Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
22.08.2012, 19:00

Едиторијал

Лекарката топ 21

Јасмина Јовановска

Хуманоста падна на испит. Човек умре само на два чекори пред здравствена установа, без да му биде пружена лекарска помош. Единствената дежурна лекарка во поликлиниката Ѓорче Петров пред која на дваесетина метри умираше човек, и покрај повиците од минувачи, не излезе да му помогне. Законот ја обврзувал да не го напушта објектот во кој работи, рече таа откако избувна скандалот.

Здравствените власти формираа дури три комисии (две на министерството, и една на скопскиот здравствен дом) за да го истражат случајот. Докторката од вчера е отстранета од работното место (суспендирана), а комисиите од министерството ќе ги чекаат резулатите од обдукцијата. Во меѓувреме на лекарската комора и предлагаат да одлучи дали времено или трајно ќе и ја одземе лиценцата за работа на несовесната лекарка.

Овој уникатен случај веројатно ќе се заташкаше да не се вмешаа медиумите. Она што го пренесоа телевизиите е достојно за „програма од трета категорија“ за која се препорачува децата да ја гледаат во придружба на родител или старател. Крв на плочникот, капата на несреќниот човек, и неговите наочари.Предлагаме, онака како што министерот за здравство завчера им даваше плакети на најзаслужните дваесет лекари, овојпат јавно пред камери на докторката од Ѓорче Петров да и ги врачат личните предмети што останаа на асфалтот пред нејзината клиника на човекот што почина. Доколку овој случај нема соодветен епилог, а тоа е ништо друго туку отпуштање на лекарката и одземање на нејзината дозвола за работа, предлагаме случајот да се најде во следниот отчет за сработеното од страна на Владата. Нема друго.

Нема закон што ќе оправда таков непрофесионален и неетички однос. Нечовечки однос. Овде не станува за работна дисциплина, етика или морал, туку станува збор за човечност. Големо прашање е како овие „доктори“ лечат и кога ќе им отиде пациентот во ординација. Колку знаење, етика и човечност применуваат и тогаш. Тоа веќе не е прашање на министерот или министерството за здравство, туку е прашање за општеството и заедницата која го гради. Медицината граби со крупни чекори напред, а на некои им е тешко да направат десет чекори до пациентот што им умира, за да држат чекор со неа.

Можеби треба на сите идни студенти по медицина да им режираат ситуации каде треба да се покаже хуманост, и тоа да биде најсилниот филтер за приемот на Медицински факултет. Само така може да се избегнат скандали како овој.

Но....Дали и овој трагичен настан, ќе заврши само со суспендирање. Можеби обдукцијата ќе покаже дека несреќниот човек имал сериозно заболување или друг вид пореметување кое секако ќе завршело со смртен исход. Меѓутоа, тоа не смее да биде оправдување за лекарката која во моментот не знаела што се случува со човекот кому очигледно му била потребна медицинска помош.

Знаете ли што се случува во понапредни општества кога ќе избувне таков скандал, а ги има секаде каде што работат луѓе. Па, освен што несовесниот лекар ќе ја изгуби работата, тој или таа ќе наидат и на изолација во средината во која што работат и живеат. Од нив ќе вртат глава соседите, колегите, роднините и пријателите. Таа осуда е поголема и потешка од осудата што ќе ја додели системот. Тоа се вика свест за улогата на еден професионалец во заедницата, која во својата чувствителност кон такви луѓе-нелуѓе, прави се' да ги исфрли од системот. Не само од работниот туку и од социјалниот живот. Тоа е најголемото стравување кај сите професионалци и мотив да бидат посовесни и похумани во својата работа. Не се подига свеста со плати според учинок, забрана за напуштање на здравствениот објект (иако е очигледно дека таа има за цел да не се забушава а не да не се притрчува на помош), камери на работното место. Силна морална осуда е стопати поефикасна.


Статијата е прочитана 4981 пати.

Испрати коментар



Верувате ли во политичарите?
Леб и циркус
Црно тиквешко



I onie od Slupchane bi priskochile vo pomosh. Sram da i e!, 23.08.2012 00:38:16
Takvi se patriotite. I namesto da cutat, davaat chudni opravduvanja, vo stilot *Branko e kriv*! Edino mi e zal shto ova mu se sluchuva tokmu na ministerot Todorov, bidejci e edinstveniot od ovaa vlada koj se trudi da neshto stori. Se nadevam deka ke im se zablagodari na uslugite na ovaa neodgovorna persona i so toa stavi do znaenje na ostanatite deka mora da bidat odgovorni. So toa bi se reshila i negovata odgovornost. Bog da go prosti nesrecnikot.
kocanec, 23.08.2012 00:42:12
Vo 2007 poradi edno obicno vospalenie na bubrezi mojot tatko go izgubi desniot bubreg i di den denesen nikoj ne podnese odgovornost bese lekarska greska ne mu dadoa nisto protiv vospalenie gi tuzevme i sudot vo kocani normalno go otvrli obvinenieto ako presudela pravilno ke ja ostetela drazavata bukvalno so tie zborovi ni kaza ke ja ostrtela drazavata za 100 iljadi evra a tatko mi sto e unisten od negriza doktorska nisto toa e makedonija do koga vaka
Тони од Сан Франциско, Калифорниа, 23.08.2012 05:13:16
Се сложувам во поголемиот дел од пишаното, докторката се покажала нелекар но уште пострашно, нечовек. И не е битно дали можела да го спаци човекот, човечки и морално е да се обиде. Не се сложувам само со терминот понапредни општества незнам кој е критериумот за напредок на општеството, постојат критериуми за технолошки напредок итн, но треба да престанеме да се тепаме по глава самите себе и да велиме дека западните општества се понапредни. Јас бев сведок на сообраќајна незгода на влез во болница во Сан Франциско, стотици доктори влегуваа и излегуваа, но никој не превзема ништо да и помогне на старата жена која лежеше на улица приклештена од автомобил. кога јас свикав дека треба да и се помогне и се стрчав натаму дури бев задржан од медицински лица и спречен со одговор We have to wait for 911 service (Мора да чекаме 911 -брза помош) така да не ми кажувајте за понапредни општества. Во тие општества никој не излегува од описот на работни задачи за никаква причина.
лоша карма, 23.08.2012 06:37:50
Ајде да одиме по една друга хипотеза-Што ако докторката излезеше надвор, а внатре се случеше смртен случај на пациент? Тогаш како ќе ја осудувавме-Излезе да лечи на улица, ги остави пациентите во амбулантата?! Многу е рано и лесно за осуда ако не се знаат сите факти. Вчера на некоја од ТВ одеше изјава од татко на болно дете кое во моментот докторката го прегледувала. Требаше ли да го остави дедето и да трча надвор?Прашањето е зошто нема доволно дежурни лекари?
kanagjanka, 23.08.2012 07:39:29
Жиееме во нехумано општество во кое човечкиот живот нема никаква вредност.Овој случај е метафора за ситуацијата во која денес се наоѓа Македонија.Моралот и етиката се непознати поими.И наместо министрите и владата да ловат, казнуваат, судат (како во средниот век), треба да дадат пример за тоа што значи да се биде човек. Владата и институциите го научија македонскиот граѓанин да се повикува на закони...особено кога се работи за поединечна или колективна смрт.Законот пред се - особено пред човечкиот живот!
nato-jato, 23.08.2012 07:54:10
So haosot koj go napravija ne samo vo zdravstvoto tuku vo celata drzava ovie patriotite kje gledame uste mnogu krv, kapi i naocari. Dali treba site licni predmeti na pocinatite i unistenite zivoti ovie sest godini( tatko mu na Neskovski , ubistvoto na pette momcinja kaj zelezarsko ezero itn itn) da imi gi vracime na nOVINARITE koi ovie sest godini so nisto ne pridonesoa da go osvestat narodot i da ja raskrinkaat navremeno umobolnata politika na Premierot i negovite dzudzinja ministercinja. Za zal sega e predocna i sega udrete po doktorkata taa e kriva za se, samo ribata smrdi od glavata kolku sto mi e poznato neli?
Go stramat Hipokrat, 23.08.2012 08:00:47
Jas sum lekar vo penzija i se cudam i prasuvam:sto se slucuuva so etikata , humanosta iljubovta kon prtofesijata , na poedinini kolegi?! Se secavam vo dalecata 1972 godina rabotev vo punktot Simnica. Bese studena zima. negde pred stemnuvanje vo ambulantata so 2 konji dojdoja dvajca selani od s. Sretkovo i me izvestija deka edna zena e tesko bolna i ne mozat da ja donesat ni na konji. Nitu mig ne se kolebav.Se kaciv na konj i niz studot , snegot i temninata patuvavme skoro dva casa.Ostanav cela noc da i pruzam pomos, so ona sto go imav pri sebe,a koga sostojbata nesto i se podobri,na konj ja prenesovme vo ambulanta, povikavne dzip od Gostivar i ja prefrlivme vo bolnica.Toa istoto go pravea i drugite doktori od mojata generacija, bez za toa da baraat nekakva nagrada. Sega izgleda del od mladite kolegi se svrteni povece kon benefitite, a ne kon svetata dolznos na lekuvanje i spasuvanje zivoti. Dali seto ova izmestuvanje na moralnete vrednosti ova potrosuvacko opstestvo go naravi?
MK, 23.08.2012 08:37:34
Stasen e slucajot sto se desil vo Skopje,a uste postrasni se slucaevite sto se desavat po Mak.sela.Nemozam da zaboram koga go molevne lekarot sedum dena vo s. Samokov da dojde da i dade medicinska pomos na babami,toj nesakase da dojde,navodno nemal vreme,i posle sedum dema pocina babami i nikoj ne prevzema nikakva odgovornost.Takva e sovesta na mnogu lekari vo Mk.
kole, 23.08.2012 09:47:28
Za postapkata na lekarkata navistina nema opravduvanje,no zosto tolkava hajka i vreva.Zosto toa se pravi samo protiv doktorite. Pokraj suspenzijata na lekarkata i se zakanuva i odzemanje na licencata so moznost i za trajno odzemanje.Zosto ne mu se odzeme licencata za rabota na nekoj sudija koj nekogo go pratil vo smrt so pogresna i nestrucna presuda ili nekoj inziner na koj mu se urnala stanbena zgrada poradi nebreznosti i nestrucnost.Lekarite se sekogas na udar i od niv se bara da bidat spremni vo sekoe vreme,duri i zakonski odgovaraat ako ne odzvat na povikot.Opstestvoto bara poseben angazman na doktorite ama za zal ne gi plaka posebno.Za posebni uslovi i zalaganje treba i posebno da se plati,a poznato e kolkavi se platite na lekarite.
Aleksandra, 23.08.2012 09:59:27
Мислам дека медиумите треба да бидат свесни за својата моќ која носи огромна одговорност при информирање на јавноста - особено при вакви трагедии. Не избрзувајте со заклучоци и не си дозволувајте да осудите некого така лесно... Не е фер да сервирате еднострана верзија и да очекувате да ја проголтаме. Дајте ни можност да ја слушнеме и докторката со нејзината вистина за случувањата тој ден. Сигурно имало и сведоци - да ги чуеме и нив!
Krsto, 23.08.2012 10:23:17
Kako ne vi e zal da plukate po zena koja taa vecer na 50 pacienti koi bile vo ambulantata im go podobrila ili spasila zivotot.Toa go napravila za 500 ovoj mesec,za 6000 ovaa godina,za 120000 pacienti vo 20 godini raboten vek.I toa li e nehumanost?Ne znaete deka vo zakonot za zdravstvena zastita koj Todorov go branese ,donesen pred nekolku meseci pisuva deka doktor ne smee da go napusti rabotnoto mesto dodeka drug ne sedne na nego,deka ambulantata ne smee da ostane prazna.Zamislete da pocinese drug pacient vo ambulantata dodeka doktorkata protivzakonski izlegla nadvor.Sega Todorov i presudi na doktorkata sto go pocituvase zakonot koj Todorov go branese.I ako e Todorov iskren vo zelbata sekogas da go pravi najdobroto za pacientite,pred da si ja da ja potpise svojata ostavka,ke otide da i se izvini na doktorkata koja so zakon SAMA ja vrzal za stolceto vo ambulantata.Da ne gi trosea dusmanski parite na spomenici,da imase dva doktori taa vecer,ovaa tragedija nikogas nemase da se sluci
pacient, 23.08.2012 10:53:18
Јас сум од тој крај и имав прилика да увидам под кои услови работи Д-р.Мојсовска. Дежурната служба се состои од само еден лекар и една медицинска сестра, а покрива регион со 70 000 жители,таму се примаат и деца и возрасни. Една вечер,бев таму, истата лекарка ме прегледа,ја знам многу добро затоа што повеќеати сум бил таму.Ако во нашата држава има некој доктор,посветен на професијата,тврдам дека тоа е Д-р.Мојсовска.Едноставо жената не знаеше што да им прави на пациентите.Имаше најмалку 10 пациенти, од кои повеќето во многу лоша состојба (не беа во состојба да стојат замислете), и како она да работи во такви околности? Јас сметам дека формираните комисии треба да ги земат во предвид и изјавите на пациентите кои биле таму во моментот на настанот,меѓутоа и на сите оние пациенти кои и друг пат чекале за преглед по 1-2 часа, (иако биле во состојба на колапс), само затоа што една лекарка не може да стигне сите пациенти во исто време да ги прегледа.Кога би се зело тоа во предвид, верувајте
optuzhbi od neznaenje, 23.08.2012 12:15:16
Izbrzan i pogreshen zakluchok na novinarite. Kolku lesno pishuvaat za raboti za koi ne gi poznavaat. Tochno e ona shto vi go pishuva Тони од Сан Франциско, bidejki kaj nas e isto: koga mu se sloshuva na chovek na ulica se vika Brza pomosh, potochno, ne smeete nitu vie da go pomestuvate ili so vashe vozilo da go nosite zatoa shto ste nestruchni i mozhe da go povredite. A lekarot MORA da bide na rabotnoto mesto vo sekoj moment
Skopjanka, 23.08.2012 15:14:34
Tolku dushegrizhnici zgrozeni od lekarkata, prosto da pomislish vo saksija izrasnale...Pa shto ne pomognale minuvachi shtom videle deka mu e losho na chovekot? Shto trebala da napravi lekarkata ne mi e jasno? Iliu, se mnogu ubavo se vklopi vo filmot fatete ja veshterkata, pardon - intelektualecot i pravo na klada...
Билјана Апостоловска, 23.08.2012 16:08:03
За да се согледа вистината на целото збидување потребно е да слушне и зборот на докторката. Јас деновиве слушам само осудивања од разни страни и од медиуми. Сите се нафрлиле огорчени, лути и ригорозни во ставовите. Но оваа приказна сфатив дека има и друга опачина откако денес не прочитав статија во која еден родител, чие што дете во моментов било прегледувано од докторката, а патем било и во потешка здравствена состојба, не изјави дека докторката регагирала и веднаш побарала да се викне брза помош,секако патем не оставајќи ги останатите болни. Затоа лично ми пречи кога јазикот оди пред умот и се фрла со дрва и камења по некого без докрај да се приспитаат работите. Што ако сега работите добијат пресвртница? Што ако детето во ординацијата било во тешка состојба, а и полната чекална со пациенти не е за занемарување. Патем се прашувам зошто толку луѓе ( за 20 мин. ?!) се упатиле кон докторката, а никој од нив не се организирал и не го вовел господин во ординација?!
Toso, 23.08.2012 18:36:17
Izrazuvam zalenje za pocinatiot, koj spored mene e zrtva na sistemot, a ne na doktorkata. Imeno, eden medicinski tim ne e vo moznost da odgovori na pritisokot na pacienti od tolku golema teritorija. Za doktorot site pacienti se isti, bez razlika dali se vo ambulanta ili na ulica. Koj doktor vrz osnova na iskazi na lica od nemedicinska fela moze da prosudi dali nekoj e vo zivotna opasnost ili ne e? Dali bilo koj, pa i pocituvanata novinarka - avtor na tekstot ke ostavi polna ordinacija i ke izleze na ulica da dava pomosh? Zoshto humanite lica koi ja informale doktorkata, ednostavno ne go donele pocinatiot vo ambulanta - neli i toa e humano? Najlesno e sega nadleznite instituciite da donesat resenie i da se odzeme licencata za rabota, no nema institucija koja moze da ja odzeme diplomata i znaenjeto. Vprocem, komisijata i ne izdava diplomi za zavrsen fakultet za struchna sprema. Sledno otvoreno prasanje: dali zdravstveniot sistem so site reformi i unapreduvanja e navistina efikasen?
Nina, 23.08.2012 19:09:10
Od seto gore procitano mozam da zakljucam deka poveke vo Makedonija ne postojat luge koi bi ja poglednale siuacijata realno, zasto ne ja pogledneme situacijata od drug aspekt: sekoj sofer e dolzen sprema zakonot da ukaze prva pomos, zasto taksistot ( sto davase izjava na TV) ne ja ukazal istata i dali javniot obvinitel ke go tereti za toa, dali doktorkata napravila greska!? trebala da ostavi 12 pacienti koi cekale i da odi da ukazuva pomos na covek koj padnal, kako mozela da napravi selekcija koj e pohiten dali pacientite koi cekaat vo cekalnata ili toj sto padnal koga nemozela da go vidi, sekoj covecki zivot e biten, sto ako vo momentot dodeka ona e nadvor mu se slosi na nekoj sto veke ceka, koj togas ke odgovara..... NARODE POCNETE DA RAZMISLUVATE SO SVOJA GLAVA!!!
ДокторКА, 23.08.2012 23:19:53
Сочувствувам со семејството на починатиот! Но, Цело време се критикува само Докторката! Што ќе направеше таа ако само со слушалките, тензиометарот и пенкалото излезеше на Улица? Дали ќе го спасеше човекот? Лесно е да се критикува и да се плука по некого! Зошто некој не запраша: дали лекарите кои што дежураат сами или само со мед. сестра се способни и опремени да дадат лекарска помош на улица! За тоа Не треба да се обвинуваат само лекарите, туку организациската поставеност и опременост на здравствените институции. Дали во амбулантата постоеле соодветни носила, луѓе-болничари што може да го подигнат болниот или повредениот! Што ако бидат 2-3 пациенти во исто време? Ова нека биде опомена до надлежните што треба да ја организираат и опремат службата! Не треба и не смее да се суди пред целосно да се согледаат фактите! Кај нас луѓе напаѓаат, убиваат по домовите, па не се толку критикувани како дотичната Докторка! Ценам дека народот сака да навредува и да суди без аргументи!
mene od daleku, 24.08.2012 00:00:51
Nema opravduvanje za lekarkata osven vo slucaj ako se dokaze deka zivotot na detoto, koe vo momentot go pregleduvala, bil zagrozen ?! Da se potsetime na nastanot od pred izvesno vreme, koga za vreme na fudbalska utakmica vo Velika Britanija, fudbalerot Fabrice Moamba dozivea srcev udar. Za spasuvanjeto na negoviot zivot najgolem udel ima intervencijata na lekarot - kardiolog, koj bil medju gledacite i koj zaedno so lekarite od dvata tima, ja pruzil neophodnata prva pomos pred da bide prefrlen vo bolnica.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |