02.09.2012, 13:11 Почна самитот на АПЕК во Владивосток
Во Владивосток започна заклучната средба на постојаните претставници на земјите членки на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), со што е официјално отворен самитот на организацијата.
Следните три дена учесниците на самитот ќе разговараат за актуелните проблеми во регионот, вклучително либерализација на трговијата и инвестициите, регионалната економска интеграција, создавањето на безбедни транспортно-логистички мрежи и друго.
Предвидено е усогласување на завршните препораки, кои ќе бидат претставени на лидерите на АПЕК на нивната средба на 8 и 9 септември.
- Денеска настапува кулминација на овогодинешното претседателство на Русија со АПЕК, изјави на отворањето рускиот заменик министер за надворешни работи Игор Моргулов.
На самитот на организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка се очекува лидерите на билатерални средби да разговараат за меѓународни теми како Сирија, Иран и Северна Кореја. Во Владивосток САД ќе бидат претставени од државниот секретар Хилари Клинтон. |