01.09.2012, 15:34 Кралев: Чаир незаконски ги преименува училиштата
Во врска со поставувањето на таблите на неколку училишта во општина Чаир министерот за Образование и наука Панче Кралев, при посетата на Музичкото училиште “Тодор Скаловски-Тетоец“ ги повтори ставовите од вчерашното соопштение.
- Општина Чаир нема добиено согласнот за преименување на училиштата бидејќи за тоа треба согласност за промена на нивниот статут од страна на Министерството за обазование. Целата постапка е спротивна на законот и одразува недостаток на одговорност на општина Чаир во однос на нивните надлежности во сферата на образованието. Инспекторите се на терен и тие по увидот на состојбата ќе донесат соодветно решение за директорите на училиштата, казни за одговорните и препораки за остранување на таблите. За добивање согласнот за промена на статутот има правен дел и оценка на целисходноста на постапката и за тоа е потребен определе временски период бидејќи во Министертвото има над 200 барања за промена на статутот на училишта низ државата поради што е потребно неколку месеци да се дадат забелешки. одобрение или да се одбие промената на статутот, рече Кралев.
|