31.08.2012, 16:14 ССМ бара евтината струја од 19 часот
Сојузот на синдикати бара да се врати евтината тарифа на струјата и место од 22 часот, да почнува од 19 часот. Наедно, ССМ бара преиспитување на одлуките на Регулаторната комисија за енергетика за поскапувањето на енергенсите и на работата на претседателот на РКЕ.
„Бараме корекција во одлуките на Регулаторна околу времето за користење на евтината тарифа, со тоа што бараме да почнува најмалку од 19 часот. Бараме преиспитување и на работата на претседателот на Регулаторната комисија поради нетранспарентно работење и непочитување на договорот со социјалните партнери да бидат повикувани при донесувањето на одлуките за поскапување на енергенсите и на електричната енергија“, рече на вчерашната прес-конференција претседателот на ССМ, Живко Митревски.
Тој изрази задоволство и од одлуката да биде намалена цената на огревното дрво. (Ек.Р.)
|