Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
28.08.2012, 15:02

Трае сообраќајниот грч на „Првомајска“

Граѓаните се исплашени за својата безбедност и реагираат на брзоплетото проширување

Бојан Шашевски

Продолжува хаосот на улицата „Првомајска“ во Кисела Вода. Се' уште е вистински терор да се минува по едно од поголемите градилишта во градот. Особено откако работите се интензивирани и се работи истовремено и на коловозот и на тротоарите, па по правливата улица не се знае кој каде минува и кој има предност, дали автомобилите или пешаците.

Градоначалникот Коце Трајановски неодамна ја посети „Првомајска“ и се пофали дека и покрај одредени проблеми кои се појавиле при реконструкцијата на сообраќајната артерија, со дополнителни напори ќе успеат да завршат пред утврдениот рок за изградба. Тоа значи уште побрзо и поинтензивно копање, бидејќи новоименуваната „Борис Трајковски“ есенва треба да биде претворена во проточен булевар. До тогаш возачите, велосипедистите, моторџиите и пешаците ќе бидат во тотален сообраќаен грч. Впрочем, како и цело лето. Кошмарот со минувањето улицата без тротоари, недогледливите колони, нервозното свирење, маглите од прав станаа дневна рутина на локалните жители и оние што работно циркулираат низ Кисела Вода.

Бескрајно долго пеколно лето за граѓаните од оваа општина. Свесни се дека откако ќе завршат градежните зафати ќе биде максимално растоварено движењето, но тоа треба да се издржи. Истовремено се исплашени за својата безбедност, бидејќи градежните работи се изведуваат без да биде обезбедена заштита за учесниците во сообраќајот. Луѓето реагираат на начинот на кој е организирана работата, особено на брзоплетото работење, кое не само што создава уште поголем метеж, туку може да придонесе и за неквалитетна изведба.

„Насекаде има дупки и земја. Расфрлан градежен материјал, огромни камења, разни жици, цевки. И тоа по местата за пешаци, па дури до зградите, пред самите влезови. Каде се тротоарите? По улица ли да се движиме, која и онака е стеснета? Ни се темни кога ќе помислиме дека треба да одиме кон центар. Неиздржливо е веќе... Да траеше една, две недели, но мислам дека се претера и веќе се претвори во изборна активност. Премногу се форсира копање и асфалтирање, а ние мораме да трпиме. Се губи смислата на градежната акција ако се дејствува на повеќе делови одеднаш“, смета Елена Стоматоска, жителка на општина Кисела Вода.

На делот на „Првомајска“ кај општинските бараки моментално работат камионите и багерите на „Жикол“. Еден од работниците вели дека нивните екипи секојдневно се караат со огорчени возачи и минувачи, но мораат да си ја завршат работата навреме.

„Знам дека сме трн во око за многумина. Им пречиме и на автомобилите и на автобусите. Но, работата не може да чека. Гледате и самите дека се работи со полна пареа. Плус, има пеколни жештини, па двојно сме ангажирани во попладневните термини“, вели работникот кој сакаше да остане анонимен.

Тој објасни дека од „Жикол“ се задолжени за раскопувањето, за шахтите и инсталациите околу коловозите, додека екипите на „Алпине бау“ за поплочување и асфалтирање.

Од Град Скопје веќе неколку пати соопштија дека градежните работи се одвиваат според динамиката планирана со роковите во изведбениот проект. Интензивните зафати ги оправдуваат со можноста „Првомајска“ да биде во оптимална возна состојба пред зимските месеци, со што ќе се избегнат големите метежи и ќе има нормални услови за сообраќај. Како поволна околност за забрзувањето на летните градежни активности ја посочија намалената фреквенција на граѓаните поради годишните одмори и апелираа до учесниците до сообраќајот да се придржуваат кон поставената сигнализација и да бидат трпеливи уште малк��.

Инаку, во должина од 2,5 километри проектот на градските власти предвидува реконструирање на две делници од сообраќајницата, од „Рампа“ до раскрсницата со улицата „Народни херои“ и од раскрсницата со булеварот „Србија“ до влезот на поранешна „Стакларница“. Со реконструкцијата новоименуваната „Борис Трајковски“ ќе има четири коловозни летни, широки по 3,5 метри, пешачка и велосипедска патека, ново осветление, атмосферска канализација, клупи, канти за отпадоци, дрвореди. Проектот е вреден 4 милиони евра.


Статијата е прочитана 1058 пати.

Испрати коментар



„Технометал Вардар“ ќе го набави пајтонот
Уништен тревникот пред Зоолошка



demokrat, 29.08.2012 01:52:15
,,...и апелираа до учесниците до сообраќајот да се придржуваат кон поставената сигнализација...,, Koja signalizacija nepismenjaci. Ova e cist haos, katastrofa! Dupki nasekade, prasina, iskopana cela lenta i ostavena bez zastitna ograda, bez pateka za pesacite, kolovoznata lenta po koja nekako se trkalat avtomobilite uste malko ke progolta nekoj, so eden zbor KATASTROFA!
Stavre, 29.08.2012 08:57:16
Само уште нешто да додадам. Сега навистина барем се работи и се гледа дека нешто се работи. Но во изминатите месеци, со денови и недели немаше тројца работници на целата улица. Стои раскопано и стои и стои... Да се работеше вака, за месец дена се ќе беше готово, но македонче не е македонче ако не мисли дека за да изгледа дека се работи, треба долго да се работи за да и баби кои еднаш годишно искачаат до град да приметат дека се работи, а не брзо и квалитетно. А освен тоа, далеку беа изборите, а сега се блиску.
Gjorgji, 29.08.2012 09:27:27
Sekoj koj moze prodlaboceno da razmisluva bi bil sreken sto se resava najgolemiot problem na K.Voda - soobrakajot. Otkako K.Voda stana najatraktivnoto mesto za ziveenje i pola Skopje se preseli vo novogradbite vo K.Voda, se pojavi problemot so soobrakajot, t.e. nemoznost za normalen protok na vozilata, za nautro zitelite da mozat navreme da stignat na rabota, na uciliste i sl. Zatoa, ova (itno) resavanje na najgolemiot problem na K.Voda mozat da go kritikuvaat samo zlobnici. Fakt e deka nasekade se raboti, no vo sproveduvanje na eden vakov potfat normalno e da se pojavi i nervoza kaj zitelite. Treba da sme srekni sto dinamikata vo rabotata navistina e golema i so maksimalna angaziranost se raboti za sto poskoro bulevarot da bide zavrsen. Blagodetite za zitelite na K.Voda od ovoj proekt mnogu brgu ke gi stavat vo zaborav nervozite koi sega (objektivno) se javuvaat kaj poedinci. I za na kraj....ne davajte politicki prizvuk (izbori i drugi kvalifikacii) na nesto sto e blagodet za site.
прашинар, 29.08.2012 10:19:13
Не ме нервира што има прашина ами тоа што се работи со невидено смалено темпо.Ако тоа за работникот е што ја дава изјавата е ударничко темпо,кеаде ке ни биде крајот.Оваа операција требаше да заврши најдоцна за два до три месеца.Од март месец се почнати активностите.Очигледно е дека се чека ат некакви избори или слично за да се докрајчи работата.Каде е западноевропското искуство .На вакви зафати се работи непрекинато и во вечерните ласови.Само погледајте половина час ��ако работат работниците на Жикол и се ке ви биде јасно.на некои рачката од лопатата на која се потпираат ке им влезе в газ од силната работа .што е добро добро е ама и што е долго ептен е долго.
vv, 29.08.2012 10:56:43
Нека ми објасни некој што со децата кои од понеделник почнуваат со настава и патуваат со автобус? Дали ќе има некој да ги заштити кога ја преминуваат улицата?
В. Кратовалиев, 29.08.2012 11:50:36
Колку повеке се гради, колку повеке Скопје го менува својот лик, толку повеке нервозни политичари, новинари, па, секако и *партиски неопределени, но загрижени граѓани*, де од сообраќајниот хаос, де од маглите од прав, а со кои нешта, Кисела Вода со децении беше препознатлива, но за месец или два сето тоа ке биде минато. Но нервозата не е од градењето и пропратните проблеми, туку неможноста на поранешните тнр. градоначалници, /но и на тие близу до нив/, да објаснат ШТО РАБОТЕЛЕ, КОГА НИШТО НЕРАБОТЕЛЕ, па го ос��аваа градот онаков каков го затекнуваа. Значи за некои, пред непосредните локални избори, сериозен проблем ке им биде новоизградениот булевар со *четири коловозни летни, широки по 3,5 метри, пешачка и велосипедска патека, ново осветление, атмосферска канализација, клупи, канти за отпадоци, дрвореди.*, а времето за да се стигне од Драчево до центарот на градот неколкукратно ке се намали. Е тоа им е маката, а не сообраќајниот метеж и багерите и камионите на Жикол!
jordan, 29.08.2012 12:42:17
sekoja cest za proshiruvanjeto na bulevator.duri nekoi od komentatorite ubavo kaza.deka od dracevo do centar na skopje ke se stiga mnogu pobrzo.i e vo pravo.samo sto mene edna rabota ne mi e jasna.pa vo celiot normalen svet se gradi bulevar preku nok(sto se vika) a vo skopje se gradi celo leto.znaci ne se raboti toa koj za koja politicka partija e.ne se raboti za napaganje na izgradbata na bilevarot.tuku se raboti za neefikasnosta na gradskite vlasti....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...
600 острови на пазарот низ светот
Дали приватните острови излегуваат од мода? Елита ги напушта своите луксузни острови, додека сопствениците наидуваат на ...
Ако Кина пропадне?!
На крајот и Кина почнува да „шлајфува“ - балонот во сферата на недвижностите почнува да напукнува, извозот се намалува, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |