Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
22.08.2012, 16:34
Почина Томислав Стојановски - Далавера



Поранешниот претседател на парламентот беше горд што и' припаѓа на политичката десница и на опција која носи предназнак ВМРО

„Моите политички или идеолошки неистомисленици не ги доживувам како непријатели, туку исклучиво како политички противници. Со многумина од нив сум близок пријател, но кога треба да се брани одредена политика, тогаш јас ќе застанам зад онаа политика за која се залага мојата политичка опција.“ Вака Томислав Стојановски, поранешниот потпретседател на парламентот, кого се препознаваше по прекарот Далавера, го објаснуваше своето политичко делување, кое датира уште пред осамостојувањет�� на Македонија.

Стојановски почина денеска, по кратко боледување, на 79 години.

Тој беше горд што и' припаѓа на политичката десница и на опција која носи предназнак ВМРО. Не ретко ќе кажеше дека ВМРО е во него и во неговото семејство многу одамна. Тој знаеше да каже дека не е од оние кои ја основале ВМРО-ДПМНЕ, но дека е еден од оние кои први ќе и' се приклучат на оваа политичка партија, од која, сепак, се раздели по смената на Љубчо Георгиевски. Тој е еден од оние кои безреревно го следеа Георгиевски кога замина во ВМРО-Народна партија. Но, и покрај тоа, Стојановски велеше дека нему и натаму му е битно работите и во ВМРО - ДПМНЕ да се одвиваат онака како што првично биле замислени.

„После се' што се случи, ретко некој ќе си спомене за што се' сум се залагал. Се заборава моето залагање за интонирање на македонската химна, за македонското знаме и грб. Сега, најчесто ме доживуваат како татко на Драган Даравелски. Јас не разбирам што сакаат од мене? Да се откажам од единствениот син? Тоа е лудост! Кој би се откажал од своето дете? Сепак, она што ми претставува некаква утеха е тоа што луѓето почнаа да го разбираат и тој немил случај со Драган . Луѓето самите почнаа да ми приоѓаат. Ми даваат поддршка да истрајам во мојата лична борба“, велеше Стојановски, кој беше и адвокат во случајот кога му се судеше на неговиот син.

Покрај политиката, правото и адвокатурата му беа најголема љубов. Тој имаше неверојатна упорност. Знаеше да прецизира законски одредби и без да го има законот пред себе, а кога некој ќе го прашаше како тоа му успева ќе каже дека тоа е резултат на 50 - годишното работење како адвокат.

Томислав Стојановски е роден на 15 мај 1933 година во Куманово. Дипломирал на Правниот факултет завршил во Скопје, а од 1956 година работи како судија во Општинскиот суд во Куманово, а едно време ја извршувал и функцијата претседател на судот во Кратово. Во 1962 година отвора своја адвокатска канцеларија, која опстојува половина век. Пред распадот на СФРЈ, Стојановски бил делегат во тогшаниот Собор на републиките и покраините, а во периодот 1990 - 1994 беше пратеник во Собранието. Во вториот пратенички мандат, во периодот 1998 -2002, Стојановски беше потпретседател на Собранието, а малку беше избран за член на Републичкиот судски совет. (Љ.С.)

Статијата е прочитана 7827 пати.

Испрати коментар



Работник паднал од скеле при изградба на катна гаража
Каспаров ослободен по демонстрациите за Пуси Рајот
Мит Ромни е подготвен да војува заради нуклеарно оружје
Пронајден трупот на исчезнатата жена од село Единаковци
Канделабри ја осветлија Старата скопска чаршија
Протераните Македонци од Грција не се откажуваат од своите имоти
Работилници за идентитет на бренд и за дизајн на пакување
Оланд - Грција треба да остане во еврозоната
Пожар во светиниколско зафати борова шума стара 40 години
„Самсунг“ ќе треба да му плати на „Епл“ една милијарда долар��
Средбата Груевски - Ахмети без договор
Во септември ќе биде објавен седмиот јавен повик за ИПАРД
Пет региони зафатени со топлотен бран од портокалова фаза
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Гранит ќе гради автопат во Босна вреден 180 милиони евра
Не постои ниту една причина Македонија да не биде дел од НАТО
Две лица загинаа во оружен напад во центарот на Њујорк
Непрописно возење е причина за несреќата кај Росоман
Чингоски - Македонија има доволно струја
Стефков на средба со Аврамопулос
Брејвик не е изненаден од пресудата и нема да поднесе жалба
Поштар лажно пријавил дека му украле 350.000 денари
Јордан Проевски кандидат на СДСМ за градоначалник на Ресен
Посмртните останки на Арафат под експертиза на швајцарски експерти
Меркел - Грција мора да ги испoлни обврските
Законот за бранителите влезе во Собрание
Царината спречи oбид да и подметнат 48 милиони фалс бандероли
Со 49 милиони евра од Дојче банка ќе се модернизираат два блока во РЕК Битола
Четири деца загинаа во пожар во Германија
Тетово се организира за полесно вработување на младите
Пожари во Скопско, Велешко и Македонски Брод
Од идната недела намалување на температурите за 10 степени
Македонско-американски проект за борба против криминалот
Кореа - „Случајот Асанж“ може да заврши уште утре
Групи за самоодбрана на црквите во Русија
Убиецот на Џон Ленон останува во затвор
Брејвик осуден на 21 година затвор
„Сан“ сепак ги објави фотографиите со „соголениот“ принц Хари
Македонија повторно во портокалова фаза
Тачи застана на страната на ДУИ
Еквадор ќе ја тужи Велика Британија пред Меѓународниот суд во Хаг
ДУИ возврати - бара посебни права за ОНА
Двајца загинати во сообраќајка кај Росоман
Јанкулоска - Да не се злоупотребува армиската или полициската униформа
Ристовски - Има пари за пензии
Иницијатива на СДСМ до Владата за распуштање на Регулаторна
ЛДП - Предвремени избори треба да спроведе демократска влада
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
Магистрален водовод за жителите на Влае 2 и Порта Влае
Пожар кај скијачките терени во Маврово
Четворица загинати при уривање на балон во Словенија
Трудниците и луѓето над 60 години да седат дома
ЕУ пред опасност од поделба на Северна и Јужна Европа
Малолетници краделе златен накит од постари жени
МВР организира отворени денови во полициските станици
Хрватска - На чевларите им треба поправка
Црвенковски бара парламентарни избори заедно со локалните



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...

Дневник  | Ве��т | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |