Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
02.09.2012, 11:26

Македонија се наметнува на светската инвестициска карта

Oдличната бизнис клима, здравата макроекономска политика, ниските трошоци за правење бизнис се дел од причините да се инвестира во Македонија, оценува премиерот Груевски

ФОТО: Глас на Америка

Бизнис климата во Македонија е драстично подобрена, како за домашните, така и за странските инвеститори, оценува премиерот Никола Груевски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Аргументирајќи зошто треба да се инвестира во Македонија премиерот ги наведува одличната бизнис клима, здравата макроекономска политика, ниските трошоци за правење бизнис и можн��ста преку македонскиот да се излезе на пазарите од цела Европа и на други континенти.

- Има повеќе причини, јас ќе кажам неколку. Затоа што Македонија има одлична бизнис-клима, на 22-ро место во светот, а пред само шест години бевме на 96-тото место. Во последните 5-6 години сме меѓу првите 3-4 топ-реформатори во светот, прогласени од Светската банка. Значи, драстично подобрена бизнис-клима, како за домашните, така и за странските инвеститори. Второ, договори за слободна трговија со сите земји во светот и можност Македонија да се одбере како локација за бизнис за да се покрие цела Европа, но и можност да се покријат други континенти. Трето, здрава макроекономска политика. Четврто, најниски трошоци за правење бизнис, најниски даноци, конкурентни трошоци во другиот дел, ретка можност во Европа да најдете толку едуцирани луѓе за толку ниски трошоци, подготвени да се приклучат на некоја компанија, договори за слободна трговија со сите држави во Европа, ниска инфлација, една од најниските задолжености во Европа, наведува премиерот, кој го предводи македонскиот владин тим во тек на посетата на САД.

Осврнувајќи се на областите од македонската економија кои нудат простор за најголема заработувачка кај потенцијалните инвеститори Груевски посочува дека најчесто, Македонија ја бираат компании од сектори каде конкурентноста е огромна и каде што бараат колку што е можно пониски трошоци, и, истовремено, висококвалификувани луѓе.

- Тоа се најчесто од делот на автомобилската индустрија, во делот на електрониката, како што е „Кемет електроникс“ од САД, електронски делови од автомобилската индустрија, има од фармација, заинтересирани компании од ИТ-секторот. Гледате и во Македонија од каде доаѓаат инвеститорите. Доаѓаат за производство на автобуси, автоделови, производсвто од областа на хемиската индустрија, вели македонскиот премиер.

Прашан зошто во Македонија нема доволен број инвестиции, како кај соседите, иако според Дуинг бизнис е лидер не само во регионот, туку и во светски рамки, Груевски одговара дека тоа делумно се должи на глобалната рецесија, пред се на европската рецесија, а делумно затоа што Македонија во минатото ја немаше на инвестициските карти.

- Тоа што сега го правиме е во последните неколку години. Ниту Македонија ги имаше овие услови, ниту пак имаше презентација на вакви услови, затоа што не беа добри за да се прави презентација, укажува тој и додава дека 99 отсто од тоа што владиниот тим го кажува на економските презентации е направено во последните 4-5 години.

- Ниските даноци, договорите за слободна трговија, ниски трошоци во други делови за водење бизнис. Во последните 5-6 години се воведени низа нови мерки како регулаторна гилотина, намалените комуналии за градење индустриски објекти и хотели, „едно евро“ почетна цена за земјиште за индустриски објекти... Затоа сега почнавме посебна промоција, за информација да допре до многу компании, затоа што тие не знаат. Ние имаме глобално реклами на Си-Ен-Ен, на телевизии во Турција, Холандија и други земји, но тоа се само промотивни клипови од 30 секунди, во нив нешто може да се каже, нешто не може, а друго е кога директно ќе дојдете, ќе им го презентирате пред нив и ќе им дозволите да ви постават прашање. Тоа е друга димензија. Прво се создаваат услови за да има што да рекламирате, вели премиерот Груевски.

На прашањето како може дијаспората да и помогне на татковината тој посочува дека тоа може да се направи како со инвестиции на тие што имаат бизнис, но и со лобирање за добрите услови за правење бизнис.

Од дијаспората, укажува, можат да инвестираат луѓе кои веќе се етаблирани таму каде живеат, каде веќе знаат како се прави бизнис, кои се успешни во тој дел. - Вие не можете да очекувате дијаспората да инвестира ако нема добри услови. Ако веќе има добри услови, а тоа веќе сите го препознаваат, вклучително и Светската банка, Форбс и останати, тогаш тоа го препознава и дијаспората. Не можеме да очекуваме дијаспората да инвестира само заради патриотизам, затоа што ја сакаат Македонија. Тие треба да направат профит. Сега се создадени добри услови за правење профит, и оние кои се добро етаблирани лица во бизнисот, можат да го направат тоа. Не може да очекувате секој од дијаспората да инвестира, од некој кој никогаш не водел бизнис или пак тоа го правел на локално нив, вели премиерот и истакнува дека тие можат да ни помогнат на друг начин - со лобирање за Македонија, одржување контакти, а може да инвестираат само оние кои веќе направиле добар бизнис и знаат как�� да го прават тоа. Најчесто инвестираат луѓе кои пробале да прават бизнис во земјите каде живеат и биле успешни во тоа, вели Груевски во интервјуто.

Според него, финансиската и економска криза со презадолженоста во Грција значително влијае врз забавувањето на разговорите за името.

- Влијае. Значително. Грција тоа го користи како алиби пред другите меѓународни партнери и тоа е проблем. Едното е алиби, а второто е што реално е дефокусирана. И, трето, затоа што и други знаат дека е дефокусирана и има проблеми, тоа земјата дополнително го користи за одредено алиби, вели Груевски.

Прашан дали пролонгирањето на преговорите за името меѓу Македонија и Грција негативно се одразува врз привлекувањето странски инвестиции премиерот посочува дека ако тоа се стави во контекст на членството во ЕУ и НАТО, особено за ЕУ, може да се каже дека неповолно влијае.

Меѓутоа, нагласува, има пак многу компании кои велат дека токму тоа им се допаѓа што не сме членки на ЕУ и НАТО, затоа што знаат дека со влегувањето во ЕУ ќе се зголеми конкуренцијата, ќе има поголем интерес, и за нив нема да биде толку атрактивно да се инвестира со ниските трошоци. Но, генерално, за нас е добро што е можно побрзо да влеземе во ЕУ и НАТО, затоа што продобивките од тоа ќе бидат поголеми, нагласува премиерот, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.


Статијата е прочитана 869 пати.

Испрати коментар



За КАДИС денешната аукција за полициски возила е нелегитимна
„Порше“ победи, полицајците ќе возат „Шкода јети“
Ламбринидис против двојните стандарди на ЕУ
Прекршочни пријави доколку не се вратат таблите со старите имиња во Чаир
„Аман“ бара расправа за работата на Регулаторна
(ФОТО) Нереди во Белфаст, повредени 47 полицајци
Ерменија е подготвена на војна со Азербејџан
(ФОТО) Почна учебната година - првачиња помалку од лани
Ка-дис бара истрага за поништената електронска аукција
Продолжува електронската аукција за набавка на 150 возила за МВР
Суспендираната лекарка е казнета со 20 отсто од плата
Апелација ја потврди казната за „тигарот“ Спасов
Израелецот Сандел починал поради фрактура на черепот
Финска - иднина без Нокиа
И ДПА ги напушта средбите кај Вељаноски
ДУИ по секоја цена против законот за бранителите
Црвенковски - „Владата ја чека голема народна казна“
Владата ќе инвестира во модернизација на железницата
УНИЦЕФ - Во Сирија минатата недела убиени 1.600 луѓе
Кафеаните ќе работат еден час пократко
Иванов oчекува датум за преговори во декември
Убиени маж и жена печалбари во кичевското село Србица
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Жена сама се породила во центарот на Скопје
Вирусот Западен Нил стигна во Србија
За енергетиката треба да се најдат 1,2 милијарди евра
Дачиќ - Нема да се жртвуваме заради фусноти
Министерот Поповски се сретна со колегите од Косово и Црна Гора
Единаесет активни пожари во Македонија
Груевски ги повика иселениците да не се делат
Во Пномпен уапсен еден од основачите на „Пајрат беј“
Сончево со ветер од јужен правец
Македонски државјани уапсени во Чешка
Почнува учебната година за основците и средношколците
СДСМ со митинг во Кавадарци ќе го промовира кандидатот за градоначалник
Повисока парична помош в година
Проверка на научните трудови преку база за плагијати
Кралев - Преименување училишта без согласност на МОН е спротивно на законот
Бебе загина, а 40 лица се повредени во автобуска несреќа во Франција
Почна самитот на АПЕК во Владивосток
Mинистерот Попоски на Бледскиот стратешки форум
Двајца виничани затаиле 6,3 милиони денари данок
Брахими - Неопходна е итна промена на режимот во Сирија
МАПАС ќе биде регулаторно тело независно од Владата
Китев - Ќе го направам Кавадарци пристојно место за живеење
Потпишан Меморандум за отворено небо меѓу Македонија и Холандија
Кралев - Чаир незаконски ги преименува училиштата
Владата воспоставува Информатичко форензичка лабораторија
Ограбено казиното „Астра“ во Скопје
Десет активни пожари низ Македонија
Грчката полиција откри синџир за детска порнографија
Стартува новиот инструмент задолжница
Самоубиствени напади пред американска база во Авганистан
Владиниот тим претстави бизнис можности во Мајами
Груевски на изборната конвенција на Републиканците
Жирафата нов жител на Зоолошката во Скопје
ССМ бара евтината струја од 19 часот
Растат и невработеноста и инфлацијата во еврозоната
Апелацискиот суд донел одлука за „тигарот“ Спасов
Суспедираната докторка нема да се казни
(ФОТО) Tабли со нови ��миња на чаирските основни училишта
Младите не сакаат да почнуваат бизнис, повеќе се за готови работни места



pile, 02.09.2012 13:11:55
...Грција тоа го користи како алиби пред другите меѓународни партнери и тоа е проблем. Едното е алиби, а второто е што реално е дефокусирана.(N.G.)Za resenie na dolgogodisniot nametnat spor, vo drugi vreminja od pogresni politicari za tugji interesi, pomegju dvete sosedni zemji, kako sto istaknuvaat podolg vremenski period oficijalni politicari od R.Grcija so izjavite od tipot, parafraziram,se bara podobra politicka klima za resenie na sporot ili R.Grcija ocekuva soodveten i odgovoren sogovornik,na sekogo mu e jasno kako i na megjunarodnata zaednica deka veke ne e problem nadminuvanje na sporot i deblokada na evrointegrativnite procesi na R.Makedonija, tuku deka e problem Nikola Gruevski i negovata populisticka politika so provokacii kon sosedna Grcija a nameneta za dnevno politicki poeni. Nametnatiot spor e problem cie resenie od Vasington i Brisel se tretira kako sustestven za regionalna stabilnost i bezbednos.Gruevski ednas kumuvase na imeto, nema pravo da kumuva po vtor pat.OS
Bukefal, 02.09.2012 14:18:30
Се прашувам како се наметнуваме на инвесициската карта кога за оиве 5-6 години нема ниту една инвестиција, ниту една нова фабрика не се изгради! Во зоната Бунарџик освен Џонсон Мети и Контролс нема ниту една друга што работи, а Џонсон Мети и Контрокс работат од пред повеќе од 8 години! Кога и ова ќе се земе предвид ќе се види дека се нема отворено ниту една нова фабрика додека Грујо ја предводи Македонија и се шета низ бел свет и троши пари, а ефектите се КАТАСТРОФАЛНИ НУЛА на секој план!
Branko, 02.09.2012 16:56:59
Aj neka kaze Gwujo i da se pofali zosto dosega nitu eden nas patriot i biznismen od dijasporata nema investirano vo Makedonija?????
kris, 02.09.2012 17:37:50
22 место за инвестиции, а официјално 72 милиони долари во последното тромесечие??????? Алал да ви е успехот???????Господ на помош.............
Трпе, 02.09.2012 23:58:35
Многу арно не ќе е за арно.На времето во социјализамот Анте Марковиќ не научи да јадеме банани и ни ја растури федерацијата.Сега овој пропаганден премиер многу инвеститори ке ни донесе што ке се спобудалиме во која фирма да се вработиме.И не дај боже од лакомост и ова мало државиче ке си го уништиме.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |