Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.09.2012, 11:09
Стартува новиот инструмент задолжница



Од денеска стартува задолжницата како нов инструмент што го воведува државата, а со којшто приватните компании ќе може да ги наплаќаат побарувањата во должничко-доверителските односи.

Се очекува да има позитивни ефекти врз финансиската дисциплина на фирмите. Се воведува на барање на стопанствениците за нов, ефикасен инструмент за наплата на побарувањата кој ќе придонесе за намалување на пристигнатите неплатени обврски, подобрување на ликвидноста на стопанството и засилување на економската активност во државата.

Задолжницата претставува исправа со која должникот - трговско друштво регистрирано согласно Законот за трговски друштва, дава согласност плаќањето на неговите обврски кон одреден доверител да се изврши по присилен пат од сите негови сметки кај сите носители на платен промет. Доколку не се наплати од паричните средства, задолжницата како извршна исправа, може да се наплати и од друг имот. Задолжницата нема да се користи како инструмент за наплата на приватниот сектор со државата.

Процесот на издавање задолжница е целосно автоматизиран и се одвива преку системот на Централниот регистар. Задолжницата ја составува нотар преку Регистарот на задолжници што го води Централниот регистар. Регистарот проверува дали постојат законски пречки за издавање на задолжницата, односно дали износот на задолжницата е во рамки на лимитот од 30 отсто од остварениот вкупен приход на должникот во минатата година, дали сметката на должникот е блокирана или пак е поведена стечајна или ликвидациска постапка над должникот, дали му се изречени санкции за забрана за вршење на дејност. Доколку не постојат законски пречки, на нотарот му се дозволува пристап до Регистарот на задолжници. Нотарот електронски ја пополнува задолжницата и ја печати. Должникот и доверителот ја потпишуваат печатената задолжница, а нотарот ја заверува и му ја предава на доверителот. Истовремено, нотарот става електронски печат на електронската задолжница и ја евидентира во Регистарот на задолжници. Издавањето на задолжницата е доброволна, а фирмата нема да може да го надмине лимитот од 30 проценти бидејќи нотарот ќе има увид во регистарот во реално време. Лимитот е еден од елементите за сигурноста на доверителите.

Инструментот е воведен со цел да се избегне презадолжување на фирмите, со што всушност се штитат доверителите од лоши должници. Друг елемент на сигурност е заверката од нотарот кој го проверува идентитетот на потписниците и овластувањето на органот надлежен за донесување одлуки за задолжувањето со што се избегнуваат судски постапки за докажување на овластувањата. Задолжницата се издава во еден примерок кој му се предава на доверителот. Тој ја поднесува во банката на должникот во одредениот рок на задолжницата и банката е должна да изврши пренос на средства од сметката на должникот на сметката на доверителот во висина на износот на побарувањето. Доколку нема доволно средства на сметката на должникот, банката ја блокира сметката, а наплатата може да се изврши од сите сметки, денарски и девизни, што должникот ги има во другите банки. Ако и на другите сметки на должникот нема доволно средства, задолжницата може да се изврши и од движен и недвижен имот на должникот.

Издавањето задолжница без покритие е квалификувано како кривично дело, за кое е предвидена казна затвор до три години.



Статијата е прочитана 755 пати.

Испрати коментар



За КАДИС денешната аукција за полициски возила е нелегитимна
„Порше“ победи, полицајците ќе возат „Шкода јети“
Ламбринидис против двојните стандарди на ЕУ
Прекршочни пријави доколку не се вратат таблите со старите имиња во Чаир
„Аман“ бара расправа за работата на Регулаторна
(ФОТО) Нереди во Белфаст, повредени 47 полицајци
Ерменија е подготвена на војна со Азербејџан
(ФОТО) Почна учебната година - првачиња помалку од лани
Ка-дис бара истрага за поништената електронска аукција
Продолжува електронската аукција за набавка на 150 возила за МВР
Суспендираната лекарка е казнета со 20 отсто од плата
Апелација ја потврди казната за „тигарот“ Спасов
Израелецот Сандел починал поради фрактура на черепот
Финска - иднина без Нокиа
И ДПА ги напушта средбите кај Вељаноски
ДУИ по секоја цена против законот за бранителите
Црвенковски - „Владата ја чека голема народна казна“
Владата ќе инвестира во модернизација на железницата
УНИЦЕФ - Во Сирија минатата недела убиени 1.600 луѓе
Кафеаните ќе работат еден час пократко
Иванов oчекува датум за преговори во декември
Убиени маж и жена печалбари во кичевското село Србица
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Жена сама се породила во центарот на Скопје
Вирусот Западен Нил стигна во Србија
За енергетиката треба да се најдат 1,2 милијарди евра
Дачиќ - Нема да се жртвуваме заради фусноти
Министерот Поповски се сретна со колегите од Косово и Црна Гора
Единаесет активни пожари во Македонија
Груевски ги повика иселениците да не се делат
Во Пномпен уапсен еден од основачите на „Пајрат беј“
Сончево со ветер од јужен правец
Македонски државјани уапсени во Чешка
Почнува учебната година за основците и средношколците
СДСМ со митинг во Кавадарци ќе го промовира кандидатот за градоначалник
Повисока парична помош в година
Проверка на научните трудови преку база за плагијати
Кралев - Преименување училишта без согласност на МОН е спротивно на законот
Бебе загина, а 40 лица се повредени во автобуска несреќа во Франција
Почна самитот на АПЕК во Владивосток
Mинистерот Попоски на Бледскиот стратешки форум
Двајца виничани затаиле 6,3 милиони денари данок
Брахими - Неопходна е итна промена на режимот во Сирија
Македонија се наметнува на светската инвестициска карта
МАПАС ќе биде регулаторно тело независно од Владата
Китев - Ќе го направам Кавадарци пристојно место за живеење
Потпишан Меморандум за отворено небо меѓу Македонија и Холандија
Кралев - Чаир незаконски ги преименува училиштата
Владата воспоставува Информатичко форензичка лабораторија
Ограбено казиното „Астра“ во Скопје
Десет активни пожари низ Македонија
Грчката полиција откри синџир за детска порнографија
Самоубиствени напади пред американска база во Авганистан
Владиниот тим претстави бизнис можности во Мајами
Груевски на изборната конвенција на Републиканците
Жирафата нов жител на Зоолошката во Скопје
ССМ бара евтината струја од 19 часот
Растат и невработеноста и инфлацијата во еврозоната
Апелацискиот суд донел одлука за „тигарот“ Спасов
Суспедираната докторка нема да се казни
(ФОТО) Tабли со нови имиња на чаирските основни училишта
Младите не сакаат да почнуваат бизнис, повеќе се за готови работни места

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |