Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Х��роскоп
Политика
24.06.2012, 17:14

Иванов ем ги поддржува преговорите ем бара Грција да не' вика Република Македонија

„Грција мора да ја прифати новата реалност која се вика Република Македонија, вели претседателот за Евро њуз

Во интервју што викендов го даде, претседателот Ѓорге Иванов ги разбранува духовите и му порача на јужниот сосед да ја прифати Македонија под уставното име Република Македонија.

„Грција мора да ја прифати новата реалност која се вика Република Македонија. Македонците зборуваат македонски. Грците, пак, се уште ја имаат визијата од 19 век“. Ова е пораката која што викендов ја испрати претседателот Ѓорге Иванов преку европскиот телевизиски канал Евро њуз.

Една недела по изборите во Грција и составот на новата Владата, која покрај справувањето со економскиот колас на земјата, ќе треба да се фати во костец за решавање на долгогодишниот спор со името, претседателот Иванов со остра реторика на јужниот сосед му порачува да ја почитува реалноста и да се отвори за соработка, со цел излез од ќорсокакот.

На што се должи ваквата реторика и дали претседателот Иванов всушност праќа порака до Атина дека е против преговори за името? Ваквото прашање особено се наметнува по изјавата на Иванов дека во изминатиов период испраќал абер за дури четири средби со својот грчки колега, но на ниту на една од поканите не добил позитивен импулс и спремност за разговори од страна на Грција.

„Грците се убедени дека го создале митот за нивното постоење, во едно време во кое не можеа да се проверат фактите, немаше интернет и тие станаа непроменети во визијата кои самите ја создадоа“, вели македонскиот претседател во интервјуто за Евро њуз, одговарајќи на прашањето која порака би ја испратил до Атина за да се спречат натамошни блокади на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Од новата грчка Влада, Иванов очекува соработка, не само на полето на економијата, културата и уметноста, туку и на политичко ниво, бидејќи последниве години, затаиле средбите на ова ниво.

„Постои соработка во економската област, културата, во уметноста. Има размена на уметници, музичари и студенти. Но, во текот на дваесетте последни години има мала соработка кога станува збор за средби на политички партии или на шефовите на државите. Треба да се знае дека јас на мојот грчки колега му испратив четири покани. Се надевам дека новите грчки раководители ќе ја почитуваат новата реалност како во однос на Македонија, така и кон другите соседи. На крајот ние посакуваме Грција да си го врати статусот на лидер во регионот“, истакнува Иванов.

Не е првпат претседателот Иванов во последниот изборен период во Грција, да упати апел до јужниот сосед за поодговорен однос за решавање на спорот за името, фокусирајќи ја одговорноста за успехот или пропаста на преговорите директно и единствено кај јужниот сосед.

„Со внимание го следиме сето она што се случува во Грција и очекуваме одговорно да се однесува, бидејки само така п��стои можност за решавање на спорот со името. Доколку новата грчка влада не се однесува одговорно, решавањето на спорот дополнително ќе се одлага“, изјави Иванов веднаш по изборите во Грција. Тој тогаш наведе дека Грција има обврски и кон нас со Времената спогодба, со рамката која е во Обединетите нации, па и со пресудата од Меѓународниот суд во Хаг.

„Доколку одговорно се однесува постои можност да се дојде до решение. Доколку не се однесува одговорно, повторно ќе се одлага процесот и ќе се бараат изговори“, порача претседателот.

Дали Андонис Самарас, лидерот на Нова демократија која победи на изборите во Грција ќе одговори на повикот за соработка и дали ќе се интензивираат средби на политичко ниво во нареднит период, се уште е рано да се предвиди. Но, според шефот на македонската државата, „имајќи ја предвид неговата биографија (на Самарас, н.з.) и што се' правел во животот и политиката, во иднина се е можно“.

Прашан за статуите на воини и херои, кои се издигнаа во центарот на Скопје, и ги разбрануваа духовите во Грција, претседателот е дециден дека станува збор за „зачувување на културното наслество“.

Иако, соседна Атина во нив препознава „непријателски гест“ и провокација, според Иванов нема ништо спорно во повеќеметарските статуи и скулптури во главниот град.

„Како членки на УНЕСКО, ние имаме обврска да го зачуваме, збогатиме и негуваме нашето културно богатство кое се наоѓа во нашата земја. Не можат да не обвинуваат за тоа дека регионот располага со толку големо историско наследство“, вели Иванов за Евроњуз. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 1026 пати.

Испрати коментар



Културна шема
СДСМ во Куманово
СДСМ остави затворени фабрики и раскрчмен имот
Груевски
Блокиран изборот на судии во Судскиот совет поради игрите на ДУИ
Бугарија подготвува црвен картон за Македонија во ЕУ
Не ја давам мојата улица



Itar Pejo, 25.06.2012 00:20:25
Како членки на УНЕСКО, ние имаме обврска ... Znaci po naredba na УНЕСКО se gradi celiov ovoj kitch niz centarot na Skopje!? УНЕСКО baral da se gradi spomenuik na Voin na konj, na tatko mu, na majaka mu. УНЕСКО baral porta i Prometej so gaci kako od baba mi! УНЕСКО baral spomenik na Cento so tri noze, galii i vrbi vo Vardar. Drzava sto ima vakov Predsedatel ne treba da se grizi za svojata idninia.
Predavnik, 25.06.2012 01:05:50
A grcite velat deka se nie odnesuvame neodgovorno. Gledajci gi onie plashila od spomenici i enormnite pari dadeni za niv, tolku potrebni za stopanstvoto, vo pravo ke se. A profesorot trebashe da si ostane profesor od SDSM, bidejki ne mu odi predsedatelskata funkcija, ushte pomalku medju voinstvenite patrioti. No da go ispochituvame kako predsedatel, bidejci sepak se raboti za kulturen i obrazoven chovek, so chovechnost vo sebe. Mangupite se za tie funkcii, ne pametnite.
ak47, 25.06.2012 08:53:19
Znachi Ivanov ne smee ostra retorika za imeto na drzhavata, ama Unkovski mozhe i treba ostro za imeto na negovata ulica? Gospoda, vo koja drzhava vie zhiveete? Vo Makedonija ili vo Grcija?
informiran, 25.06.2012 10:18:10
Nasata vlada ne smee da prihvati nikakva izmena na odlukata na Sovetot za Bezbednost na rzolucijata br. 817 od 1993 g. Odlukata za imeto vo Obedinetite nNacii ja dobesuva Sovetot, ne Skopje ili Atina, koi se samo del od procesot za iznavodjanje resenie. Naporot e da se naje resenie za ôpisniot del na imeto na drzavata MAKEDONIJA. Sovetot ne moze da donese odluka kako drugie clenki n ON ke ja vikaat nasata drzava... Pozdrav
Tina, 25.06.2012 11:54:19
Ako se fatish vo koshtec so Grcija, ke se stepate. Oti e poznato da emocija e najgolema inspiracija. A so Grcija sekogas ke bide za loso. Grb da se svrti na Grcija za imeto. Tuka nema sto da se raspravuva. Ili priznavat minato, ili ne. Sepak so toa nepriznavanje, EU e vo kriza i obvineta da gi sredi Grckite bez umni raspravi, oti Grcija e pod kontrola na E U. A Bugarite ke ja slusat Rusija. Taka mi se cini. Demokratija, Komunizam, Fasizam, Shto tie imat zaednicko? Sto gi povezuva sekogas.? Ljugeto rabotat za tie celi, kao robovi, da opstanat. Sloboda e son na siromastija. Humanost e son na religija. A site se plasat od Vistina.
do diplomatot, 25.06.2012 15:07:29
Naporot e da bide ustavnoto ime vo ON.Taka i onie drzavi sto ne narekuvaat so Poranesna jugoslovenska republika Makedonija ke pocnat da ne narekuvaat so naseto ustavno ime.
MacMac, 25.06.2012 15:32:07
A kako terba da se vikame ako ne Republika Makedonija???????????
Strumicanec, 25.06.2012 16:32:28
Abe do koga ke se zamajuvame so Grcija????????? Oni neka si ja gledatsvojata rabota,nie ke si jagledamesvojata rabota. Na kraj krajeva nie si imame mnogu pogolemi problemi doma otkolku nadvor od zemjata!!! So Grcija imame problem so imeto?Ama doma e vo prashanje i opstanokot na nacijata makedonska! Veke stanavme zemja so dvonacionalnost,so dvojazicnost,a na dobar sme pat vo bliska idnina da staneme zemja bez nacionalnost i bez sluzben jazik,da ne bi slicajno gi povredileosekaitena drugite nacionalnosti???? Abe kade se nasite,makedonskite osekai???? SRAMOTA za ovaa vlast ama i za ovoj narod,skopje stana podelen grad so visok rizik na ziveenje!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |