Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.09.2012, 22:51
МАПАС ќе биде регулаторно тело независно од Владата 


 
По 10 години постоење, Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ќе стане регулаторно тело независно од Владата и во надлежност на Собранието на РМ.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на прес-конференција рече дека потребата за оперативно осамостојување се наметнала поради успехот и резултатите на Агенцијата во изминатата деценија и дека во своето функционирање таа треба да биде независна од политичко влијание и од комерцијално мешање.

Новиот статус на МАПАС е регулиран со законски измени кои стапија во сила на 8 август откако беа усвоени во Пар��аментот. Супервизорското тело ќе го управува совет од пет непартиски членови - тројца професионално ангажирани во работата и двајца независни експерти, кој треба да биде формиран во рок од 90 дена.

- Резултатите од досегашниот период на функционирање на вториот пензиски столб покажуваат успех и раст на фондовите, и во смисла на број на членови и во смисла на средства со кои управуваат. Задолжителните фондови имаат повеќе од 312.000 членови и средства од околу 19 милијарди денари или околу 310 милиони евра, што претставува околу 3,5 проценти од БДП. Сето ова укажува дека реформите во пензискиот систем не само што продолжуваат, туку се воведуваат и измени за унапредување на системот, рече министерот Ристовски. Нагласи дека осигурениците и натаму ќе имаат гаранции за сигурноста на нивните средства во приватните пензиски фондови.

- Тоа и досега постоеше на доста високо ниво, затоа што државата гарантира за над 80 проценти од средствата кои се дел од приватните пензиски фондови. Гаранциите на државата продолжуваат со ист интензитет и на исто ниво, но со новиот начин на организација на Агенцијата се обезбедува комплетна независност од влијание на извршната власт, рече Ристовски.

Директорот на МАПАС Булент Дервиши информираше дека најзначајна активност во Агенцијата е ИПА-проектот кој со странски консултанти се спроведува од февруари 2011 и ќе трае до крајот на оваа година. Главна цел на проектот е да се зајакне институционалниот и супервизискиот капацитет на Агенцијата заради зголемена транспарентност и стабилност на пензискиот систем - воспоставување стратешко и деловно планирање, развој на ИТ и истражувачките капацитети, технички подобро обучен кадар, воведување на сипервизија базирана на контрола на ризик...

- Сето ова ќе ни помогне на ја оствариме нашата мисија за обезбедување посигурни пензионерски денови за членовите на нашите пензиски фондови, рече Дервиши.

МАПАС е формирана во 2002 година, а во 2006 во Македонија е воведено капиталното финансирано пензиско осигурување (втор и трет столб), преку кое се акумулираат и вложуваат средства на лична сметка на членовите во пензиските фондови.








Статијата е прочитана 534 пати.

Испрати коментар



За КАДИС денешната аукција за полициски возила е нелегитимна
„Порше“ победи, полицајците ќе возат „Шкода јети“
Ламбринидис против двојните стандарди на ЕУ
Прекршочни пријави доколку не се вратат таблите со старите имиња во Чаир
„Аман“ бара расправа за работата на Регулаторна
(ФОТО) Нереди во Белфаст, повредени 47 полицајци
Ерменија е подготвена на војна со Азербејџан
(ФОТО) Почна учебната година - првачиња помалку од лани
Ка-дис бара истрага за поништената електронска аукција
Продолжува електронската аукција за набавка на 150 возила за МВР
Суспендираната лекарка е казнета со 20 отсто од плата
Апелација ја потврди казната за „тигарот“ Спасов
Израелецот Сандел починал поради фрактура на черепот
Финска - иднина без Нокиа
И ДПА ги напушта средбите кај Вељаноски
ДУИ по секоја цена против законот за бранителите
Црвенковски - „Владата ја чека голема народна казна“
Владата ќе инвестира во модернизација на железницата
УНИЦЕФ - Во Сирија минатата недела убиени 1.600 луѓе
Кафеаните ќе работат еден час пократко
Иванов oчекува датум за преговори во декември
Убиени маж и жена печалбари во кичевското село Србица
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Жена сама се породила во центарот на Скопје
Вирусот Западен Нил стигна во Србија
За енергетиката треба да се најдат 1,2 милијарди евра
Дачиќ - Нема да се жртвуваме заради фусноти
Министерот Поповски се сретна со колегите од Косово и Црна Гора
Единаесет активни пожари во Македонија
Груевски ги повика иселениците да не се делат
Во Пномпен уапсен еден од основачите на „Пајрат беј“
Сончево со ветер од јужен правец
Македонски државјани уапсени во Чешка
Почнува учебната година за основците и средношколците
СДСМ со митинг во Кавадарци ќе го промовира кандидатот за градоначалник
Повисока парична помош в година
Проверка на научните трудови преку база за плагијати
Кралев - Преименување училишта без согласност на МОН е спротивно на законот
Бебе загина, а 40 лица се повредени во автобуска несреќа во Франција
Почна самитот на АПЕК во Владивосток
Mинистерот Попоски на Бледскиот стратешки форум
Двајца виничани затаиле 6,3 милиони денари данок
Брахими - Неопходна е итна промена на режимот во Сирија
Македонија се наметнува на светската инвестициска карта
Китев - Ќе го направам Кавадарци пристојно место за живеење
Потпишан Меморандум за отворено небо меѓу Македонија и Холандија
Кралев - Чаир незаконски ги преименува училиштата
Владата воспоставува Информатичко форензичка лабораторија
Ограбено казиното „Астра“ во Скопје
Десет активни пожари низ Македонија
Грчката полиција откри синџир за детска порнографија
Стартува новиот инструмент задолжница
Самоубиствени напади пред американска база во А��ганистан
Владиниот тим претстави бизнис можности во Мајами
Груевски на изборната конвенција на Републиканците
Жирафата нов жител на Зоолошката во Скопје
ССМ бара евтината струја од 19 часот
Растат и невработеноста и инфлацијата во еврозоната
Апелацискиот суд донел одлука за „тигарот“ Спасов
Суспедираната докторка нема да се казни
(ФОТО) Tабли со нови имиња на чаирските основни училишта
Младите не сакаат да почнуваат бизнис, повеќе се за готови работни места

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Сакате да изградите вселенски лифт на Земјата? Почнете од Месечината!
Сонот за лифт што ќе не однесе во вселената трае повеќе од 50 години, Мајкл Лејн помина 11 години работejќи на остварува...
(ФОТО) Шеснаесет китови угинаа насукани на плажа во Шкотска
Силната плима „истурка" група од 26 китови во песокливиот брег на Северно Море, од кои 16 угинаа насукани на плажа....
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |