Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.08.2012, 17:19

Книгите ги раскараа основачите на ВМРО-ДПМНЕ

Гојко Јаковлески во писмо до јавноста упати канонада обвинувања за книгата „Борис Змејковски - современиот Дамјан Груев“ од Бранислав Синадиновски, што беше објавена неодамна

Даниела Трпчевска

Нови обиди да се разгори расправата околу основачите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната улога во зацврснувањето на партијата. Гојко Јаковлески од Берлин, кој тврди дека е основач на ВМРО-ДПМНЕ, во писмо до јавноста исфрла канонада обвинувања за книгата „Борис Змејковски - современиот Дамјан Груев“ од Бранислав Синадиновски, што беше објавена годинава. „Книгата е полна со невистини, лаги, без срам и перде, и авторот во неа се обидува целосно да ја прекрои историјата на основањето на ВМРО-ДПМНЕ, да се внесе како идеолог, заедно со уште двајца, што е ноторна лага. Оние вистинските, пак, кои вложиле труд и пари се збришани“, пишува Јаковлески, додавајќи дека „никој, па и некојси Бранислав Синадиновски, некогашен амбасадор на СФРЈ, кој кариерата ја градел како комунист, со оваа книга не ќе може да ја изопачи вистината, да го замаи народот и да се прогласи како еден од идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Не, господине Синадиновски, ти не си идеолог на ВМРО-ДПМНЕ и да напишеш уште илјада книги, не можеш да бидеш тоа што не си“, упатува порака Јаковлески и додава дека постои само една вистина за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. „Татко на ВМРО-ДПМНЕ, нејзин идеолог е исклучиво само Драган Богдановски, друг не постои. Тоа треба да им биде јасно на сите. Програмата и Статутот на партијата се дело на Богдановски, кои беа објавени во новогодишниот број на весникот „Млад борец“, декември 1989 година“, вели Јаковлески.

Според него, авторот на речиси 400 страници се обидува вистината за партиј��та целосно да ја промени, и покрај тоа што има куп документи и многу живи учесници, активни пред одржувањето и на самото Основачко собрание. Тој смета дека на овој начин се прави обид со фалсификат да се преправи историјата.

„Во уводниот дел авторот нагласува дека целта на книгата е младите генерации да ја дознаат вистината за личноста и делата на Борис Змејковски, како и за другите тројца идејни творци на ДПМНЕ – Драган Богдановски, Костадин Диневски-Динката и д-р Бранислав Синадиновски. Ако навистина целта е вистината да допре до младата генерација, зошто не ја пишува вистината, туку се служи со тежок фалсификат, со фабрикување лаги, измислува личности, настани и што уште не“!

Раскажувајќи за неговото пријателство со Драган Богдановски, тој вели дека во 1990 година добил повик од него за да го запознае со идејата за формирање на ДПМНЕ. „Средбата со македонските патриоти кои ќе се вклучат во реализацијата на идејата за формирање партијата се одржа во Минхен на 31 мај 1990 година. Покрај мене, на состанокот присуствуваа Драган Богдановски, Љупчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски. Меѓу другото, дискутиравме и за името на партијата. Мојот став беше дека пред ДПМНЕ не треба да стои префиксот ВМРО, бидејќи овие четири златни букви не треба да се користат за политички цели и на првите парламентарни избори мое мислење беше дека и без префиксот ќе постигнеме голем успех. Драган ме праша дали се согласувам Љупчо Георгиевски да биде претседател на партијата. Му забележав дека е многу млад и имав резерва дека ќе може успешно да раководи со партијата. На ова ми одговори дека е млад, многу интелигентен, има харизма и е прав војвода!“, пишува Јаковлески.

Според него, на средбата во Минхен биле договорени сите детали за одржување на Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 17 јуни 1990 година, но во книгата сето тоа било прескокнато да се спомене.

„Змејковски и С��надиновски намерно ја избегнуваат вистината да им ја соопштат на читателите, не ги спомнуваат фактите за да можат да ја пласираат конструираната лага и невистина. Господинот Борче Змејковски несомнено има големи заслуги за формирањето на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во градовите и во селата во Македонија, меѓутоа неговото ниво на образование во тие години и како возач на Динката реално немал капацитет и време да биде идеолог на партијата“, тврди Јаковлески.

Препукувањето меѓу некогашните основачи на партијата трае веќе подолг период, а продолжува да се разгорува откако годинава беа објавени неколку книги во кои се зборува за битните моменти од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и за клучните случувања околу осамостојувањето на земјава.

Неодамна во јавноста излезе и книгата на Љупчо Георгиевски, еден од основачите и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој во неа објаснува важни моменти од осамостојувањето на државата, но и се присетува на моментите кога се родила идејата за политичко дејствување, идејата за формирање на ВМРО-ДПМНЕ и првото Основачко собрание во Скопје. Георгиевски во книгата наведува дека Змејковски и Богдановски, заедно со него, го понеле најголемиот товар за формирањето на партијата.


Змејковски: Шпиони на УДБА се претставуваат како основачи

Борис Змејковски вели за „Утрински весник“ дека е беспредметно да дава какви и да е коментари за „вакви натрапници“. „Ако е некој фалсификатор, тогаш токму тие се оние што ја фалсификуваат историјата. Би го запрашал само Јаковлески дали постојат некакви документи за неговата улога во партијата? Илузорно е да се занимавам со вакви обвинувања. Најголемите профитери, кодоши и шпиони на УДБА сега тврдат дека се основачи на партијата. Во сите документи јас фигурирам како генерален секретар на партијата од нејзиното основање. Колку и да се трудат, не можат да направат фалсификат на таа вистина“, одговара Змејковски на обвинувањата упатени од Гојко Јаковлески.






Статијата е прочитана 3429 пати.

Испрати коментар



Иванов македонски „булдожер“ во Брисел и во ОН
Груевски во еден ден во Монтреал и во Торонто
Разногласие во Министерството за одбрана за Слупчане
Бугарија во паника од македонските промоции
ОБСЕ бара министрите да седат мадро пред избори
Колку чини денарот
Интерпелација за претседателот на Регулаторна комисија
Полицајците ќе возат „сеат алтеа“, „Порше“ ќе се жали



Jon, 30.08.2012 03:33:37
Spored kolumnite na Dragan Bogdanovski objavuvani vo vesnikot Makedonija na Panko Stamkoski vo krajot na 80 tite,od minatiot vek Gospodinot Gojko Jakovleski e na pravata strana
amoralna krazba na imeto VBRO, 30.08.2012 08:01:56
Stavanje na prefiksot VMRO pred DPMNE -to e necesna rabota se so cel da kaj makedonskiot narod se sozdade zabuna. i da ovaa partija se identifikuva so istoriskata VMRO , sto e cista manipulacija i laga.Nikoja politicka partija ne smee da gi nosi tie sveti bukvi VMRO i istite da gi valka so korupcija, kradenje , tenderi i licno bogatenje i profitiranje na liderite. Da od nekade go gledaat ova Goce, Jane, Dame i dr. revolucioneri , ce se prevrtuvaat vo grob
Ристо, 30.08.2012 08:37:10
Борис Змејковски - современиот Дамјан Груев ХАХАХАХАХАХААХХХХАААААХХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХХА....Ќе ми пукне смејалникот!!!
percak, 30.08.2012 08:55:27
Go poznavam Gojko uste od 1969 god. i potpolno mu veruvam za ona sto go tvrdi .Zmejkovski ne si vo pravo.
muco, 30.08.2012 09:34:04
E toa e toa ,PORASTOSE PILCI ?.
kaznet, 30.08.2012 09:38:30
Еј државо, наша, ако те создал Змејкоски, па и тие што го втемелија името ВМРО па и овие штого украдоа тоа име Црно ти било запишано.Тие што ја донесоа дваесет илјади животи им ги корнат бистите, се срамат да положат цвеќе на нивните обележја. Но Змејко ти пожелувам што поскоро да бидеш избран за Академик, и иден водач на македонскио народ, барем знаеш како се собираат донации, ако се сеќаваш од Австралија што ги донесовме,.
ljupco gostivar, 30.08.2012 09:54:53
jas vo nitu eden moment od osnovanjeto ne sum ni cul deka nekoj osven dragan bogdanoski, gojko jakovleski vlado trantaloski bil ideolog na VMRO od 1990 taka da toa e laga, megju toa ne e fer i da se zaboravat zaslugite na zmejkoski. pozdrav
Гојко ја кажува вистината, 30.08.2012 10:04:49
Гојко е скромен човек кој никогаш не сака да се експонира, но секогаш е максимално објективен и чесен! Авторот на контраверзната книга, кој покојниот Гане Тодоровски во една прилика го нарече КЛЕЧО, е непоравлив и болно амбициозен кариерист. Во почетокот на 90-тите години од минатиот век се титулираше како „министер во сенка“, а потоа беше и кандидат за претседател на РМ, но сите негови обиди завршија катастрофално лошо. Долго време не се појавуваше во јавноста, така што со неговата најнова книга се обидува повторно да се појави на македонската политичка сцена. Но Гојко убаво му го одредува местото во историјата на ВМРО со изразот „некој си Б.С.“. Крајно време е авторот на оваа контраверзна книга дефинитивно да се повлече и да не се „брука“ со нови нонсенси!
makedonec, 30.08.2012 10:14:39
Што ли уште не нема да се случува во ова ‘‘наше‘‘ ДПМНЕ.Се ми е јасно.И зошто се овие бурни реакции од првотимците на ДПМНЕ.Па копиљаците им ги зазедоа местата и сега нема со што да се вгнездуваат туку со историја.А таа проклета историја како да сакала секој кој ке го носи името на постгоцевата ВМРО да биде таков каков што се ивие,Јасно мие и за Борис Змејковски еден од најуспешните генерални секкретари.дали е или не е идеолог нека си цени партијата,ама и постарите кадри во неа.Г-дин Сионадиновски се јавува како идеолог???!!! Ха ха хааааа.Па тој до 1993 година сеуште мољакаше да биде амбасадор ,па благодарение на Борче Змејковски го кандидираа за пратеник на ИЕ103 на вонредните избори пролетта 1994 година.Сеуште стои писмото во архивот каде љубезно го моли Јаков лазаревски за неговите амбасадорски способности и лојалноста кон системот и режимот.Какви глупостиод стран ан овој човек може да се очекува сеуште не е познато.Со право реагира Јаковлевски.Значи Лажни Патриоти
Blagoja, 30.08.2012 11:49:28
Koj i da bil tvorec, ili tatko na ova loso delo- vmro, odigral golema uloga za raznebituvanje na Makedonija.Istorisko i segasno vmro se smrt za Makedonija.
stari, 30.08.2012 12:13:00
G-ne Zmejkoski zaslugata za osnovanjeto na partijata e na site vo mk koi ja imaa ideologijata na vmro,ne e samo vasa i vodrugite gradovi na mk ima uste zivi svedoci na toa vreme koi ja znaat vistinata,no za zal tie se veke anonimusi za javnosta i nikoj ne se sekava za nivnite zaslugi,a za prv sekretar na partijata ne si bas ti tuku bese Zvonko Stankoski kolku so se sekavam,i se uste e ziv -pobaraj go sigurno go znaes.
Siniver, 30.08.2012 12:18:34
Е мајко наша македонска, ќе има ли крај на глупостите и лагите и до кога шофери, курири, буреконосачи,неписмени но набедени интелектуалци,замислени патриоти-интересчии и профитери ќе ни ја кажуваат вистината и ќе се самопромовират за водачи/лажни/ при живи сведоци. Крајно време е на бобот да му се каже боб, а на попот поп и де се престане со идиотизмите и замајување на напатениот народ. Тоа има кој да го стори но немаат храброст.
kole, 30.08.2012 13:50:00
Ako Zmejkovski e Dame jas sum Vinetu. hahahahahahahahahahahahaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaahhahahahahaha mozi da izvalkam od smeenje. E sega solzi mi tecat........................................... Zaebancijata nastrana spomenik koga ke mu pravite i kade ke go postavite.....k ik i ki k i k i ki
Владимир Андреевски, 30.08.2012 14:36:43
Почитувани уредници и почитувана македонска јавност. Не навлегувам во делот на основачите на ВМРО ДПМНЕ и нивните партиски препукувања по јавните гласила. Немам намера да шпекулирам ниту во врска со улогата на господата Богдановски, Змејковкси, Георгиевски и останатите во формирањето на партијата, која несомнено остави белег во современата македонска историја. Но би сакал само кусо да прокоментирам околу авторот на спомнатата книга ,,Бранислав Синадиновски,,. Не во делот на тоа дали бил основач на партијата или не, туку во делот каде во текстот е претставен како некогашен амбасадор на СФРЈ. Ова е ноторна лага и за истото можат да потврдат неговите современици кои беа дел од дипломатијата на СФРЈ како и Министерството за надворешни работи на РМ кое располага со вакви податоци, па ако сакате и некогашниот СИП од Белград. Лицето, Бранислав Синадиновски, никогаш не бил амбасадор во некогашна СФРЈ. Со почит.
Realen, 30.08.2012 16:59:43
Interesna i golema zabava(komedija) za narodot ke bide, koga ovaa vlast ke otpocne so podiganje na spomenici na osnovacite i najzasluznite clenovi na VMRO-DPMNE.
Straso Olumcev, 30.08.2012 17:12:03
Branko Sinadinovski nikogas ne bil ideolog na VMRO-DPMNE. Ne bese ni clen na VMRO-DPMNE 90-ta godina. Prv pat se pojavi kako clen na VMRO-DPMNE javno na Prviot Svetski Makedonski Kongres,odrzan vo univerzalnata sala 1991 godina,kade sto odrza eden neuspesen govor. Za zal pominaa godini i izgleda istiot saka da si pripise zaslugi.
Istocna Makedonija, 30.08.2012 17:29:11
G-da osnovaci i neimari,povedete vakva polemika koga partijava,koja imala i svetli,no i inakvi momen ti,bile,e i ke bide vo opozicija!!!Eden notoren fakt, nemojte da ja negirate ulogata na kontroverzniot Ljubco.Vo 90-te godini na minatiot vek ,po momce to so dolga kosa i brada,freneticno i vo trans odea siroki masi na luge,naprosto fascinirani i egzaltira- ni vo nekoj nov izblik na makedonsko patriotstvo, pa neka bide i nacionalen-sticki izblik.Bez tie proce si,VMRO-DPMNE,NIKOGAS nemase da ja osvie vlas ta.Nitu togas,nitu sega!!!NIKOGAS!!!
bitolaman, 30.08.2012 21:39:28
Ete konecno niz ovoj primer makedonskiod narod moze da vidi kako funkcionira VMRO-DPMNE. Si ja pishuva istorijata za sopstveni potrebi i interesi.Koj e na vlast vo DPMNE si gi zema za sebe site zaslugi a seto drugo go proglasuva za predavstvo. Istoto se slucuva i na drzavno nivo,pa zatoa sega od nikade izlegovme deka sme anticki makedonci a ne cheda na svtcite nashi,Kiril,Metodij,Kliment,Naum.Isega ke se chudime zosto ovoj napushten prostor od istorijata si go prisvojuvaat bugarite.Slucajno li e toa? So sigurnost mozam da tvrdam deka DPMNE ima istoriska zadaca da go raznebiti makedonskoto edinstvo,da ne podeli,dirigiran od stranski sluzbi,i na krajot go izgubime i sopstveniot identitet.Kako bese onaa prikazna za volkot vo jagneska koza....go zasluzuvame li toa?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 15°C

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Кинезите вложуваат во ореви
Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир...
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...
600 острови на пазарот низ светот
Дали приватните острови излегуваат од мода? Елита ги напушта своите луксузни острови, додека сопствениците наидуваат на ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |