02.09.2012, 15:08 Повисока парична помош в година
Следната година се очекува да се зголеми социјалната парична помош. Ова го најави министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој рече дека Владата го има утврденото тоа во Програмата за нејзината работа.
„Како Влада имаме утврдено дека во текот на наредната година се очекува да се реализира покачувањето на социјалната парична помош и како еден вид дополнителна поддршка до граѓаните во услови на глобална криза која нормално има влијание и во Македонија“, рече Ристовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
Министерот Ристовски нагласи дека Владата ја следи состојбата со порастот на цените на определени продукти и деривати и посочи на минатонеделните мерки за поддршка на граѓаните во пресрет на грејната сезона. |