Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.06.2012, 16:31

Мое ќоше

Не ја давам мојата улица

Ерол Ризаов

Да ја одбраниме „Водњанска“, им порача Унковски јавно на водњанци

Политички мотивираната и идеологизирана папазјанија што ја зготви власта со масовното прекрстување на улиците и мостовите се' уште предизвикува револт кај голем број скопјани. Слободан Унковски, познатиот театарски режисер и универзитетски професор, повторно ја изненади јавноста со невообичаен апел за наши дремливи прилики. Тој во ТВ-емисијата на Оливера Трајковска ги повика водњанци да ја одбранат својата улица „Водњанска“. Се разбира, Унковски, како и сите скопјани нема ништо против нобеловката Мајка Тереза, чие име по волја на градските власти треба да ја носи старата позната улица што се извива накај Водно. Напротив, Унковски знае дека и самата мајка Тереза, која е светски синоним на милиосрдие, не би прифатила да се брише со нејзиното име една легенда, традиција и убави спомени на нејзините сограѓани, за нивното маало и улица чие име нема ама баш никаква политичка, идеолошка, партиска, национална, етничка и верска или каква било асоцијација освен на нашето омилено и опеано Водно. Нешто попоетично и поеколошки здравје. Интересно е што световното име на Мајка Тереза, Гонџа, на турски јазик значи нерасцветана роза, пупка.

Водно има силни и здрави момци кои ќе знаат да ја одбранат својата улица и достоинството на маалото и на градот Скопје. Унковски им испрати таква порака бидејќи нема друг начин да ги бранат своите спомени од натрапници кои сакаат да им ги украдат сеќавањата насила. Не знам дали подостарените водњанци кои некогаш пред речиси половина век не' пречекуваа како на трошарина да не' претресат кога се враќаме од Водно и да проверат колку бадеми сме набрале, сега имаат таква желба и мотив да ја одбранат од заборав својата улица, но мене еден силен глас во пустина, на еден умен и храбар човек повторно ми влева надеж дека не е се' изгубено во земјата безнадежија. Ако старите водњанци се уморни, си велам, можеби нивните деца нема да ја дадат улицата на нивните татковци и дедовци. Па конечно и да стават една табла на која ќе пишува „Мајка Тереза“ иако тоа име мене повеќе ми прилега за државната болница, мислам дека тоа ќе остане само ламарина залепена на sид. „Водњанска“ останува за навек, кај скопјани.

Дали е тоа баш така деновиве случајно тестирав на оригинален и, според мене, на најдобар начин. Еве го резултатот, вреди да го споделам со вас: влегов навечер во центарот на Скопје во такси. Последниве години забележувам кај скопските таксисти срамно незнаење на познати скопски улици и карактеристични места. Му велам помалку на мајтап на таксистот да ме вози на улица „Мајка Тереза“, убеден дека абер нема каде е тоа. Налетав на тврдо. Човекот кимна со глава и почна испитувачки да ме гледа од возачкото огледало. А, каде на Мајка Тереза, ми возврати иронично. Кај Шинтер, го враќам ударот. Мало не толку познато меанче, карши школото „Кочо Рацин“ кај што навечер читам весници и кај што се лажеме со рибарите. Намерно не споменувам „Водњанска“. А дали сакате да одиме преку улицата „Аминта Трети“ или преку „Тодор Алексадров“, поентира таксистот. И двајцата прснавме во смеење. Јас сум стар скопјанец, водњанец, прво мислев да не си од овие, античките, ама гледам нешто си ми познат, ми текна кој си. Си викам новинарот си прави шеги, чекај ќе му вратам. Знаеш, еднаш комунистите не' иселија насила, со зорт, за да направат вили и резиденции за себе, затоа местото каде што сме сега го викаме меѓу нас Зорле. Црвените никогаш не ги сакавме оти не' избркаа од нашите огништа. Ама, брат, овие се бетер, сега во ова време да го менуваш името на „Водњанска“ е чиста пакост која не им служи на чест. Кому може да му пречи име „Водњанска“. Верувајте ми, нема водњанец кој не се лути, а да ти кажам искрено најмногу се бесни вмровците. Ги засрамија нивните. Ги купија куќите од црвената буржоазија, па сега аздисуваат и ќе менуваат имиња на улици без да прашаат никого. Ова да го направеа сдсмовците ќе дигневме револуција. Се подготвуваат да одат кај Груевски да се жалат да се поништи одлуката. Се обложувам дека Грујо ќе им сврши работа. Знае дека ако не го направи тоа, на Водно губи сто нула. Ама, не знам што ќе прави со Тодор Александров. Ако сакаат да го стават во музеј, нека го стават, на кого му е ќеф нека оди да го гледа. Моја нога таму не стапнува, ама да го стават на таблите по улица и да ти стои во џеб во лична карта Тодор Александров, човекот што закла се' што беше учено Македонче е тоа не ми оди во глава, да ме убиеш. Го заврши својот монолог таксистот водњанец од Зорле. Јас немам ништо да додадам. Излишно е. Додека има вакви како него и како Унко, има надеж.


Статијата е прочитана 3594 пати.

Испрати коментар



Културна шема
СДСМ во Куманово
СДСМ остави затворени фабрики и раскрчмен имот
Груевски
Блокиран изборот на судии во Судскиот совет поради игрите на ДУИ
Иванов ем ги поддржува преговорите ем бара Грција да не' вика Република Македонија
Бугарија подготвува црвен картон за Македонија во ЕУ



Del od *politichkite* ulici treba da se smenat, no ne zorle i ne kako jas mislam ili sakam, 25.06.2012 00:28:54
Bravo za taksistot, ja kaza vistinata za crvenite i svoite. E zatoa placheme za crvenite, shto e ova beter od beter, a ne poradi bezgreshnosta na togashniot sitem, nashata mladost, kreditite od koi se dobro ziveelo (patem sega e samo MK dolzna kako YU) i shto li ne drugo. Poglednete samo kako se izvede akcijata so promena na iminjata na ulicite, a iskljuchivo po zelba na velichenstveniot. Totalno ne demokratski, bi rekol nasilnichki, po sekoja cena (vo fashistichki duh), bez nimalku respekt kon parlamentarnta demokratija i osecanjata na ludjeto koi od svoeto radjanje ziveat na tie ulici i se soziveeni so tie iminja. Pa so koja pamet se taka raboti? Opravduvanjeto e *a tie*! Kakvo li drzavnichko razmisluvanje? No se mi se chini deka e ova generalna proba na *sistemot* za promena na imeto na drzavata. I po toj chin, patriotite ke nastapat vo crnogorskiot patriotski stil: Kako smo se junachki borili i hrabro povukli!
jovan, 25.06.2012 00:29:04
Ako Vodnjanci ne sakaat da im go menuvaat imeto na ulicata, dovolno e da se soberat, potpisat peticija , po potreba i neka organiziraat eden protest, pa rabotata ke se resi. Problemot e sto ni Vodnjanci, a i nikoj drug nema namera da se bori za svoeto. Zatoa ovie pravat sto sakaat. Znaat so sto narod imaat rabota.
P.Petar, 25.06.2012 00:57:46
Erole! Ima samo dve varijanti za se sto se slucuva so preimenuvanjeto na uluicite! Prvo:Sistematsko,takticko doblizuvanje NAKAJ Bugarija,Vtoro:Unistuvanje na sekakva memorija za Makedonija vo ramkite na Jugoslavija a sigurno po neciva direktiva. Starite rekle:Ne si ja seci grankata na koja stojis!! Mozes da padnes i tesko da se povredis pa i da zagines!Za mene ulicata Vodnjanska ke si ostane za sekogas a ulicata Todor Aleksandrov neka ja posetuvaat turisti od Bugarija!! Na majka Tereza neka i e slava!
STARA SKOPJANKA, 25.06.2012 02:09:35
Po objavuvanjeto promena na imeto na najpoznatoto ulicata od desniot breg na Vardar, Vodnjanska koja vodi od *starata rampa* pokraj *Savska*i Drzavnata bonca i se deli kaj*Koco Racin*;desno kon *seloto*Dolno Vodno, a levo kon *barutaanaa* ,si pomisliv deka ke nemaat snaga vodnjanci da si ja odbranat ulicata kako sto znaeva nekogas da ne branat nas pomladite od*tugjomaalci*.Unkovski kako minister go vidov i nador od Makedonja,neodamna go citav negoviot kurazen revolt protiv onie koi ni go unistija Skopje,so sto ni dava snaga so patokaz. Skopjanite mu se blagodarni!Vodnjanska ni e ulicata na godinite na nasata mladost i na mirnite godini na nasite riditeli,Iako sum rodena blisku do nekogsniot dom na Majka Tereza, ne e ubavo Vlasta da se majtapi so skojanite i da ne potcenuva.Ajde sto gi proteraa vodnjancite vo Zorle,a inaetdziite go izgradija cudnoto maalo ,*Za inat*,nema da ja predademe nasha Vodnjanska,po zelba na nekoj koj dovagja od Pusta breznica i ni soli multietnicvo.Vodnjan
USA, 25.06.2012 03:48:00
A, da se krenat Unko i takvi kako nego protiv Former Yugoslav Republic of Macedonia i da gi frlat pod noze tie sto se slozija so taa referenca?? Togas ke bidat heroi ne samo na mojata ulica.
mitre, 25.06.2012 07:17:03
За среќа, Охрид, Струмица и Куманово се спасија од овија натрапници............ дали ќе се спаси Македонија ќе видиме...............
Miki, 25.06.2012 08:37:54
Dijabolicniot proekt na DPMNE prodolzuva! Prvo da se smeni istorijata, sega da se unistat spomenite!!! Glavniot udar e nasocen kon Skopje, koe e (za zal) alfa i omega na drzavava, i tuka treba da se ozakoni zlostorot! Koga na opincite se im pomina, nasilieto, krazbata, primitivizmot - i ova ke pomine..Gjavolot ovde dosol po svoeto a likot site mu go gledame......
ak47, 25.06.2012 08:43:14
Imeto na drzhavata mozhelo da se dade, poshto za toj sluchaj bilo evropski da se kompromisira, a sega se zapenavivte za dve ulici. Kako sega chovek da ve razbere?
baze, 25.06.2012 08:48:03
Od kade sega im tekna Vodnjanska da se vika M.teraza koga jas veke zivean na taa ulica M.Tereza vo centar.Sve e mozno so ovie nepismeni isto ime na dve ulici vo centar.So ovie sve e mozno BRUKA.Ima li nekoj da go organizira ovoj narod,ova ne se izdrzuva veke.
Itar Pejo, 25.06.2012 10:01:49
Kako sto veli onoj sto se podpisuva so USA: ovaa vlada da go smeni imeto od FYROM vo RM, pa posle neka gi menuva iminjata na ulicite!
od citatel vo usa, 25.06.2012 13:22:37
do vas usa 12god.sve na vlas zosto nego smenavte firom vo repyblika makedonia sto cekate glypco dali gledate deka ne terat da go smenime drzavlanstvoto ako ne izvadime pasos ako odis za dve nadeli dali imas vreme da izvadis pasos menyva ylici menyva skoli vo imina na yck a ti se gordees so tova steta nevidena si
Mitre od Rotino, 25.06.2012 13:45:40
До АК47,додека има такви како тебе што мислат со туѓ мозок за оваа земја нема зима. За Ерол- Браво маестро !
До УСА и Итар Пејо, 25.06.2012 13:48:16
Каде да се смени името БЈРМ. Колку што знаеме сите во Уставот пишува Република Македонија, ако мислите во ОН , тогаш навистина сте зелени. На Пејо повеќе би му одговаралио име што е опозит од Итар, а на овој од УСА, изгледа телото му е во Амарика а глават му останала во Мриово Греоата човекот.
do Erol, 25.06.2012 14:43:16
Ne si ja davaj ulicata,no nie Makedoncite ne go davame imeto.A prviot komentator na ovaa kolumna neka bide siguren deka imeto nema da se menuva.Toj uste pred tri godini pisuvase deka sigurno ke se smeni imeto do juni 2010 g.no od togas pominaa dve godini i negovata zelba ne se ostvari.Nema ni da se ostvari.Imeto nema da se smeni i ke si ostane.
deko, 25.06.2012 14:58:43
Kako deca mali ste,ne ja davam ulicata ,ne sakam novo ime itn.Dobro zarem 1955g. gi prasuvavte zitelite togas dali sakaat promena na nazivite na ulicite i dr.I tatko mi i mnogu drugi togas ne se soglasuvale so ednoumieto,no ne daj boze javno da kazes se znae GOLI OTOK kade sto go prativte i tatko mi i sega tuka mi prodavate demokratija i placete kako zeni,za nekakvi si iminja sinki od gospod se dadeni.Samo sto komentiram so vas, vie bevte na stranata na tie sto sudea i apsea gragani samo i za misla,a ne daj boze za poveke se znae se strela odma.
slobodan eliseev, 25.06.2012 15:11:51
samo umni luge kako unko ja zasluzuvat mojata naklonetos

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |