02.09.2012, 13:22 Бебе загина, а 40 лица се повредени во автобуска несреќа во Франција
Во автобуската несереќа што се случи изутринава на автопатот А8 на правецот кон Ница во југоисточна Франција, едно бебе почина и четириесет други лица се повредени, од кои четорица се во многу тешка здравствена состојба.
Според информациите кои доаѓаат од местото на несреќата, каде интевенираат над сто пожарникари и спасувачи, подпомогнати со осум хеликоптери за евакуација на повредените, најголемиот број од повредените се возрасни.
Автобусот се движел на автопатот А8 во правец кон Ница, во близината на о��моралиштето на автопатот Видобан во близината на Вар и пренесувал патници кои тргнале синоќа од Мадрид кон Романија. Сите патници се со романско државјанство.
Според првичните информации објавени во француските медиуми, причината за несреќата е најверојатно пукната гума на автобусот околу 9 часот и 30 минути, по што тој преминал на другата страна од автопатот.
Францускиот министер за транспорт Фредерик Кувије се очекува да го посети местото на несреќата.
|