01.09.2012, 15:43 Потпишан Меморандум за отворено небо меѓу Македонија и Холандија
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Дејан Мојсоски и в.д генералениот директор на воздухопловната власт на Кралството Холандија, Елен Биен, на состанок на генералните директори на воздухопловните власти на ЕКАК во Тбилиси потпишаа Меморандум за администаративна примена на мултилатералната Спогодба за основање европска заедничка воздухопловна област.
- Со овој Меморандум се воспоставува правна рамка за отворено небо помеѓу Република Македонија и Кралството Холандија врз основа на либерален концепт и слободна конкуренција. Воедно, Меморандумот има за цел да го промовира меѓународниот воздушен сообраќај на двете земји, да привлече нови авиокомпании, да и овозможи на патувачката јавност поголеми можности како и избор на услуги, дестинации и намалени цени, соопшти денеска АЦВ.
Меморандумот е во согласност со насоките и препораките на Европската комисија за либерализација на воздушниот сообраќај и негов развој на конкурентска основа без никакви ограничувања за сообраќајните слободи, пристапот на пазорот, тарифите, фрекфенциите и капацитетот.
- Таков меморандум Македонија потпиша со воздухопловните власти на Белгија и Луксембург, со цел отворање на воздухопловниот пазар помеѓу нашата земја и земјите членки од Бенелукс во насока на понатамошен развој на туризмот, интерконтинентална поврзаност и можност за подобрување на економските односи во целина, се вели во соопштението
|