјето. Ова не е период за решавање проблеми, па затоа бидете трпеливи и дочекајте го поволниот момент. Така како од шега ќе решите се' и ќе видите дека беспотребно сте се грижеле. Трошете го времето со пријатели.



Скорпија

Нервозни сте и напнати, иако немате причина за тоа. Повеќе реагирате со срцето отколку со главата, па може да донесете непромислени одлуки. Избегнувајте расправии со околината, бидејќи може да повредите некого. Кога ќе се освестите и ќе сфатите што сте направиле, ќе ви биде жал.



Стрелец

Се наоѓате во поволен период кој е придружен со добро расположение и толеранција. Искористете ја таа ситуација на работното место и за подобрување на запуштените емоции. Посветете повеќе внимание на партнерот.



Јарец

Размислувате да отпатувате во странство. Морате да создадете сигурен терен за да реализирате идеи кои на многумина им се чудни. Доколку сте во љубовна врска, не сте сигурни што точно сака партнерот од вас.



Водолија

Проаѓате низ специфична психичка криза. Ги криете чувствата и се' чувате во себе, што може да се одрази на вашето здравје. Нетрпеливоста и избрзувањето имаат своја цена. Потрудете се да ја разбиете желбата за доминација и не размислувајте за нови почетоци.



Риби

Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 21°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кинезите вложуваат во ореви
Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир...
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...
600 острови на пазарот низ светот
Дали приватните острови излегуваат од мода? Елита ги напушта своите луксузни острови, додека сопствениците наидуваат на ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |