31.08.2012, 15:42 Суспедираната докторка нема да се казни
Судот на честа при Лекарската комора кој денеска заседаваше, оцени дека нема основ ни за времено, ни за трајно одземање на лиценцата за работа на осомничената лекарка
На дежурната лекарка која Здравственот дом Скопје ја суспендира од работа бидејќи не му пружила помош на пациент кој почина пред поликлиниката „Ѓорче Петров“ во Скопје, нема да и биде одземена лиценцата за лекар, ниту пак ќе биде избркана од работа. Судот на честа при Лекарската комора кој денеска заседаваше, оцени дека нема основ ни за времено, ни за трајно одземање на лиценцата за работа на осомничената лекарка. Колегите од здравствената ус��анова каде работи суспендираната лекарка, пак, како и матични лекари од цела земја, бараат да се укине сиспензијата и докторката да се врати на работа. Од Министерството за здравство молчат за случајот со суспендираната лекарка. Краткото објансување е дека наодите од нивните две комисии се дадени до комисијата на Здравствен дом Скопје. Какви се наодите, од Министерството за здравство не откриваат. Во понеделник, комисијата на Здравствен дом „Скопје“ треба да одлучи дали ќе ја казни лекарката или ќе ја врати на работа.
„Откако ги разгледавме извештаите од комисиите и од Здравствен дом Скопје и од Министерството за здравство, како и изјавата на лекарката и сведоците кои биле во амбулантата додека се случувал немилиот настан, Судот оцени дека не се прекршени одредбите од Кодексот на медицинската деонтологија“, изјави вчера потпретседателот на Лекарска комора д-р Ленче Неловска. Дали постапката на докорката е согласно лекарската етика, со тоа што не излегла да му пружи помош на пацинетот, бидејќи во ординацијата прегледувала друг пациент, д-р Неловска вели дека Законот за работни односи и за здравствена заштита се во колизија.„ Законот за работни односи дозволува,а законот за здраствена заштита налага да се пружа здравствена помош“, објансува д-р Неловска, која уште еднаш потенцира дека во конкретниот случајот нема повреда на професионалниот и стручното однесување на лекарката. (Ј.Ј.)
|
|
Статијата е прочитана 1471 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Askolsun a LK, 31.08.2012 18:55:56 | Sosema se vo pravo onioe od Lekarskata Komora, sto ne ja kaznile lekarjkata. Pa mozebi istata ne e obucena da pruza lekasrka pomos na zagrozeno lice, pa uste i na ulica. taa si bila obucena da prepisuva recepti i popolnuva medicinska dokumentacija vo ordinacijata ( kako i poveceto maticni lekari) a ne da trca duri 30 metri i da pruza intna medicinska pomos na zivotno zagrozeno lice Askolsun za Lekarska komora i za ona objasnuvanje na potpresedatelkata dr. Lence. Abe ni Hipokrat ne mozese podobro da ni objasni. Demek Zakonot za zdravstvena zastita bi vo kolizija so Zakonot za rabotni odnosi, koj ete zabranuval da lekarite go napustaat rabotnoto mesto i pruzaat itna med. pomos na zivotno zagrozenite lica. Zatoa odsega pa natamu site zivotno zagrozeni lica se zamoluvaat da ne padjaat na ulica , ami da padjaat iskljucivo samo vo cekalnite na ordinaciite. |
| Asan od Krivolaka, 31.08.2012 21:11:18 | Ne se reaboti za kolizija na navedenite zakoni. Tie se jasni kako den. Megjutoa, kolizija ima, no vo glavite na sudiite od Sudot na (ne)cesta pri Lekarskata komora na Makedonija. Tie izglasale osloboditelna presuda za edna krajno neodgovorna postapka na lekarka koja dozvolila da se sluci tragedija na cekor od zdravstvenata ustanova, vo koja nesreknata zrtva barala spas. Covekot umrel samo zatoa sto edna lekarka ne sakala da napravi desettina cekori i da mu ja dade neophodnata pomos. Se sramam od ovoj cin i pokraj toa sto slusnavme duzina izjavi deka vo istite migivi vo ordinacijata bile pacienti koi za malku sto ne ispustile dusa od strasni bolki. Ne e tolku tragicno sto poedinci ja koristat situacijata za da i se dodvorat na lekarkata. Gi razbiram takvite, no ne gi razbiram lekarite od navodniot Sud na cesta. So osloboditelnata presuda za svojata koleska, tie ni ispratija poraka: kaj nas site sudovi se isti! Poradi toa treba da bideme tazni. |
| mene od daleku, 01.09.2012 00:00:48 | Univerzalniot kodeks na odnesuvanje kako i lekarskata etika nalagaat da se pruzi pomos na lice cij zivot e zagrozen. Vo ovoj slucaj zagrozen bil zivotot na covekot koj se naodjal pred ambulantata, a za sto lekarkata bila izvestena. So toa sto taa ne nasla za shodno da izleze od ambulatata i da vidi za sto se raboti, pokraj site ostanati, go prekrsila osnovnoto humano odnesuvanje sto e preduslov za obavuvanje na lekarskata profesija. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
|
|
|
|
|
Финска - иднина без Нокиа Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ... | |
|