01.09.2012, 11:06 Самоубиствени напади пред американска база во Авганистан
Десет цивили и двајца полицајци денеска загинаа во две самоубиствени експлозии во централен Авганистан
Целта на нападите била воена база раководена од страна на американската војска, информираше полицијата.
„Бројот на повредените е толку голем што е тешко да се утврди. Многу луѓе се повредени и голем дел од пазарот Саједабад е уништен“, рече полицискиот портпарол Абдул Вали.
Првата бомба била активирана од милитант кој се движел пешки, по што следувала огромна експлозија од камион-бомба. Така голем дел од локалниот пазар бил уништен. Пазарот се наоѓа во близи��а на воената база во областа Сајебадад во провинцијата Вардак.
И француските медиуми јавија дека нападите биле насочени кон американската военабаза. Според извештајот на Си-Ен-Ен, вториот напаѓач со камион удрил во оградата од базата, по што одекнала втората експолозија. Во нападите загинале и напаѓачите, соопшти претставник на локалните власти.
|