20.06.2012, 17:40 Според Кацин, Груевски се договорил за името, па одложил
Кацин тврди дека решението на спорот постојано се жртвува заради некои избори во Македонија
„Не е реално да се очекува Македонија да почне преговори со ЕУ за приклучување, а притоа да не е решен спорот за името“, оценил за Дојче веле европратеникот Јелко Кацин. Тој тврди дека поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу правел чекори за да се договорат дел од работите, но Груевски го одложил договорот. Според него, поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу ги извршуваше и функцијата премиер и министер за надворешни работи за да преземе дел од тежината и да помогне во наоѓање компромис за името.
„Се' беше направено во Грција за да се договорат некои работи, но македонскиот премиер Никола Груевски го одложи договорот, бидејќи сакаше да се појави на внатрешни избори. А по изборите, повторно одложи за половина година. Резултатот на тоа е - Македонија се' уште е надвор од НАТО и без датум за преговори со ЕУ“, изјавил Кацин. Тој притоа не верува во можноста за почеток на преговори на ЕУ со Македонија паралелно со решавање на прашањето за името.
„Тоа може да го замислам јас и Македонците, но тоа не држи вода. Се' додека нема договор со Грција, тоа нема да биде можно и сето она што не е можно е нереално. Потребно е создавање реални предуслови за пробив. Ако Македонија продолжи со досегашниот пристап, а Филип Втори Македонски не е вистинскиот пристап, тоа не води кон пресврт и создавање подобра клима и предуслови за меѓусебна доверба“, изјавил Кацин.
Кацин, кој е известувач за Србија во Европскиот парламент, оценува дека кризата во која се наоѓа Грција и, воопшто, кризата во ЕУ ќе се одрази на динамиката на реализацијата на проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан.
Во Европскиот парламент, според него, се посакува создавање поголема динамика и еден вид домино-ефект за земјите од Западен Балкан. „Затоа овде се занимаваме со оние што можат да бидат предводници - пионери и кои можат да ги повлечат другите со себе. Затоа во средиштето на нашиот интерес е Црна Гора, која на крајот од месецов може да започне преговори за членство во ЕУ, со што таа ја презема штафетата до Хрватска“.
Кацин, притоа, објаснува дека кога се гледа од перспективата на Стразбур и Брисел, многу е значајно да се има некоја земја од Западен Балкан која преговара. (Н.Р.) |
|
Статијата е прочитана 4341 пати.
|
Испра��и коментар
|
|
Predavnik!, 21.06.2012 02:34:59 | Go znaat toa i patriotite, dragi Jelko, ama i ponatamu se pravat patrioti, prefrluvajki ja seta vina vrz Branko. Ma ne vredi da se chovek rasprava so niv, ke mu pukne chirot. Ili kako rekol Ajshtajn, ne spushtaj se na nivno nivo, ke te pobedat. Pozdrav do dezelata! |
| Коста Стоименовски, 21.06.2012 07:34:15 | Кацин е целосно во право. Па дури и најжестоките апологети на актуелната власт најавија дека Македонија ќе добие прекар, а пред тоа категорички беа против каква било промена во името. Актуелната власт целокупната своја политика ја подредува на изборите! Така постапуваат само ситни политиканти. Големиот бугарски интелектуалец Иван Крстев неодамна предупреди дека Европа (ЕУ) повеќе не „пали“ на определувањето на гласачите, така што опозицијата своите критики кон власта треба да ги насочи кон расипничкото трошење на народните пари и упорно да бара отчет за тоа! |
| Mark, 21.06.2012 09:38:29 | Kokoskata se obiduva da istrca uste eden krug!:-) |
| pile, 21.06.2012 10:12:37 | Ako nekogasnite politicki teskasi od R.Slovenija i R.Makedonija koi se zalagaa za preureduvanje na odnosite vo togasnata federacija, odea po logikata na Milosevik, a ne po logikata na megjunarodnoto pravo prijatelska Slovenija nemase da e na ovaa nivo na opstestven razvoj kako sega. Kumstvoto na Gruevski i familijata za nadminuvanje na sporot so R.Grcija zavrsi so Samitot na NATO Alijansata vo Bukurest 2008 godina, so soglasnosta za ime Republika Makedonija (Skopje).Po vrakanje od sredbata so Pretsedatelot na prijatelska Rusija ima dve alternativi, da go vrati mandatot na Pretsedatelot i da predlozji formiranje Vlada na nacionalno edinstvo ili da i preostanatata 1/3 od mestata vo Vladata gi dodeli na DUI i na satelit partiite, so sto ke si gi spakuva kuferite.Inaku Makedoncite od Republika Makedonija,kako i Albancite i pripadnicite na drugite etnicki zaednici od spomenatata drzjava na centarot na Balkanot, ne zamisluvaat,tuku dosledno gi pocituvaat dogovorenite aktivnosti i gi ispolnuv |
| Mudrec, 21.06.2012 10:30:19 | Jelko se povekje zazema pro SDS, a so toa i progrcka pozicija. Pomina vremeto koga Makedoncite gi slushaa vakvitte solenja na pamet od strana. |
| Jovo, 21.06.2012 11:47:42 | Izgleda deka site se vo pravo...a JAS sum MAKEDONEC(isto kako sto bile i moite pretci i toa so vekovi nanazad),Mojata zemja se vika MAKEDONIJA(isto kako sto se vikala so vekovi nanazad)...i komu seto ova mu preci,zosto?! Ve molam siteDUSEGRIZNICI ostavete me veke ednas na mira,jas sem Makedonec nemozam i ne sakam da bidam***
|
| Tina, 21.06.2012 11:50:39 | Bas dobro napravi. Zosto da trosi pari za da gi slusa ulavite okolu problemite na Grcko crveno svetlo za imeto. Koga na nas Makedonci ni e jasno koji sme. A za site koji imat slaba memorija,
eve vo istorijata sme. Potsetite se. Probudite se.
Kladete ja umnata kapa. Belki ke go razhladite toa zezok mozok. Leto doaga, a so leto naseto slnce od Kutles. Pau!, |
| do pile, 21.06.2012 18:54:41 | Ova izjava na Kacin e mnogu somnitelna,zatoa sto vakvi izjavi od stranski dipolomati se pokazuvale za netocni.Veruvam deka ova e izmislica na Kacin.Od tie dve varijanti,niedna nema da bide prifatena.Ke si ostane dolgo vreme ovaa situacija.Narodot resava,a toj ja saka ovaa vlast. |
| васко, 21.06.2012 20:04:31 | Лесно му е на Кацин да збори кога Словенија нема такви проблематични соседи и нема голема национално малцинство. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 19°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 24°C
|
|
|
|
|
|