Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
21.08.2012, 16:49

Мое ќоше

Што сака да чуе Америка

Ерол Ризаов

Ако Македонија нема одржлива алтернатива освен НАТО и ЕУ, тогаш како да стасаме до таму

Тоа што сакаше да го чуе Америка од прва рака во Македонија го слушна. Лично претседателот на државата Ѓорге Иванов, а потоа и премиерот Никола Груевски му кажаа на помошникот на заменикот на државниот секретар за надворешни работи на САД, Филип Рикер дека Македонија нема и не размислува за друга алтернатива освен за НАТО и за ЕУ. И претседателот Иванов и Филип Рикер, се согласија и јавно ни приопштија дека „не постои одржлива алтернатива, ниту за регионот, ниту за Македонија освен целосна интеграција во Европската унија и во НАТО“. Убаво. Сега сме сите спокојни и ептен радосни.

Што ќе беше оваа толку бајата вест толку драматично и ударно да биде соопштена пред македонската јавност како нешто спектакуларно. Од првиот ден на независноста на Република Македонија, ниту еден релевантен македонски политичар, од власта и од опозиција, ниту една значајна политичка партија, ниту една влада, ниту еден претседател на држава, премиер, или парламентарен состав, или било која државна институција не понудила јавно каква било алтернатива за НАТО и за ЕУ. Дали последните месеци нешто се случува зад јавната сцена по каналите на тајната дипломатија, дали Македонија на мала врата бега од стратегиските евроатлански интеграции, или намерно ги забошотува, дали премногу се раскокодакавме со Русите, со Кинезите или со Турците, или пак во прашање е сосема нешто друго. Или, пак, почнавме да градиме нова тактика плашејќи ги ЕУ и Америка дека стрaтешки значајната и богата со природни ресурси Македонија ќе одлета во друго јато. Или, пак, поблиску е до здравиот разум дека Америка ги има од поодамна сите неопходни податоци каде оди Македонија, па сакаше уште еднаш да ги потсети и претседателот и премиерот и јавноста да не забораваме дека друг пат освен тој нема. Се' друго било беспаќе.

Ако веќе се согласуваме цели 20 години дека други одржливи алтернативи немаме, со други зборови ако прифаќаме како малку ретардирани кажано дипломатски како држава со посебни потреби, дека и да тргнеме по друг пат сами без придружба ќе се изгубиме, или нема да стасаме до никаде, тогаш каде е пречката што веќе седум години како кандидат за ЕУ и со една нога во НАТО стоиме во балканската чекалница чекајќи го последниот воз без возен ред. Притоа се однесуваме како шоп, или геџо, сеедено, важно билетот е кај нас во џеп, а возовите нека одат. Ќе беше вистински сензационално ако Ѓорге Иванов и Филип Рикер навестеа брза средба меѓу претседателите Иванов и Обама бидејќи американскиот претседател бил решителен до изборите за негов втор мандат да ја одмрзне блокадата на Македонија кон ЕУ и кон НАТО. Обама сакал тој светски нерешлив проблем да го реши до ноември, па раат да оди на избори.

Не знам дали на оваа средба меѓу Иванов и Рикер, или на која било претходно, американскиот дипломат си земал слобода да го праша нашиот претседател што подразбира под неговата максима треба да се постигне „разумен компромис“ со Грција. Македонската јавност тоа никогаш не го дозна. Не верувам дека американскиот дипломат, или кој било негов колега, има три чисти да го праша грчкиот претседател Каролос Папуљас, потписникот на Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, што подразбира кога вели двете земји во меѓусебни преговори да најдат решение прифатливо за двете страни. Особено ако тоа прифатливо решение за двете страни е ерга омнес – како што Грција ултимативно бара кумство на соседна држава која не преставува никаква опасност во регионот. И нашиот премиер Никола Груевски има обичај да го употребува терминот решение прифатливо за двете страни. А, кое е тоа решение, има само описен одговор: решение кое не задира во националниот идентитет и македонскиот јазик. Такво решение прифаќаат и лидерот на опозицијата и лидерите на двете најголеми албански партии. Дали тоа значи за името на државата може да се преговара, или само да се разговара, тешко е да се даде прецизен одговор.

И сега што: се уверивме уште еднаш којзнае по кој пат, дека освен НАТО и ЕУ алтернатива нема.Не знам дали Претседателот Иванов и премиерот Груевски го прашаа Рикер како да се стаса до целта ако грчката блокада не мрда. За тоа светот и Америка срамно молчат. Не знаеме ни тоа дали на гостинот му појаснија што значи нашата подготвеност за разумен компромис или за „решение“ прифатливо за двете страни, а нема ни преговори, ни разговори со јужниот сосед. Наивно е да се мисли дека Рикер по толку години поминати во Македонија, не знае дека македонските лидери немаат решение прифатливо за двете страни. Како што нема ни Грција. Разликата е во тоа што Грција е во друг филм и си ја решава својата криза. А, Македонија стои закопана во место каде што беше пред седум години. Растат само сиромаштијата, цените, бесперспективноста, безработицата, провинцијализмот, примитивизмот, меѓусебната омраза, бројот на домашни и надворешни непријатели и кулите од карти и Потемкинови села. Се' друго паѓа.


Статијата е прочитана 3902 пати.

Испрати коментар



ДУИ се заканува дека ќе излезе од Владата
Владин тим во Америка по инвеститори
Деветмина прогласени за кодоши побараа судска заштита
Не постои опасност од Ал Каеда во регионот
Балканот нов фронт на милитантниот исламизам



jovan, 22.08.2012 00:34:40
America e tolku mokna sto nema potreba da slusa sto Makedonija ke kazela. Makedonija e taa sto ke slusa sto ke i kazat. Makedonija vo momentov e vo najkatastrofalna polozba, zadolzena i nesposobna da opstani bez zadolzuvanje ili pomos od nadvor, bezbednosno nikakva, pa kako takva ne e voopsto interesna za bilo kogo. Vazno e (vo momentov) edinstveno da bide mirna bidejki niz nejze pominuvaat vazni Balkanski koridori, pa se sveduva na toa deka Makedonija e samo eden tranziten prostor koj treba da bide miren i pod kontrola. Nisto poveke. Koj i da dojde ovde (Rusi, Turci, Americanci, EU....) edinstveno ke gi interesira toa. Nikakvi investicii, razvojni programi/pomos, vlozuvanja... na ovoj prostor nema da ima eden podolg period, pa spored toa ne e interesna za nikogo za da ja slusaat. Ke igra i pee kako sto ke i svirat. Kolku ke izdrzime igrajki, a kolku ke izdrzat i onie koj ke svirat, ke vidime doprva. Merka ni zedoa, ostanuva da vidime sto ke ni sosijat i koga.
Стојко, 22.08.2012 01:03:25
А го праша ли некој Рикер дали НАТО има алтернатива за Македонија? Поздрав до Ерол.
P.Petar, 22.08.2012 07:45:07
Prviot komentator veli deka ke ni svirat,ke ni komanduvaat,ke ni krojat kapa itn.. Pa togas da prasam neli sme samostojna suverena i nezavisna drzava?? Od toa proizleguva deka sopstveniot identitet ke go zacuvame samo so SLUGUVANJE?? Pa vo taa *nikakva* bivsa Jugoslavija Republika Makedonija bese poim za edna homogena Bugarija ili Albanija itn.. Vo krajna linija ima mnogu ziteli na ovaa zemja koi ne sakaat tutorstvo,tuga kultura,anglosaksonska asimilacija,NOVA istorija.. Se razbira deka Amerika e silna no ima EDEN KUP drzavi koi ne se clenki vo EU ili NATO a cekorat nanapred dosta brzo i robusno.BEZ LJUBOV NEMA DOBAR BRAK! Ne morame nikogo da MOLIME,nitu da go prekolnuvame AMAN spasi ne, bidejki toj sto dava toj i zema no sekogas duplo!!
Stipjanec, 22.08.2012 08:09:19
Koj e toj famozen RAZUMEN KOMPROMIS? Imeto go davame ama IDENTITETOT NE! Se se sveduva ovie dvaeset godini na ovaa veke izlitena do maksimum retorika. Mozeme li ednas da bideme malkui SERIOZNI, i da se odnesuvame seriozno pocituvajki ja naucnata vistina. Identitetot Grcite ne mozat da ni go zemat, treba da kazeme toa sto sme a ne toa sto ne sme. I Pretsedatelot Gligorov kaza deka sme SLOVENI a ne potomci na Aceta, za sto onie PATRIOTITE ne mozat da mu prostat. Ako pristapime vo pregovorite so naucni fakti veke odaamna dokazani za naseto SLOVENSKO poteklo, Grcite vednas ke go prifatat ovoj kompromis. Vo slucajot, IDENTITETOT ne ni go unistuvaat Grcite, tuku nie samite. Imame pametni kadri, i treba da ja pocituvame naukata, a ne SARLATANSTVOTO, koe e prisutno na sekoj kvadraten metar na Plostadot!
nato-jato, 22.08.2012 08:28:21
Ocigledno i na Amerika i na EU i odgovara vakvata sostojba , inaku do sega stopati kje go resea sporot. Nekni go prasaa Ban Ki mun dali mu se javil na Samaras toj rekol nemal vreme , ej po telefon nemal vreme kakva parodija. Plus velat Grujo diktator - Ahmeti terorist , a im ja spasuvaat koalicijata-samo interesot e vecen koga nema da im treba Grujo za 2 min. kje go simnat od vlast sega igra za niv odrabotuva, za vozvrat si go polni cekmedzeto.
Генерација 1982, 22.08.2012 08:50:04
Ерол, како млади студенти 2002-3 г. многу се расправавме дали МКД ќе влезе во ЕУ во 2007-8 г. и тогаш јас бев песимист(а потајно оптимист) па си додавав 3 од карти и прогнозирав дека тоа најрано ќе се случи 2010-та. Сега се вртам назад и се гледам себе си како магаре со ушите на горе и ветив дека повторно нема да влезам во оваа дискусија, зашто секако ќе погрешам и 2025-та да речам...туку јас најверојатно со ранецот на грб, сам ќе влезам во Европа или САД!
Sto e sigurno e sigurno, 22.08.2012 09:00:02
E navistina mi olesna na dusata. Stom Ivanov i Gruevski rekle deka nema druga odrzliva alternativa za Makedonija , osvem NATO i EU , togas sigurno ce vlezeme vo niv, bidejci ovi dvajcata se poznati kako golemi avtoriteti i demokrati, na koi im vrvi zborot vo ovie alijansi . Znaci raduvajte se Makedonci Za skoro vreme ce bideme natovci i evropejciTuka sigurni mnogu pomogna i onaj rudnikkoj ete bil prepoln so zlato , a vmrovskata vlada go otkrila vo Istocna Makedonija i im go plasira na siromasniot narodec kako sarena laga. Mozebi n askoro ce javat deka otkrile i bogati naodjalista so nafta , a ovaj narod ce im poveruva, bidejci vece odamna pie nafta.
Makedonec vo EU, 22.08.2012 10:10:22
Eden od prethodnite komentatori dobro zabeleza deka nitu Amerika, nitu EU, a najmalku Grcija, i uste pomalku Gruevski, imaat interes od resavanje na sporot. Uste 20 godini ke pominat i istive muabeti ke se vrtat....
seirdzija, 22.08.2012 10:45:27
Ako pojdeme od razumen kompromis,ke razbereme deka vo prolet raste treva,a vo leto moze da se zapali,odnosno deka nema podobar uspeh od uspeh!!!E sega na ova treba da se dodade covek koj dogural do akter statist,pa ke vidime zosto na Makedonija ne i odi!!!Zatoa e i senzacija deka Makedonija e cvrsto za NATO I EU!!!Surovata vistina veli deka ima golem broj ludje koi ne gledaat podaleko od 200 evra,(sledbenici na gore navedenite),pa nemozat da vidat deka si ja gubime drzavata.Baska sto ide vreme za vracanje na kreditite i sto tie 200 ili 300 evra ke spadnat na 2/3 evra kako vo Srbija....
anti-patriot, 22.08.2012 12:34:23
vo megunarodni ramki,makedonija e vid na nedonoseno dete koe slucajno se zateknalo na teritorijata na evropa i se zdobilo so drzavnost.i sto sega?od kogo e nezavisna makedonija so nikakva ekonomija,odbrana,so nejasen etnicki sostav koj eu i usa se obiduva da go prekomponira i rekomponira,so nikakov dvomilionski pazar ,so nikakvi strateski resursi,so vladeacki eliti cii lideri kako mali deca trcaat po sovet kaj raznorazni ambasadori,lideri koi ne se sposobni za donesuvanje na sudbonosni odluki,narod zaglaven vo svoite tribalisticki maniri,vo vreme koga mars se ispituva ,nie si ja preispituvame istorijata koja moze ne se ni slucila,sto nie bi barale vo taa eu
dedo dimo, 22.08.2012 12:39:58
Vo minatite godini imavme politichari bezumni i bez mnogu mislenje prifatia da zboruvaat za imeto na nashata zemja ,iako bea rodeni i izrasnati vo Makedonija a voedno i vladeea so Makedonija .Prashanje e kako da se otarasat deneshnite politichari koj se na vlast od ovaj PROBLEM.Vo svetot ako se potpishish za neshto toa morash da go ispolnish .
Od generacija 1981 do geneacija 1982, 22.08.2012 14:07:58
Druze, i ja istite moabeti i prognozi gi davav kako tebe. Stalno optimist deka ke ja bide Makedonija. 2006-ta godina si otidov od Makedonija. Togas na vlast dojdoa portokalive, a ja gi glasav, i iskreno, vo toa vreme se raduvav na promenata na vlasta i mislev deka novive likovi ke gi mrdnat rabotite od tamu kade sto se. Denes posle 6 godini koga ke poglednam nanazad ne pominuva den a de ne mu kazam fala na gospod sto sum si otisol. Si otidov sosema slucajno, nemav planirano, ali ostanav a vreme proaga. Sega ni na kraj pament ne mi e da se vratam. Ustvari sto sakav da ti kazam; druze, sekoj pominat den e izguben den za tebe. Pobrzaj da go stavis ranecot na grb. Koga ke iskocis tek togas ke svatis kakov kazan e Makedonija i nema da ti se veruva kade si ziveel. Pozdrav
nacional-patriot, 22.08.2012 16:59:41
Makedonija so ovaa vlast ne slusa i nema da slusa ni da ispolnuva baranja od nikogo,pa ni od Amerikancite ako ne se vo interes na Makedonija i na Makedoncite.Tocno e deka identitetot ne moze da go zeme Atina,a ni imeto ne moze da go zeme ako ne im go davaat Makedoncite i ako se odbivaat kompromisi,nikoj ne moze da nametne nesto sto ne sakaat Makedoncite.Nekoj misli deka ako se kaze deka Makedoncite imaaat slovensko poteklo,Atina nema da pravi problemi.Pa neli Kiro i SDSM koga bea na vlast velea deka imaat slovensko poteklo,a ne anticko,pa juzniot sosed i togas blokirase i pravese problemi.Na Atina ne i e tolku vazno antickoto i slovenskoto poteklo na Makedoncite.Za Atina vazno e Makedoncite da ne bidat Macedonians,odnosno da ne bidat taka pisuvani oficijalno i vo megjunarodnite organizacii,pa makar kazale i deka imaat slovensko poteklo.Atina ne saka ni Makedonija da bide Macedonia vo megjunarodnite organizacii.Makedonskiot identitet i makedonskoto ime pripagjaat samo na Makedoncite.
generacija 76, 22.08.2012 18:40:55
Do generacija 81, 82 golem pozdrav a i site drugi generacii. Samo napred, stravot e golem ali sto bi napravile dokolku ne se plasite. Ete generacija 81 super kaza se sto treba. Ranec na grb, malku hrabrost poveke trpelivost i ke si nadvor od kazanot. Zaebi propala investicija na svojot zivot vo edna vazalska provincijalna zaostanata sredina bez realna i trajna perspektiva. Sepak site sme luge i treba covecki da ziveeme a i nasite deca. Ako ne mozes da ja promenis situacijata promeni ja sredinata. Get out and live the life.
do stipjanec, 22.08.2012 19:12:05
Stipjanec, toa ne e kompromis tuku VISTINA, Grcite se bunat oti nekoj si nisto im go ukrade istorijata, fala na USA inaku za 24h Makedonia ke se iscepese na 4 dela
Krt, 22.08.2012 19:34:44
DO Generacija 81-82. Imate polna podrska od mene. Ako imate i um i razum ne gubete ni eden den ovde, vo ovoj kazan i pekol od drzava. Problemot e vo toa sto postarite ludje nemaat izbor.Ce gi trpime ovie ,,prerodbenici,, dodeka ne ni ja iscicaat i poslednata kapka krv. Mojot ranec najverovatno ke mu go podaram na Vlatko Djorcev i negovite mu kompanjoni od DPMNE. Ke go docekam i toj den. Ama tesko ke izlezat nadvor od drzavata. Ke im treba poseben ,,ausvajs,,posle lopovlukot so proektot SKOPJE-2014.Ke treba da se pogrizat za IDRIZOVO...20..i nekoja!
Od generacija 1965 do generacii 19821 i 1982, 22.08.2012 19:35:42
E jaska pak se spakuvav i si otidov dodeka na vlast bea onie drugite, denes opozicija.Koga gi gledav niv i koga sogledav koja e opcijata da gi zameni (Kurto i Murto) se uplasiv, ta ne mu se dvoumev mnogu.Fativ djade.Mozda zgresiv, sto znam?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 38°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 39°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Астрономите пронајдоа докази како ѕвезда си ја јаде својата планета
Ѕвездата за која станува збор е позната како црвен џин, а таквите ѕвезди на почетокот се со маса скоро колку нашето Сонц...
(ИНТЕРВЈУ) Честа се спушти на најниски скалила
Етнологот Јелена Цветановска ги објави во книга своите истражувања на гревот и казната во народната култура во Македониј...
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкуп��о 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |