Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
22.08.2012, 16:51

Уште едно силување на скопскиот Градски парк

Градските власти не ја користат сопствената моќ да ја негираат постојната намена на објекти на местото на бараките

Деспина Трајковска



На Градскиот парк во Скопје му се заканува уште една градба. И тоа, овој пат аминувана од градските власти. Наместо да ги употреби своите ингеренции и надлежности и да го запре силувањето на Паркот со бетонски зданија, Градот Скопје извесно е дека ќе дозволи изградба на неколкукатен објект во една од последните зелени оази во градот. Токму на нивно барање градските власти деновиве со помош на заинтересирани инвеститори ќе го предвидат урбанистичкиот лик на местото на бараките во кои се' уште е сместена администрацијата на Градот. Наместо сега, кога изработката на новиот генерален урбанистички план е во завршна фаза и Градот ја држи палката во свои раце и може да пресече на тоа место во иднина да не се гради ништо, надлежните ја тераат работата во друга крајност. Се мислат што да никне на тоа место каде што постојниот урбанистички план дозволува изградба на катна гаража со деловен простор со максимална висина до седум метри.

Освен што реагира дел од обичната јавност, никој од повисоките инстанци кои ги тангира животната средина не го прекорува Градот. Нема глас ни од архитектите, ни од урбанистите, ниту, пак, од екологистите. Дури, едвај може да се најде некое екоздружение што планира да реагира. Петар Бошевски од „Екоскоп“ е еден од ретките кој само го коментира случајот, но вели, нема намера да преземе ништо.

„Се' е веќе залудно. Случајот со Водно и со Шпанско село е доказ за тоа. Не помогнаа ниту петиции, ниту протести, сигурно не би било поинаку и со Градски парк. Единствено, можам да кажам дека меѓу другите, во случајов во Градот само декларативно се залагаат за заштита на животната средина и покрај обврските, ЕУ-стандардите... Срамно е токму Градот кој сега го изработува и новиот ГУП да ја потврди намената, а со тоа и маркичката за градба, наместо на посоченото место да утврди парковско зеленило“, смета Бошевски, според кого не само во Скопје, туку, воопшто, во државава постои општа тенденција да се искористи секој можен простор за градба, оти инволвираните страни имаат профит.

Инаку, Градот завчера ја информираше јавноста дека повикува заинтересирани субјекти да дадат свои предлози за идната урбанистичка рамка на местото на постојните бараки на градската администрација. Од таму напоменаа дека планираат да го продадат градежното земјиште со површина за градење од 6.375 квадратни метри, за кое потенцијални кандидати можат да искажат интерес во однос на намерата за купување, односно типот на објектот кој би го граделе.

Скопје зад ЕУ според стандардите за зеленило

„Според капацитетот на животната средина за Скопје е планирано од 150 до 160 илјади жители. Само така нема да има трајна деградација на животната средина, а сега има четири пати повеќе жители и се плашам дека котлината нема да може да издржи“, истакна архитектот Михаил Токарев на неодамнешната расправа на предлог-ГУП-от. Според него, има погрешен редослед на случувањата, оти клучната студија за животната средина која треба да се инволвира со планот се' уште не е готова, а ГУП-от е изработен.

Инаку, на презентацијата на планот изработувачите на ГУП-от истакнаа дека Скопје со новиот генерален план треба да добие повеќе зеленило од сега, но оти и тоа нема да биде доволно за да заличи на европските метрополи. Просекот на зелени површини по глава на жител во европските метрополи е 16 квадратни метри, додека со новиот ГУП во Скопје се планира да достигне до осум квадрати. (Дс.Т.)

Град Скопје: Нема да се одземе ни сантиметар зеленило

Градските власти вчера не одговорија директно на прашањето дали сметаат дека се соучесници во уништувањето на Градски парк, бидејќи токму тие ќе дозволат изградба на објект(и) на местото на градските бараки. Не одговорија ни зошто не ја искористат својата моќ за на предметното земјиште да утврдат само постоење на зеленило.

„Град Скопје со најавената иницијатива на најтранспарентен начин бара решение за просторот каде што се наоѓаат бараките и одговорно стоиме зад тврдењето дека со решенијата кои ќе бидат конечно вградени во новиот ГУП, не само што нема да биде одземен ниту еден квадратен сантиметар зеленило, тук�� цениме дека ќе дојде и до зголемување на зелените површини на овој простор. Всушност, и овој дел од Градскиот парк ќе биде вклучен во генералната заложба внесена во новиот ГУП, а тоа е постепено зголемување на зелените површини по глава на жител“, рекоа вчера од Град Скопје. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 16206 пати.

Испрати коментар



Суспендирана лекарката што не помогна на пациент
Три хипотези за падот на „кингерот“
Неготино ќе добие депонија за индустриски отпад
Адаптација на штипската филтер-станица
Лозарите се мобилизираат пред гроздоберот
Има ли екологисти во Министерството за екологија?
Македонски туристи наместо на Кипар се сончаат дома



Nin, 23.08.2012 08:54:44
Ако на работ на Градскиот Парк се изградат било какви објекти (па макар трафики) ќе се уништи погледот и автоматски не е ни веќе важно што има позади ако тоа не е достапно на видикот - погледот. Нека Градскиот Парк биде ЊуЈоркшки Централ Парк - од третоарот до третоарот на другиот крај на паркот зеленило.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Отпуштен работник го уби шефот во Њујорк, десетина повредени
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |