Хороскоп
Овен
Морате да испливате од проблемите, во спротивно очекувајте компликации. Повлечете се и одморете се, а паралелно со тоа размислете каде грешите. Не брзајте, бидејќи тоа нема да ви помогне.
Бик
Ова е лош ден ако се занимавате со практични работи, но одличен за уметност. Немојте да ги анализирате премногу работите. Внимавајте на здравјето, не се чувствувате најдобро. Можеби е време за систематски преглед, што мислите?
Близнаци
Премногу сте попустливи кон другите. Доброто расположение сакате да им го пренесете на другите, особено на оние на кои им е потребно тоа. Здравјето ви е на завидно ниво благодарение на урамнотежената исхрана.
Рак
Грешите ако мислите дека партнерот ви возвраќа со иста мера. Тешко може да се задоволат вашите критериуми. Бидете внимателни и одберете го најдоброто решение, но никако немојте да мислите дека лицето покрај вас е погрешно.
Лав
Нема потреба да се грижите и да се нервирате. Плановите ви се остваруваат, но мора да бидете трпеливи, а потоа очекувајте успех. Најдобро е да ги послушате советите од другите, бидејќи тоа ви е потребно.
Девица
Потрудете се да бидете поголем оптимист. Тоа е единствениот начин да излезете од проблемите. Земете ги работите во свои раце. Избегнувајте нервози и конфликти. Само со цврста решителност ќе стасате онаму каде што посакувате да бидете.
Терезија
Сакате нешто, но и самите не знаете што е тоа. Незадоволни сте и преосетливи. Кога ќе се земе предвид што претрпевте изминативе денови, оправдано ви е секакво однесување. Земајте витамини.
Скорпија
Не се чувствувате најдобро и здравјето ви е разнишано. Имате чувство дека премногу давате, а малку примате. Ви одговара осаменоста. Имате здравствена криза што бргу ќе ја надминете.
Стрелец
Опседнати сте со неверство. Немојте да бидете непромислени. Можете да се пожалите на работата, но не и на соработниците. Здравствената состојба ви е стабилна, но сепак немојте физички да се преоптоварувате.
Јарец
Ниту самите не знаете зошто сте повлечени во себе. Незадоволството не ��акате да го пренесете на другите. Бидете внимателни со исхраната, бидејќи може да се јават проблеми со желудникот.
Водолија
Ќе успеете да го остварите сето она што сте го замислиле и тоа благодарејќи на шармот. На приватен план ќе бидете толерантни спрема партнерот. Ве очекува голем успех. Размислете за викенд надвор од градот.
Риби
Идејата дека сте незаменливи е сосема погрешна. Бидете внимателни, бидејќи подоцна можете да се каете. Немојте да претерувате со своето однесување. Партнерот сака да ви помогне, но тоа го прави на погрешен начин. Укажете му.
|