01.09.2012, 11:20 Грчката полиција откри синџир за детска порнографија
Грчката полиција растури голем синџир за ширење на детска порнографија и притоа во операцијата уапси 13 лица, соопшти Танјуг, повикувајќи се на грчките медиуми.
Операцијата на полицијата беше спроведена под кодното име „Тројански коњ“ и траеше шест дена, пренесе грчката агенција АНА-МПА.
Уапсените се на возраст меѓу 21 и 56 години.
Најмногу од уапсените се во Атина, а по едно лице е уапсено и во Солун, Ксанти, Јанина, Родос и Крит.
|