01.09.2012, 13:48 Ограбено казиното „Астра“ во Скопје
Изутринава во 1.40 часот, ограбено е скопското казино „Астра“, на улица Финска, во населбата Ченто и одземени се 500.000 денари.
Грабежот го извршило маскирано лице кое прво испукало куршум од пиштол во воздух пред казиното, а потоа влегло внатре и со закана од вработениот ги одзело парите. Потоа заедно со уште едно лице кое го чекало со моторцикл, избегале.
СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
|