Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
28.06.2012, 18:02

Политика, и се' е можно! Црвенковски му го зеде менторот на Груевски

Поранешните премиери, чие жестоко политичко и идеолошко ривалство ги обележа почетоците на плурализмот, си подадоа рака за помирување и најавија сојузништво

Александра М. Митевска

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, кој во 2003 година го напушти кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, а пред неколку месеци ја презема лидерската позиција во вонпарламентарната ВМРО-Народна партија, прв пристигна вчера околу пладне во хотелот „Александар палас“, на многунајавуваната средба со неговиот главен политички противник од првата декада на плурализмот.

Пет минути подоцна дојде и поранешниот претседател на државата и премиер Бранко Црвенковски, кој во 2009 година се врати на чело на СДСМ, меѓу другото, поставувајќи си за цел да ја обедини опозицијата против Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Георгиевски се покажа како посакуван сојузник за таа агенда, поради тоа што во последните години неговото ривалство со социјалдемократите падна во сенка на несогласувања што искрснаа со премиерот Никола Груевски.

Овој пат ја немаше напрегнатоста која доминираше за време на изборната кампањата во 2002, кога Црвенковски го собори Георгиевски од премиерскиот трон. Атмосферата на оваа средба беше многу порелаксирана и од онаа пред околу 14 години, кога се одигра нивното последно телевизиско соочување како кандидати за премиер, а кое до ден денесе се раскажува поради личните дисквалификации што си ги разменија...

Поранешните премиери, вчера, срдечно се ракуваа, а по средбата зад затворени врати, што траеше помалку од еден час, изјавија дека меѓу нив се' уште има политички разлики, ама дека точките што ги спојуваат, во овој момент, се побројни и посуштински за ид��ината на државата.

„Во изминатите 20 години сме биле жестоки противници и за многу прашања сме имале спротивставени ставови, сме воделе тешки политички битки. Но, и тогаш имало ситуации, кога сме биле обврзани да соработуваме за прашања од големо значење, како референдумот за независноста во 1991 и донесувањето на Уставот, како и во широката владина коалиција за време на конфликтот во 2001“, рече Црвенковски. Потоа, тој оцени дека Македонија се соочува денес со исти тешки предизвици како во 1991 и 2001 и дека затоа имаат обврска да направат се' за државата, како што рече, да се врати на вистинскиот пат.

Георгиевски ги сублимираше во три најважни точки прашањата за кои се согласуваат со Црвенковски дека државата оди во погрешна насока: загрозена демократија, меѓународна изолација и економски дебакл.

Како едно од прашањата околу кои имаат разлики Црвенковски го спомена односот кон контроверзните личности од историјатот на македонската битка за самобитност. Конкретно, запрашан дали меѓу нив има договор за Тодор Александров, Црвенковски одговори: „За Александров имаме разлики во гледањата, меѓутоа поважно е тоа дека за Груевски и неговата погубна политика немаме разлики“.

Црвенковски и Георгиевски најавија дека во наредниот период ќе ја интензивираат комуникацијата и рекоа дека времето ќе покаже дали тоа ќе резултира и со формална предизборна коалиција. „Ова беше само почеток на еден процес и јас би рекол оптимистички почеток на тој процес“, оцени лидерот на СДСМ.

Теренот за оваа нивна средба очи в очи на јавна сцена, долго време се подготвуваше. Претходно, лидерот на СДСМ си подаде рака за помирување со раководството на ЛДП, старите и долгогодишни партнери на социјалдемократите. Потоа следуваше средба на Црвенковски со раководствата на идеолошки спротиставените Достоинство и Обединети за Македонија. Средбата со ВМРО-НП, иако беше последна, очекувано, предизвика најмногу внимание и најголеми реакции во јавноста.

Во 2006 година раководството на СДСМ го означи „флертот“ на тогашниот партиски лидер Владо Бучковски со ВМРО-НП како една од причините за изборниот пораз на партијата. Пред минатогодишните избори, пак, Георгиевски го навлече револтот на дел од членството на Народна, кога изјави дека СДСМ сега му е поблиска опција за соработка. Но, резултатите од ланските избори јасно покажаа дека самостојниот изборен настап на помалите партии значи само растурање на опозициските гласови во прилог на власта.

Познавачите на состојбите во двете партии сега не очекуваат поправените релации меѓу Црвенковски и Георгиевски да предизвикаат незадоволство кај нивното гласачко тело. Во изјава за Радио Слободна Европа, Бучковски оценува дека поддржувач��те на СДСМ позитивно ќе реагираат, бидејќи им требаат гласовите на помалите партии, ако сакаат да победат на изборите. Професорот Јове Кекеновски, пак, смета дека проблем може да бидат оние кои ќе се најдат „идеолошки затечени“ од новата коалиција, ама дека и на нив „ќе им се објасни“ дека спасувањето на Македонија е над се'.


Статијата е прочитана 7069 пати.

Испрати коментар



Полемика - Улогата на Грција е маргинална, решаваат САД. Со прашањето за идентитетот се манипулира јавноста
МПЦ се засили со двајца епископи
Македонија чека влада со волја во Грција
Анкета - Во Кисела Вода летоци против Тодор Александров
Канал 5 ќе се жали на казната
Интервју - По Хрватска, ЕУ ќе се занимава со својот опстанок



jovan, 29.06.2012 00:15:32
Bez razlika dali ovaa sorabotka/koalicija e prirodna ili neprirodna, losa ili dobra, fakt e deka ke bide OPASNA za DPMNE. Najinteresno ke bide kako i so sto ke odgovorat/sprotistavat na ovaa *strategija* no i dali voopsto ke opstane ovaa *koalicija* do slednata godina/lokalnite izbor/. Svasta ke pokusavaat za da ovoj *sojuz* go rasturat, a sto ke pokusavaat, ke bide najinteresnoto nesto. Ke ima dobra *zabava*.
gimi, 29.06.2012 00:32:58
Има една песна од Владо Георгиев која за оваа пригода ми се чини како најприкладен коментар.Таа во еден дел вели вака „Лажу те, зар не видиш ни на шта не личе ....“
Vane-Kavadarci, 29.06.2012 04:30:07
Трагикомично !!!
P.Petar, 29.06.2012 06:07:12
Koj moze da rece deka nemame bogata partiska lepeza!! Na edna strana Patrioti i Balisti na druga Kvazisocijalisti i Vancovisti !Dokolku osvojat vlast ovie vtorive edinstvena promena ke bide taa sto slusalkite na pratenicite ke primaat signal na bugarski jazik. Se plasam da ne dojdeme vo sostojba koga ke ja zapeeme onaa A,bre Makedonce ,svesti se sega,borba te ceka za SPAS na Makedonija!!
martina, 29.06.2012 06:08:43
n.g e pred raspad nema povejke na koj nacin da manipulira so izborite ,lokalnite gi gubi sigurno,bez ili so pravenje na ovaa opoziciska koalicija.pa belki ke ja ogree sonce i makedonija posle 6 godisen mrak
Boban-Prilep, 29.06.2012 06:35:55
Борба за власт е голема страст. Како и во сексот,понекогаш не е важно кој е партнерот! :)
Ivan, 29.06.2012 08:06:25
koga mozese grujo da gi vnese vo vmro site srpski kolonisti zosto da ne mozat branko i ljupco zaedno!!!!!!!!!!!
Venco, 29.06.2012 08:45:13
Pa ne li mu e na narodot jasno, deka bas tie dvajcata najmnogi i nastetija na drzavata. Tie dvajzate nesposoobnite, da ja vodat drzavata isto taka vo nesposobnost. Ednoit cak i ke ja izgubese za malku, drugiot ja vodese vo dupka. A sto ke bide ako i dvajcata se na vlast? Pa moze da se predpostavi. Dosta so nesposobni luge na celo. Toa vodi samo vo propast.
Тето, 29.06.2012 08:47:34
За жал допрено е дното во македонскиот политички живот. Уште еднаш се потврди дека за да се остварат личните цели не се бира ни средства ни место ни време. И едно прашање до новинарот за насловот. Како може Љубчо да му биде ментор на Бранко кога Бранко ем е постар ем подолго извршува високи државни функци? Но најжално од се е што сите медиуми се прочитани и нема никаква објективност.
trajko, 29.06.2012 08:50:26
Sto e tuka cudno??? Kaj nas na ista masa sedat luge sto do vcera se pukaa i nisanea eden vo drug a i luge sto ni ubivaa vojnici a ne pak Ljubco i Branko....sto e pocudno vo voj slucaj?
Miki, 29.06.2012 08:58:19
Eee moi DPMNE-vcinja, imase edna pesna na vremeto *Sve sto je lepo ima kraj*! Sest godini sevlastie, nasilie, polnenje na dzebovite, oholost, cinizam..E na toa mu ide krajot, a i vie Bogami si znaete deka sekoja smetka koga-togas stignuva na vrata...
Oliver, 29.06.2012 09:01:32
Tie so ni ja skroja kapata sega ke ne spasvat,ako nee tragicno e epten smesno.
DOLNO VODNO, 29.06.2012 10:01:17
Na denesnovo vreme-nevreme sto ja snajde Makedonija, veke ne e vazno, dali ovaa koalicija e prirodna ili ne. Vazno e da bidat site zaedno soglasni deka vaka , so ovaa Vlast, poveke ne ne biduva !Ne e prirodna i segasnava koalicija sto go *krasi*Parlamentot,ama prvite llcnosti se izdogovorija okulu nivnite licni iteresi i nim *im odi*,a pratenicite samo digaat raka za *DA* ! Vidovm kako se izglasuvaa najvazne drzavni zakoni kako sto znaeme,a se pravime*tosho*, kako VMRO gi dobi posednite izbori.. Borbata za spas od denesnicava ke im bide teska na idnive *neprirodni* sorabotnic, oti Gebels, nema da miruvai i ke izmisluva uste mnogu finti za da gi onevozmozi.Na narodot mu ostanuva da ja pomogeme ovaa sorabotka, bez razlika dali go sakam ili ne Ljubco,komu imame mnogu sto da mu zamerime. Ne se soglasuvam so JOVAN deka ke ima *dobra zabava*, na protiv, ke ima teski udari,bolkata bez zabava ke ja osetime nie gragjanite na sto ne trebe da ostaneme samo raja,poslushnici na Gebels
eli, 29.06.2012 10:09:36
luge sfatete deka toneme osven ovie dvajca jas ne gledam deka nekoj drug se nafaca vo ovaa ludilo koga navistina nisto ne odi i non stop zadolzuvanje po stranski banki do koga i kako se ke vratime se plasam navistina pa ne gi kritikuvajte se soedinile pa toa e dobro pa imaat bar nekoe iskustvo edniot bese predsedatel drugiot premier pa neka napravat nesto za ovaa drzava ako ima nekoja druga opcija kade se sto ne se javat pa narodot neka izbere lesno e od strana da se kritikuva no drzavata ni tone veruvajte mora nekoja korekcija dosta so kritika gledajte kade sme i sto sme
Hari, 29.06.2012 10:39:40
Stabot na dpmne vo panika. Sto li ke napravi dpmne sega ako do sega potrosi milioni evra za ocrnuvanje na Branko? Vo Vtorata svetovna vojna Zapadot se zdruzi so Stalin so edna cel , da se pobedi fasizmot. Istata pricina e i sega, sojuz na Branko-tvorec na drzava i Ljupco(demokratijata bese na nivo vo negovo vreme a i kriminalot) da se pobedi ednoumieto, fasizmot i pljackta na drzavta.
sando novoselec Ljubljana, 29.06.2012 10:40:45
poranešnite primieri Crvenkovski i Georgievski od primieri otidoa vo Makedonski grobari taj komentar znam oti ne go objavuvate i vesnicite se partijski razdeleni
Миле - Охрид, 29.06.2012 10:42:27
Љубчо, Бранко и уште неклоку други „лидери“ (Андов, Петкоски, Жерновски...) нема интерес да се враќа на политичка сцена каде што имаат доживеано страшно фијаско. Тие би ја напуштиле политиката. Би побегнале. Ама не можат. Ги држат за ...нешто (за брада) оние на кои им должат. Нив ги спои незавршената обврски спрема странскиите антимакедонски служби, чии заложници сеуште се. Тие имаат некому ветено дека ќе го сменат името на Република Македонија. Сега од нив се бара да го исполнат ветеното. Сега, кутрите, мараат под притисок да прават чудни сојузи и да го убедуваат народот во нешто во што и тие самите не веруваат. Така е кога со ѓаволот се садат тикви . Еден ден тој (ѓаволот) доаѓа да го наплати своето. За несреќа жртва е народот на Република Македонија. А, за среќа Македонија и Македонците паметат. Шанса ќе им дадат само на оние кои имаат јасни, промакедонски- патриотски ( а не антимакедонски-шовинистички) ставови кон шовинистичките уцени за промена на името на Република Македонија
Prijatel, 29.06.2012 10:50:18
Gospodo, Makedonija veke nikoj ne ja esapi regionalno. Kosovo za nas e reper za reformi, Albanija e chlenka na NATO, Crna Gora de fakto chlenka na EU a Srbija e demokratska zemja so cel da se prikluchi kon EU do kraj na godinava. Bosna, mnogu brzo ke pochne pregovori so EU. Makedonija e zemja so politichki zatvorenici, zatvoreni mediumi, kazneti novinari, uceneti biznismeni i protivnici na rezhimot. Zoshto nekoj bi se chudel dokolku lugjeto i politicharite se organiziraat i zdruzhuvaat so edna cel, da go urnat ovoj rezhim?
tihi, 29.06.2012 11:10:05
Na shto li spadnavte bre drugari.Pa znaete li deka Grujo chasti posle ovaa informacija.Kako lichno toj da gi plakja da go pravat ova.Pazi molimte Ljubcho i Branko ,Mirko i Slavko ,Boro i Ramiz kje ja spasuvaat Makedonija.Za vasha informacija vo megjuvreme e izmislena mobilnata telefonija i internet ako ne ste znaele.A ako znaete i svesno go podrghuvate ova ,togash ste za zhalenje.
девичанецот, 29.06.2012 11:36:12
Пензионерот и со црниот ѓавол ќе направи коалиција, само да се добере некако до власта. Ама изгледа се се тоа негови неостварливи соништа!
pile, 29.06.2012 12:06:52
,,..загрозена демократија, меѓународна изолација и економски дебакл..(Lj.G.),podrzjano od sodrzjinata na izvestaite na EK,Stejt departmentot na SAD,Amnesti internesenel,Helsinskiot komitet za covekovi prava na R.Makedonija za 2011 godina,se izednacuva so elementarna nepogoda za razvojot na drzjavata.Pri elementarni i slicni nepogodi SITE vklucitelno i DUI i pomalite partii vo vlkasta, se stavaat vo funkcija na spas od nepogodata.A taa e vidliva i detrektirana so svoi sofisticirani osobenosati za da se opstoi na vlast.A zapocna so politicka presmetka so site neistomislenici, so instaliranje na svoi kadri vo sekoja institucija i selektivna primena na zakonite so seenje na strav preku selektivna pravda,za da dojde do nivo na prilagoduvanje na zakonite spored svoi potrebi za opstojuvanje na Vlast.Vakviot spas od nepogodata citaj Gruevski i familijata, treba da evoluira vo Vlada na nacionalno edinstvo a ne vo refeerndum na lokalnite izbori vo mart 2013 godina,so sto ke se dokazje drzjavnic
dedo dimo, 29.06.2012 12:10:10
A shto ke bidi so Lubcho i Branko posle ova ?Ni na Sar planina za ovchari ne ke mozat rabota da fatat.Na zalost nekoj luge ne mozat poraz da prifatat a so toasami ke se unishtat.Dvajcata se potroshen materijal od pred nekoja godina.
stefan, 29.06.2012 12:15:01
nemam komentar!ova e krajot!ovie dvajca se za zalenje,jas neznam koj normalen ke glasa za grobarite na Makedonija!
Иван, 29.06.2012 12:22:10
Одсекогаш овие двајца имале големи разлики еден со друг . Па незнам само како може да се брук��ат пред јавноста и да прават коалиција од интереси . Само лаги и замаглени ветувања има од вас ништо друго . Бранко може да напушти политика , а ЉуБчо да си оди во Бугарија .. неговата родна земја .
Nikola HA8 9LR, 29.06.2012 12:58:34
Ludje be, dosta vekje so ovie dvajca likovi, zasto komentar voopsto...samo ignorirajte, pazete sto ke glasate, i daj da barame opcija vo nekogo drug, ako postoi nekade...Ili sto, ovaka ke bide se dodeka sekoj eden Makedonec ne se sredi, so partiski biznisi i vrabotuvanja, podrzuvajki vakvi sharlatani, i koga sekoj Makedonec ke ima po 3 miliona evra-se ke bide super !!??-pa nemoze be ludje, nema...ovaa drzava e vekje temelno iskradena...i dali nekoj voopsto primetuva deka se sto iskrale, trgaat nadvor, ej, Florida e vo optek !!-blagoevgrad nema vrska...
Predavnik, 29.06.2012 13:02:07
Mislam deka za poslednite izbori Ljubcho imashe najodmerena i najdobra kampanja, so shto stavi do znaenje da e sozreal kako politichar. Nazalost, go unishtija negovite *ne sozreani patrioti*, koi i vo ovie komentari plukaat po nego. E toa treba da go ima na um i Gruevski, koj patem e minoren vo odnos na nekogashniot vojvoda, bidejki istiot moment koga ke ja zagubi vlasta, go cheka istoto plukanje i unakzauvanje, od istite tie patrioti koi go sega velichat nego i plukat *bugarot*. E toa se tie *sitni dushi* gospodine Gruevski, koi vie gi narekuvate *narod* koj ve izbral i stoi zad vas. Jas bi im rekol: Ne, fala! A za spomenatata koalicija, najupotna e replikata na Tupurkovski na 14.Kongres na SKJ - ne principielna koalicija!
Zvonko.Kavadarci, 29.06.2012 13:58:06
So nekolku iljadi bugarski glasovi i iljada na LDP ssigurno nema da go pobedime Grujo a ova e sigurno i nas kraj samo videte se besime za slamka a mislite deka so ova ke go zadrzime Ace vo Ohrid kako gradonacalnik a gledate deka i stolicite im se nisaat na Zoki i Cic.Ako ova e vasa licna i moralna ogovornos da go pobedime DPMNE sigurno ste se izlagale pogolem samar nema da dobieme na slednite izbori,samo neznam kako ke e napustite SDSM ii ke bidete isfrlen kako sega ovoj bugarin so kogo koalicirame ili ke se povlecete kako toso andov a najverojatno po nasi kazano socijalisticki so aplauzi kad porazot ni e pretvoren vo pobeda e toa ne biva
do prijatel, 29.06.2012 16:24:49
Branko i Ljubco se zdruzija so cel da go smenat imeto,da ja napravat Makedonija celosno dvojazicna.No Makedoncite ne sakaat nisto od tie predavstva i zatoa i onie sto ne ja sakaat ovaa vlast ke glasaat za vlasta bidejki znaat deka vrakjanje na ovie dvajca na vlast ke znacese unistuvanje na Makedonija.Ti prijatel kako da ne si od planetava stom mislis deka Srbija,BiH se blisku do EU.I tie drzavi se mnogu daleku od EU i recisi nevozmozno da stanat clenki tamu.
afganistan, 29.06.2012 16:35:44
ne mi e jasno kako nekoi komentatori pisuvaat deka i ljubco e del od crnata tranzicija pa site privatizacii od negovo vreme nosat potpis na negoviot ministar za finansii Nikola Gruevski i sega Grujo e cist a ovoj e lopov .
Marjan, 29.06.2012 18:49:04
uste edno golemo RAZOCARUVANJE za makedonskata politika, ovaa koalicija e ednakva na propast za nasava drzava. Politicarite koi si ja podavaa topkata sekoi 4 godini konecno zaedno. SO ovaa koalicija samo mu pomagaat na gruevski da prodolzi so svojata diktatura.
prist, 29.06.2012 22:34:08
najgolemoto razocaruvanje sme nie makedonskiot narod bidejki koja e nashata opcija? B.C, ljubcho,stojan, dzingo... za 22 godini asolen ne se najde. pa zasluzuvame vakov rezim, zasluzuvame da ne cedat i cicaat. BRAVOS
evro-makedonec, 29.06.2012 22:49:25
Od site komentari se gleda deka seuste sme divi balkanci. Sto ima cudno, sto si podale raka Branko i Ljupco? Treba i grujo da im se prikluci, vlada na nacionalen spas.
alekso maliot, 29.06.2012 23:10:37
ova se politicari so ma...ja, a ne mizerni diktatorcinja so se silat samo koga ja imaat vlasta.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Ако Кина пропадне?!
На крајот и Кина почнува да „шлајфува“ - балонот во сферата на недвижностите почнува да напукнува, извозот се намалува, ...
Русинка играше покрај жртвите од сообраќајна несреќа
На сите руски телевизиски станици се појави шокантна снимка на жена која се смее и игра во близина на телата на настрада...
Канабисот е штетен за мозокот
Пушењето канабис за време на младоста штетно влијае врз мозокот, е заклучок на студијата на научници од Нов Зеланд, која...
Кои ќе бидат најбогати во 2050?
Можете ли да поверувате дека до 2050-та година Нигерија и Египет економски ќе ја престигнат Германија? А кои ли ќе бидат...
Покриени пред и зад камерите
Веќе еден месец Египќаните можат да ја гледаат телевизиска станица Мариа ТВ. Нејзината програма ја водат целосно покриен...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |