Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.06.2012, 17:46

Бучковски немал намера да прави партија

Владо Б��чковски, поранешен премиер и лидер на СДСМ, ги отфрла шпекулациите што се вртат во јавноста дека работи на формирање нова партија која на следните избори би и' била конкуренција на опозициската левица, со чие раководство тој од поодамна не е во добри односи.

„Немам намера да формирам партија“, ни изјави Бучковски вчера.

Тој и натаму се залага за непосредни внатрепартиски избори. Но, потенцира дека преферира битката, како што вели, за демократизација на СДСМ да ја води во рамки на партијата.

„Решен сум да ја почекам разврската од локалните избори. Потоа следува конгресот на СДСМ и тоа прашање повторно ќе се отвори. Мислам дека во текот на номинацијата на кандидатите за градоначалници од СДСМ ќе се уочи дека непосредните избори можат само да и' донесат бенефит на партијата“, вели Бучковски.

Поранешниот партиски лидер вели и дека тој лично не планира да излезе со кандидатски листи, иако не ја исклучува можноста на претстојните локални избори да има повеќе независни кандидати за градоначалници и за советници. „Бидејќи станува збор за избори на локални ниво, во сите досегашни циклуси имало многу независни кандидати за градоначалници и советнички листи. И сега има неколку случаи во кои мнозинството во Советот зависи од независни советници. Јас не можам да спречам никого да се кандидира“, вели Бучковски.

Забележливо е, вели тој, дека сега има зголемена активност кај опозицијата. Друга работа е, додава, дали е најсреќно избран терминот за овие активности - среде лето и во ек на Европското првенство во фудбал, кога граѓаните имаат други преокупации. „Се чувствува опозициско расположение во јавноста. Само прашање е како СДСМ ќе го искористи тоа“, вели Бучковски и додава дека за локалните избори е поважно каков ќе биде изборот на кандидати за градоначалници отколку што ќе каже партискиот лидер. (А.М.М.)


Статијата е прочитана 1084 пати.

Испрати коментар



Златна зора ќе не' дисциплинира и нас
Опозицијата веќе не спие - дома
Митрова не ја коментира одлуката на судот
Според Кацин, Груевски се договорил за името, па одложил
Бугарија гради (анти)грчка позиција
Македонија успешна во борбата против трговијата со луѓе
Извештајот за МРТВ е нереален, оцени ревизорот
И Путин ќе гласа за Груевски
Новa лустрација пред новитe избори



ФЕЛИКС, 21.06.2012 06:22:05
Оваа верзија на изјавите на Бучковски делува ептен разблажено да не речам лимонадизирано за разлика од интервјуто во Капитал.Таму целата вина за неуспесите изборни,за недемократичноста внатре во партијата,за очекувањата и др. е насочена кон ��атевскиот илузионист.Тоа за внатрепартиски избори место назначувања од Шатевскиот илузионист е голем залак за кое треба Бучковски и незадоволниците во партијата да добро се испотат за да го остварат.Познавајќија суетата на Шатевскиот илузионист и неговата дружина ова ќе го отфрлат безрезервно во името на лидерското поимање на демократијата.
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 21.06.2012 07:44:37
I nema potreba,zasto drugite ce iskoristat. Neka se *frlat sekirite*,vreme e za pobeda.
Istocna Makedonija, 21.06.2012 10:42:09
Kolku i da e vo momentot na nepovolna pol pozoci ja sepak,Buckovski e iskusen politicar ,otvoren i elokventen za da povlece pogresni potezi i napravi kardinalni greski.So povredeni sueti i kaprici se odi samo vo regres.
Leviot, 21.06.2012 21:03:30
Bucko i Brane mozat so kjorci da se pukaat kolku sakaat , nit na Brane oko mu trepnuva a Bucko muva ne go lazi i taka mu gi skinaa krivicnite i gledame seedno mu e. Zatoa i kritikite mu se kako veterot (vo magla)

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |