31.08.2012, 15:39 (ФОТО) Tабли со нови имиња на чаирските основни училишта
ФОТО: Киро Попов
Чаирските основни училишта „Рајко Жинзифов“, „Цветан Димов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“ од утрово имаат табли со имињата на „Исмаил Ќемали“, „Хасан Приштина“ „Јашар-бег“ и „Имри Елези“. Министерството за образование и наука нема издадено одобрение за преименување на училиштата.
- Без одобрение на МОН не смее да има каква било промена на имињата на училиштата, изјави министерот за образование и наука Панче Кралев.
Тој најави дека во ваков случај ќе се постапува согласно законите.
Државниот просветен инспекторат, се очекува, на терен да испрати инспект��ри.
|