02.09.2012, 12:58 Mинистерот Попоски на Бледскиот стратешки форум
Шефот на македонската дипломатија денеска и утре ќе учествува на 7. Бледски стратешки форум, што се одржува во Блед, Република Словенија
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на 7. Бледски стратешки форум, што се одржува во Блед, Република Словенија.
На форумот, министерот Попоски ќе има обраќање на тема „ЕУ-предизвици во Југоисточна Европа, евро-кризата и привлечната моќ на ЕУ“, соопшти Министерството за надворешни работи.
На маргините на Бледскиот стратешки форум, предвидено е министерот Попоски да оствари и повеќе билатерални с��едби, меѓу кои со неговите колеги од Црна Гора, Словенија, Словачка, Косово, Небојша Калуѓеровиќ, Карл Ерјавец, Мирослав Лајчак, Енвер Хоџај, со словенскиот европратеник Милан Звер, како и со претставници од повеќе меѓународни институции. |