Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.06.2012, 16:54

Бугарија подготвува црвен картон за Македонија во ЕУ

„Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Бугарија во Скопје во некои случаи се третира полошо и од Грција, иако прва ја призна Република Македонија“, е заклучокот од тркалезната маса во Софија

Слободанка Јовановска


Во петокот во Софија се одржа тркалезна маса на тема „Каде оди Република Македонија“, на која учествуваа европратеници, пратеници, историчари, амбасадори и политиколози. Оваа тркалезна маса дојде по острите изјави на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Софија е против името „Северна Македонија“, за нашата држава затоа што тоа ќе изразувало територијални претензии. Станува очигледно дека односите со Македонија, инсистирањето на бугарскиот карактер на македонското население, повторно станува важна тема во бугарското општество. Пренесуваме еден значаен дел од таа расправа.

 

Да и покажеме на Македонија жолт картон и да и поставиме услови за членство во Европската унија. Ваква порака произлезе од петочната тркалезна маса во Софија на тема "Каде оди Македонија", на која учествуваа четворица европратеници, заменикот-претседател на бугарското собрание, пратеници, поранешни амбасадори во Скопје, истакнати историчари и експерти.

"Да се краде историја е како да се краде територија", истакнал Љубомир Иванов, претседател на фондацијата "Манфред Вернер", на адреса на Македонија. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, тој категорично побарал Бугарија да постави два услови за влегување на Македонија во Европската унија. Прво - во македонските учебници по историја да се признае бугарската идентитет на Самуил и другите Бугари, за кои во Софија се тврди дека ние сме ги прогласиле за Македонци; и второ, да се прекине наводната дискриминација на Бугарите во Македонија со македонскиот устав. Според него, учебниците и уставот треба да станат бугарската црвена линија со што јасно ќе се кажело дека ако Македонија не ги исполни - не одговара на европското барање за добрососедски односи. По неколку жолти картони, треба црвен, инсистирал Иванов.

"Да престанат да плакнат мозоци на младите генерации преку фалсификување на историјата. Тоа води до една историска дијагноза - да се биде Македонец по националност. Тие се раздвоени - секое утро зборуваат во огледало 'Јас сум Македонец. Јас ја мразам Бугарија", истакнал академик Георги Марков.

Тој нагласил дека македонска нација била создадена по Втората светска војна од Тито по коминтерновски рецепт, вклучувајќи анти-бугарска основа. Марков на собирот во Софија побарал да прекинело фалсификувањето на фалсификувањето на историјата.

"Не им треба да фрлаат 80 милиони евра, кога имаат 30 проценти невработеност и држава што едвај дише. Само еден споменик треба да издигнат - на маршал Тито - тој е таткото на македонската нација", категоричен бил академикот.

Тој исто така побарал Македонците да ги мену��аат учебниците по историја. "Самуил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, браќата Миладиновци, Пајсиј Хилендарски - тоа се македонски Бугари. Тие се самоопределуваат како Бугари, а тоа дека некој се определува сега во Скопје како Македонец - тоа е негов проблем", додал Марков. Според него, во Софија има повеќе Македонци отколку во Скопје, а кај нас да си Македонец било прашање на професија - многу атрактивна за политичари и академици.

Потпретседателот на бугарското собрание, Георги Пирински, предложил да се иницира заеднички состанок на парламентарните комисии за европски прашања и за надворешна политика на која ќе се разгледаат прашањата за односите на Бугарија со Македонија.

Долгогодишниот дописник на Бугарската телевизија во Скопје, Коста Филипов, тврдел дека во Македонија има медиумски мрак во однос на прашањата со Бугарија и дека препораките на Европскиот парламент за почитувањето на Бугарите и на бугарската историја воопшто не се познати во Македонија.

Сепак, потребно било "да и се помогне на Македонија да ги надмине своите проблеми, а не да се гледа на нивната самосвест со потсмев", бидејќи само така можат и двата народа да одат напред, рекле учесниците. Некои од нив зборувале дека ако Македонија се пушти во ЕУ, ќе станеле три пати побрутална и дрска. Според лидерот на софиското ВМРО, Красимир Каракачанов, бесмислено било зборувањето за темата, ако бугарската политичка елита не формулирала неколку едноставни нешта.

"Треба да си одговориме на прашањето дали имаме интерес Македонија да биде обезбугарена, албанизирана и србизирана. Дали имаме интерес по 40 години на нашата граница сосед да ни биде албанското население", порачал Каракачанов. "Албанците имаат многу јасна стратегија, не си прават илузии и зборуваат многу јасно за еден народ, една држава - Голема Албанија", коментирал лидерот на ВМРО.

"Ако отворите веб-сајтот на Министерство за надворешни работи, ќе видите темите за Мјанмар, Сирија и какви ли не други глупости за кои ни најмалку не сме заинтересирани, но нема да видите проблемот со ниту еден Бугарин, кој е смачкан во Македонија. Ние правиме конференции и зборуваме празни приказни ", нагласил Каракачанов.

"Бугарија, која прва ја призна Република Македонија, не се третира подобро од Грција, а во некои случаи и полошо", се пожалил европратеникот Евгениј Кирилов. "До нас живеат браќа. Прашањето каде оди Република Македонија си го поставивме сите ние, си го поставуваат сите наши граѓани. Треба да дадеме одговор. Не само на прашањата поврзани со минатото, туку да дадеме една основа за односите со Република Макдонија", рекол Кирилов.

"Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Ајде - не сме како Грците да им извадиме црвен картон, но крајно време е да им извадиме жолт картон, да ги предупредиме дека тоа не е европско однесување", коментирал академик Георги Марков, директор на Институтот за историја на Бугарската академија на науките. Според Марков, Македонците можат да се потпрат на поддршка од страна на Бугарија за членство во Европската унија, но таа поддршка не смее да биде безусловна, бидејќи се злоупотребува.

"Пред 12 години амбасадорот Ѓорѓи Спасов уште од вратата ми замавна со прст и ми рече: 'Професоре, јас сум Македонец. Имам право на самоопределување'. Јас му велам - убаво, имате право на самоопределување како Македонец, но тоа не значи дека вашиот дедо не бил Бугарин. Оваа историска дијагноза ги раздвојува и затоа паднаа во крајност да се убедат дека имаат некоја нов национален идентитет, па отидоа дури во антиката и градат споменици за 80 милиони евра и Триумфалната порта. Историјата таму стана голема политика", изјавил академик Марков.

Некои од учесниците во дискусијата биле поумерени. "Рано е уште да даваме дури и жолти картони на Македонија. Треба да ја разбереме драмата на оние кои ги прекоруваме - дали се преправаат или се уплашени", рекол историчарот Андреј Пантев, пратеник од Коалицијата за Бугарија.

"Пред да ги потврдиме работите кои се повторуваат на сите конференции, треба да си го поставиме прашањето - зошто нешто не оди? Можно ли е 45 години култивирање на антибулгаризам да избришат векови заедништво, судбина, јазик, култура, менталитет? Како е можно? Ова прашање треба да си го поставиме на нас. Очигледно е дека дебатирањето какви Македонци се, каков дијалект зборуваат не функционира", изјавил Антев. "Тие историски се Бугари, но има метаморфоза, една еволуција, која треба да ја имаме предвид и тоа е прашање на суптилност од наша страна", рекол Пантев. "На оваа земја треба да се помогне, но да и се потсмевате, бидејќи резултатите се контрапродуктивни", заклучил Пантев.

"Нека прават што сакаат, нека се делат, нека се федерализираат, но да не посегнуваат по нашата територија и нашата историја", беше следната порака во дебатата. Според овие оценки, по Самуил и Гоце Делчев, се посегнувало и на историски дејци кои до вчера биле табу кај нас, па се именувала улица и се подготвувал споменик на Тодор Александров и на Симеон Радев. "Прашање на време е кога ќе стигнат до Александар Протогеров и Дрангов, а нема да изненади ако еден ден и Ванчо Михајлов осамне со споменик во Скопје", бил еден од коментарите на собирот.

"Бугарската политика се соочува со еден исклучително сложен тест, бидејќи ако е тврда, предизвикува антибугарски кампањи, а ако е мека, промовира притискање на македонските Бугари. Потребен е исклучителен такт и не жолти картони туку да се охрабруваат бугарскиот бизнис и бугарската телевизија, весници", истакнал политикологот Емил Митев.

Според поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, порано бугарската политика во однос на Македонија се засновала на тезата дека сите Македонци се Бугари. Сега, пак, се гледала промена и се слушаат изјави за заштита на Бугарите во Македонија. "Тогаш треба да прифатиме дека и во Бугарија има македонско малцинство. Оваа нова позиција бара анализа со учество на државното раководство", рекол Јорданов.

Според европратеникот и кусо време известувач за Македонија, Кристијан Вигенин, Бугарија има интерес нашата држава да ги започне преговорите на ЕУ "бидејќи во рамките на преговорите за поединечни глави имаме можност да отвориме цел спектар на прашања". "Премиерот на Македонија Никола Груевски со неговата партија и Бојко Борисов со ГЕРБ да седнат и да размислат што може да се направи, да ги стават на принципиелна европска основа овие проблеми и да се обидат да ги решат, а не да нафрлаат реплики во медиумите, што е несериозно", искоментирал Вигенин. Според него, ако пристапот на Бугарија е премногу агресивен, тоа им помага на властите во Македонија да се самозатворат, а тоа ја лишува Бугарија од можноста да има нормален дијалог не само на владино туку и на сите други нивоа. Тој објави дека БСП и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија планираат серија иницијативи за создавање на нормална атмосфера на дијалог.


Статијата е прочитана 6562 пати.

Испрати коментар



Културна шема
СДСМ во Куманово
СДСМ остави затворени фабрики и раскрчмен имот
Груевски
Блокиран изборот на судии во Судскиот совет поради игрите на ДУИ
Иванов ем ги поддржува преговорите ем бара Грција да не' вика Република Македонија
Не ја давам мојата улица



Goran Pesic, 24.06.2012 17:52:43
Не им треба да фрлаат 80 милиони евра, кога имаат 30 проценти невработеност и држава што едвај дише. Само еден споменик треба да издигнат - на маршал Тито - тој е таткото на македонската нација
makedonoid, 25.06.2012 00:21:22
Jasno li mu e na nekoj vo ovaa zemja zosto makedonskite bugari koi vo r.makedonija veke se nad 100.000 (sto iljadi) I nivniot broj sekojdnevno se poveke se zgolemuva a ne se navedeni vo ustavot na r.makedonija kako sto se navedeni vlasite,srbite,romite,turcite,bosnjacite a koi se mnogu pomalku I zosto ne se pocituvaat covekovite prava na makedonskite bugari kako najzasluzni za dobivanje na nezavisnosta na makedonija od bivsa jugoslavija
Весна.С. од Прилеп, 25.06.2012 01:06:53
Ова е резултат на сите оние кои за да одат во Европа зедоа бугарски пасоши,а за тоа најмногу се виновни политиките на држзвотворците(сдсм) и патриотите(дпмне) помогнати и подржани од еу и сад
Od mene, 25.06.2012 04:25:18
Mnogu se dosadni.
sime, 25.06.2012 07:07:40
Bugarskata nadvoresna poloitika sekogas bila i e so teritorijalni pretenzii prema vardarska Makedonija.Bugarskite umni glavi odat vo prilog na takvata politika.
pameten, 25.06.2012 07:33:21
На Бугарите треба да им се објасни дека поделбата не била 45, а повеќе од 130 години, доволно за формирање на посебен народ. Додека Бугарите граделе современа држава Македонците останале под ропство. Кога сенародниот напор да бидеме заедно во Балканските војни и П.С.В. завршилe со пораз, Бугарите се исправиле на нозе, но Македонците биле под оставени на страшен гнет. Вториот обид за обединување, бил срамен бидејќи бил под покровителство на Хитлер. Кога Бугарија била под брутален комунизам Тито им даде на Македонците повеќе слобода и достоинство. Кодифицирањето на посебен јазик во Р М роди литература, но во Бугарија македонизациjата (1944-1964) оставила мали траги. Демократијата исто се покажа поинаква. Бугарија успеа да се европеизира, Македонија беше блокирана. Инаку историските личности од Свети Климент до Мара Бунева, се ни заеднички и негирањето на бугарските корени е иритација за Бугарија и катастрофа за Македонија.
Petre, 25.06.2012 07:35:49
Интересно е зошто Бугарија никогаш до сега не го поставила прашањето за „македдонските Бугари“ во егејскиот дел на Македонија. Па таму пред балканските војни и пред геноцидот на Грците врз тоа население, живееше најголемиот дел од македонското население. Па и сега и покрај се’ има стотици илјади Македонци. Тоа е ист народ како во Вардарска и Пиринска Македонија. Зошто тогаш Бугарија не отвора фронт и со Грција да го заштити „својот народ“ таму а се окомила само на Вардарска Македонија? Би сакал некој Бугарин да ми одговори на ова прашање.
Nikola, 25.06.2012 07:48:34
Европа и САД за историјата на Македониjа - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html
Bogomil(ec), 25.06.2012 08:46:23
овој текст на авторката бара сериозен третман од нашите историчари, кои со иста мера, но потпрена на аргументираност да им одговорат на ,,загрижените,, Бугари за судбината на Македонија. Ова е дрско мешање во внатрешните работи на нашата земја, како да е нивни протекторат, што во суштина и се сведе на тоа рамниште кога премиер беше Георгиевски со повеќе од половина министри со испроблемнатизиран, да не речам, бугаризиран код. Време кога бугарските амбасадори беа дел од неговиот владин кабинет. Таа софиска братија е вознемирена поради постоењето на македонската нација и фактот дека најмалку милион Македонци денес живеат во границите на Бугарија. А за тоа кој краде историја, со нив илузорно е да се полемизира. Нивната диоптрија, во однос на Македонците, одамна е замрачена.
Кадавер, 25.06.2012 09:40:55
дедо ми е протеран од егејска Македонија 1945, како бугарин, иако не бил симпатизер на Бугарија...тој емигрирал во ФНРЈ, во Србија. Прашав бугарски адвокат, тој ми тврдеше дека Блгарија ја тужела Грција и дека се обештетени сите бугари протерани од егејска македонија ама само ако се протерани во бугарија, не и тие што се протерани во ФНРЈ или други држави (источна Европа, Австралија, Канада)
Ханко, 25.06.2012 09:46:02
До Петре! Моментално во Егеjска Македониjа има словенско население тоа точно , ама да не забораваме дека тоа население е наследник на патриаршисти кои секогаш беа под грчко влиjание и нормално е дека ние бугарите нема што да се бориме за них ..сички наши бугари после балканските воjни , а и после втората светска исто се повлекоа од Егеj и доjдоха во по големиот си дел во Бугариjа..позз!
Dejan Kumanovo, 25.06.2012 09:54:03
Nikogas Kumanovo ne e bilo bugarsko, ne samo mojot dedo i mojot pra-pra dedo se borel so niv a toa sto bile okupatori so Fashistite nekoe kratko vreme toa oni si znaat.
Македонец, 25.06.2012 10:09:28
Колку ненормален народ значи има на оваа планета.... посебно околу нас... сите си користат определни податоци кои само ним им одговара... а плус и неколкуве напалени коментатори овде на сајтов какви све не небулози тропаат, човек да им се изначуди... ама ај, секогаш ги имало и ќе ги има... кучињата лаат караванот си врви....
Tina, 25.06.2012 10:30:56
Bugari, ? sto tie znajat a sto ne sakat da priznavat. Priatelstvo se izgraduva so pocit, i Proshka. Da baknat racite na Makedonci vo Pirin, i da gi oslobodat od policijska kauza. Sum ostarela zboruvaki edno isto, i na kogo?
do Petre, 25.06.2012 10:51:15
Iljadnici Bugari bile proterani od Egejska Makedonija vo Bugarija, megju niv predcite na deneshniot Bugarski predsedatel.No Grcite nikogash ne go stavile pod prashanje Bugarskiot dentitet na proteranite. Ne pobarale da go podelat Bugarskiot narod vo samata Bugarija. I po vekovi konflikti Bugarite i Grcite se pomirile idenes zhiveat zaedno vo EU. Tochno e deka vo Egejska, Pirinska i Vardarska zhiveel istiot narod. No kakov bil narodot vo sosedna Trakija, vo Sevrna Bugarija, duri vo Dobrudzha? Ako bil razlichen dali imalo etnichka granica? Edno selo Makedonsko, sosednoto Bugarsko? I zoshto vo siromashijata na totalen poraz gi prifatile iljadnici begalci kako svoi?
Мартин, 25.06.2012 11:11:03
Во право е Бугарија. Денешното македонско однесување кон Бугарија и ставовите кон историјата, која македонските историчари ја толкуваат само на свој чуден начин, несакајќи да признаат факти кои сите други ги признаваат, ќе доведе до лоши односи меѓу БГ и МК. Бугарија досега во секој поглед ни помагаше, за ембаргото, тенковите, признавањето, школување. А ние со што возвраќаме? Со немање пат и железница само кон Бугарија. Историјата неможе никој да ја избрише, а таа е целосно поврзана со Бугарија. Се надевам дека наскоро ќе се освести овој дел од Македонија.
negotino, 25.06.2012 11:13:26
Пред 12 години амбасадорот Ѓорѓи Спасов уште од вратата ми замавна со прст и ми рече: Професоре, јас сум Македонец. Имам право на самоопределување. Јас му велам - убаво, имате право на самоопределување како Македонец, но тоа не значи дека вашиот дедо не бил Бугарин. -Ѓорѓи Спасов: Дедо ми секогаш велеше дека сме македонци и тоа под било каква репресија на македонците! ;) Што се однесува до бугарите и нивниот романтизам, во соседна Ваташа тие убија 12 деца крвнички и тоа во нашата понова историја. Вистина ли мислите професоре дека Македонец би сторил такво злодело врз својот народ??? Не ли заслужуваат фамилиите на овие луѓе едно големо извинување за масакрот на овие Македонци од страна на бугарската држава?
Гоце -Амстердам, 25.06.2012 11:29:38
Политичари ,историчари,амбасадори ,политиколози !! Не ГУБЕТЕСИ ГО ВРЕМЕТО ЗА НИШТО ! САКАЛЕ ИЛИ НЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ПОСТОЕВМЕ И КЕ ПОСТОИМЕ А МАКЕДОНИЈА КЕ СИ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!! ВИЕ ЖИВЕЕТЕ И РАЗМИСЛУВАТЕ НАЗАДНО !! ВРЕМЕТО ЛЕТА МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ 20 ГОД. НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА А ШТО НАПРАВИЈА БУГАРИЈА ,ГРЦИЈА СРБИЈА И АЛБАНИЈА НА ,, ЕВРОПСКИ И ДЕМОКРАТСКИ ПРИНЦИПИ ,, ДА И ПОМОГНАТ ?? ЗА ЖАЛ НИШТО СИТЕ СТЕ ПРОТИВ НАС Е ПА ЗАТОА СМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНЦИ КЕ ОСТАНЕМЕ !! СЕ ДОДЕКА СТЕ ПРОТИВ НАС КЕ ГУБИТЕ А НИЕ КЕ ЗАЈАКНУВАМЕ !!
Ајван Доктор®, 25.06.2012 11:32:09
Непобитно е дека историјата се пишува според желбата,наспроти фактите!Невозможно е за некој кој себеси се претставувал за Бугарин (така и се чувствувал) да го пишеме Македонец,само затоа што бил роден на територијата која денес се нарекува Македонија!Примери има многу:Самуил „раб божји и цар на Б’лгарите“ (иако Евреин,неговото царство било продолжение на бугарското),Миладиновци со „Б’лгарски народни песни“кои станаа „Македонски“,создадената од бугарската воена служба ВМРО,чии дејци чекале создавање на Гољама Бугарија,а на автономијата на Македонија и Одринско гледале како на „един етап за бъдещето им присъединяване към общото Българско“(Г.Делчев),или Шатев и Брашнаров на кои им пречела идејата на КПЈ за анексија на Егеј и Пирин од Југославија,затоа што „тоа не им одговара на интересите на Б’лгарија“,денес херои на „самобитноста“!Се обидуваат да ги преточат во македонски герои дури и сатрапите Александров и Махајлов! www.ajvandoktor.blogspot.com/2010/08/blog-post_31.html
Do Petre, 25.06.2012 11:36:55
Бидејќи по поделбата на областа Македонија меѓу Бугарија и Грција (во 1913) беше направена размена на население и потоа Бугарите практично не останаа.
od prilepcanec, 25.06.2012 13:10:50
za seto ovae kriv dpmne od koga dojdoa tie na vlast se dogovorija dase skrati rokot za bugarsko drzavjanstvo za pobrzo dane nema nas makedoncite nasive prodaeni vmroovcina ceimgo preporacam dago pogledaat filmot od francuska produkcija pada se zasramat zosto e prodavaat istorijata za vlas filmotse vika posledniot beg na balkanot avigo preporacuvam i na site makedonci dago pogledaat dae vidat vistinata za makedonija
Vojo od Hag, 25.06.2012 13:36:55
Bez ogled na ova drsko meshanje na bugarite vo nashite raboti, treba da postapuvame razumno i smireno t.e. korektno. Po moznost, ovakvite postapki da gi preskoknuvame, a da gi potencirame dobrite, koi sepak gi ima. Mora da priznaeme, koga ni beshe najteshhko, tie ni pomognaa, a ako zatreba, i povtorno ke ni pomognat, pa makar nemale i za sebe. Dobroto treba da se ceni i pochituva, a ne da se po nego pluka, kako npr po Tito. Inache za Tito se apsolutno vo pravo, so napomena, deka toj ne ne izmislil, nego ne *verifikuval* t.e. priznal kako narod i drzava, shto do togaj nikoj ne sakal ni da pomisli takvo neshto. A za samata debata, shteta da ne go povikale dr.Voislav Sheshelj, pa da ja slushnat negovata istorija i teza. A i nekoi nashi istorichari slichni na onie od trkaleznata masa i spomenatiot doktor, samo so sprotivni ubeduvanja. Bi bilo zanimlivo, namesto monotono i dosadno.
VP, 25.06.2012 13:50:47
Во текстот на Jовановска се резимира бугарската непоследователност. Ако Бугарија си дозволи да има претензии кон Македонија - тоа би можело да биде само пo линија на индивидуални човекови права, плус можеби поддршка на споменици. Истовремено Бугарија треба да бара можности за одржување на автентичните македонски јазик и нација - еден од начините тоа да се случи е воведување на македонистика на катедрите за словенска филологија во Бугарија. Проблемот на Македонија е многу повеќе во денешната поделба на антички, jyгословени, србо-македонци, бугарофили - на тој начин мнозинството во Македонија како компактен етнос во суштина се Албанците - та иднината на Македонија зависи од добрата волја на Албанците и Грците... А тоа што се случува во Софија е само бура во чаша вода - за да не кажеме нешто повеќе - за жал Бугарија не е во состојба да даде одговор на овие проблеми и прашања.
Горан, 25.06.2012 13:58:04
да ги потсетиме нашите пријатели во Бугарија да се потсетат за в`зродителниот процес 1988-89 г. кога насилно им ги менуваа имињата на турците во Бугарија,а тие што не сакаа ги протеруваа од државата. Процес кој се случуваше пред 20 години, а не го памтат а камоли што било 1913 г. или порано. Браќа Бугари Ве молиме да не оставите да си живееме на мир.
Od Velimir S. Toronto, 25.06.2012 14:09:02
Vremeto si go pravi svoeto. Lugeto go bubat toa sto im go napisala istorijata na SFRJ. Filmovite, bratstvoto i edinstvoto....Od drugata strana i nemavme kontakt. Ne smeese da se zucne. Vednaga na peglanje vo policijata. I zidovite imaa usi. Im izmislivme bezbroj vicovi za glupavite Bugari, sto uste tolku pridonese za nevidena i za mene neobjasniva omrazija sprema Blgarite. Tolku se zapletkavme i so ovaa antikvizacijata sto veke i cavkata ne negira. Makedoncite se nova nacija. Korenot im e Blgarski. Toa e istoriski fakt. I ne tresete gluposti deka dedo ti i pradedo ti bile odsekogas Makedonci. Do vtora svetska vojna nacija Makedonec ne postoi. Cukntete gi tie glavite zosto? Zosto samo nas ne negira cel svet? Nikoj drug samo nasiot jazik, crkva, nacija? Treba ednostavno da se izraboti zaednicki koncept za idninata. Vaka veke dojdovme do zid pozicija. Istorijata mora da se konsolidira. Lazgite ne ni odat vo prilog. Eve do sto dojdovme. Se lazevme decenii i nisto Omrazija i izoliranost
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 25.06.2012 14:38:20
Sto se zanesuvate.Bugarija prizna samo teritorija RM.Toa e trik nivni,a nie ne sme naivni. Ne veruvajte im na niv,polosi se od Grcite. No i nim ce im dojde krajot.
Ристо Андов, 25.06.2012 15:09:43
Според мене, кој ја памети и ја истрпе бугарската фашистичка окупација на дел од територијата на денешна Р. Македонија, бугарската подлост кон Македонија и Македонците еве продолжува да опстојува! Се додека е така, Бугарите остануваат да бидат сметани за Татари од вистинските Македонци во смисла на нешто крајно далечно, доселено од бестрага! Таквото чувство кај Македонците еве постојано се зголемува со постојано искажуваните бесмислици и глупости, како оние на форумот во Софија. Впрочем, ги разбирам Бугарско-татарските номенклатури! Во демократска Европа без граници, повеќе од сигурно е дека бројот на Македонците во Бугарија толку ќе се зголеми, така да бугарското име ќе ја изгуби смислата!
Damjan, 25.06.2012 15:22:58
Филозофот Павлов, тестаментално ги забележал генетските разлики меѓу Македонците и Бугарите. Патрирахот Кирил бугарски, во својата книга посветена на Кресненското востание од 1878 година, покрај генералната определба дека тоа е МАКЕДОНСКО, потпирајќи се на арехивски документи, го дава и националниот состав на востаниците: Македонец, Србин, Босанец, Грк, Бугарин...Тоа не е времето на Тито, или Коминтерната. Кон средината на дваесетите години од минатиот век во Америка е издаден Атлас на светските јазици. Во семејството на СЛОВЕНСКИТЕ, своето место како посебен јазик го зазема и МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Секако не по заложба на Тито, ниту од Коминтерната. А што се однесува на реакциите од некои бугарски еврокомесари и интелектуалци, главно задоени и заболени од неизлечивиот вирус на антимакедонизмот, не треба да се земаат како пројава на рационални умови, туку дебело индоктринирани, од времето на бугарскиот ,,РЕАЛЕН СОЦИЈАЛИЗАМ,, кога и на Турците и на Ромите насилно им ги менуваа имињата.
od BG, 25.06.2012 15:31:52
Вистина ли мислите професоре дека Македонец би сторил такво злодело врз својот народ??? Covekot izdal presudata e od Kriva palanka, ubieni se bidejki bile komunisti.
borce, 25.06.2012 15:49:50
Neznam sto da napisam...da se iznacudi covek. Ne si gi gledaat problemite tamu kaj niv...ne priznavaat deka vo pirinskiot del ima luge sto se identifikuvaat kako Makedonci a baraat za vozvrat da priznaeme nekakvi si Bugari tuka. Deka na vremeto imalo luge sto se identifikuvale kako Bugari, imalo, megutoa deka makedonija ja sozdal Tito vo 1945 godina e edna golema nebuloza. Na popisot vo pirinskiot del na makedonija, vo 1946 godina se identifikuvale okolu 190 iljadi luge kako makedonci, posle 10 godini ostanale samo 10-ina iljadi. Epa kazete mi bre demokrati nizaedni kako za 10-ina godini moze brojot na Makedoncite da se namali za recisi 200 procenti. Tuku jasno e se...site gi koristite okolnostite za da izvlecete odredeni koncesii. Se soglasuvam samo so edna konstatacija a toa e deka mozebi generalno vo Makedonija imame negativno gledanje na Bugarite, i toa poveke otkolku sto bi trebalo, vo sporedba da receme so Srbite.
do neinformiranite, 25.06.2012 15:58:51
Onie vo istocnata sosedna drzava se lazat samite sebe.Nivni problem.Kakov Tito napravil nacija.Ni eden covek,a ni organizacii ne mozat da napravat nov narod.Onie vo istocnata sosedna drzava odbegnuvaat da kazat deka ima istoriski stari dokumenti vo arhivite vo Rusija kade sto pisuva deka vo 19 vek pod otomansko ropstvo imalo Makedonci po nacionalnost so makedonski jazik.Takvi stari dokumenti ima i vo arhivite vo Turcija koi gi pokazaa i gi donesoa delegaciite od tamu vo Makedonija.Dokumentot od 17 vek vo Vatikan jasno pisuva deka i vo 17 vek imalo Makedonci po nacionalnost so makedonski jazik.Ovie fakti bi trebalo da im se poznati na onie vo sosedstvoto.Onie Makedonci od egejskiot del na Makedonija sto ne izbegale vo istocniot sosed sekogas bile Makedonci i sega se toa i baraat prava od juzniot sosed,a onie sto izbegale vo istocniot sosed tamu bile pobugarceni.No i Makedoncite vo pirinsko koi ne se begalci i se avtohtoni baraat prava.
Gorann, 25.06.2012 19:41:27
Dali Makedoncite i bugarite poteknuvame od han asparuh ili poteknuvame od turko-bugarski plemina ili od onie narodi so konjski opaski na polu kelavite glavi oti i tie se prestaveni kako bugari ili od omart ,turgut i idrugi
sale, 25.06.2012 23:56:14
ke davale bugarite zolti kartoni i crveni.Ne znam od kade im taa samobendisanost koga nikoj ne gi smirgla i esapi.I samite se svesni kakva sitna boranija se ama ajde si pridavaat vaznost-kutrite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |