Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
21.08.2012, 16:21

Трајановски се мисли што да изгради на местото на градските бараки

Градот ги кани потенцијалните инвеститори да кажат во каков објект би инвестирале, оти немало интерес за планираната катна гаража

Деспина Трајковски



Градските власти ќе консултираат заинтересирани инвеститори што да предвидат да се гради на местото на бараките во Градски парк каде што со години е сместена администрацијата на Град Скопје. Со оглед на тоа дека за потребите на Град Скопје веќе се гради нова зграда и администрацијата за неколку години ќе се сели, од Градот уште од сега планираат каков објект да ги замени градските бараки.

Важечкиот урбанистички план за тој дел на тоа место предвидува изградба на катна гаража, но, според сознанијата на Градот, немало заинтересирани за инвестирање во таков објект. Од тие причини, велат, ја известуваат јавноста дека заинтересирани субјекти можат да дадат свои предлози за идната урбанистичка рамка за предметната парцела. Во известувањето е напоменато дека Градот планира да продаде градежно земјиште кое се наоѓа во Градски парк со површина за градење од 6.375 квадратни метри со намена за изградба на објекти. Градот, се вели во објавата, ги поканува сите потенцијални кандидати да искажат интерес во однос на намерата за купување и заедничко утврдување на видот на објектите предвидени за изградба на градежното земјиште.

„Во случајов целта ни е да видиме дали и какво расположение постои кај евентуалните инвеститори во каков објект би инвестирале на овој простор. Со оглед на прибраните информации и предлози, а во консултација со надлежните стручни лица ќе утврдиме каква ќе биде намената на објектот што ќе може да се гради таму. Не поставивме рок до кога да завршиме со постапката, но, бидејќи изработката на ГУП-от е во завршна фаза, предлозите ќе бидат разгледани за најмногу еден месец. Значи, ние ќе ја утврдиме намената, а сите останати детали, максимална висина на објектот и слично ќе биде утврдено со деталниот план што ќе го донесе Општина Центар“, објаснија задолжените за информирање во Град Скопје.

Од таму не знаеја да кажат како ќе се одвива понатамошната постапка, конкретно кој ќе го продава земјиштето, дали градот, или Министерството за транспорт, ниту, пак, имаа информации во чија сопственост е, државна или на Град Скопје, или можеби има и други сопственици на парцелата.

Од Градот напоменаа дека Општина Центар ќе има обврска да го усогласи важечкиот урбанистички план со ГУП-от, во чија најнова верзија ќе биде утврдена намената на објектот врз основа на интересот на потенцијалните инвеститори.

Инаку, постојниот план предвидува на местото на старите бараки во Градскиот парк да се гради катна гаража висока до 7 метри, во чии рамки е дозволен и простор за хотелско сместување. Претходниот план, пак, предвидуваше на истото место да се гради паркинг-простор и зелена парковска површина.


Статијата е прочитана 1371 пати.

Испрати коментар



Обнова на училници пред почетокот на учебната година
Дел од „Самоилова“ без возила до 5 септември
Станарите од Карпош ќе можат да земаат заеми за фасадите



mitre, 22.08.2012 06:51:50
Што има да се мисли........СПОМЕНИЦИ му е мајката..........
Трпе, 22.08.2012 07:49:08
Еве место каде може да се изгради Ајфелова кула.Може да биде нешто помала од париската ама ке биде објект од каде ке може да се гледат сите убаини на градот.Ако сака некој да излезе поефтино може да направи и тениско игралиште со некои придружни споменици.
Sirius, 22.08.2012 09:00:21
A, dago napravevte park toj prostor? Sho velite na taa ideja???
Marko, 22.08.2012 09:09:26
Sto ima Koce da se mislis sto da se izgradi na staroto mesto neka prasa koj dava pogolema provizija neka si ja stavi vo djeb pa sto sakaat neka gradat.Taka e toa sekogas i so site funkcioneri...
Daniel, 22.08.2012 09:21:18
Ај честито уште една станбена зграда со трговски во парк...
скопјанец, 22.08.2012 09:29:07
а да не изградеа ништо и наместо тоа да го озеленеа тој простор со дрвја и останати растенија? и на тој начин да го проширеа паркот кој се’ повеќе се стеснува? или такво нешто не им „текнува“ на градските „татковци“, т.е. очуви?
градски парк, 22.08.2012 10:05:55
Земјиштето е дел од паркот и треба ДА СЕ ВРАТИ НА ПАРКОТ ! Зеленило ! Се друго е трка по пари на штета на Скопје и скопјани. Недај боже да ви каже Трифун што треба таму да се прави.
sandokan, 22.08.2012 10:17:48
te molam Koce da naparvis zeleznicka stanica i KOSMODROM.
сузе, 22.08.2012 10:59:55
Се знае што фонтана поголема од онаа на плоштад и уште еден куп споменици!
GO SAKAM SKOPJE, 22.08.2012 12:16:51
Sebab ke bide i ke go blagoslovime, ako poveke NISTO i NIGDE ne gradi niz Skopje.Vo ocekuvanje, neka si gi podgotvuva kuferite i dzenem da fati od gradat, pa neka grdatamu,odkade dosol i neka go razubavuva Pobozje.Toa ke bide edinstveniot inajubavt spomen, sto ke ni go ostavi, od vremeto na negovoto caruvanje vo Skopje!
LJUPKA B.M., 22.08.2012 15:12:46
Moj predlog novo maticno za vencavanje,sekoj gradonacalnik vetuva,no nisto staroto skapuva,prokisnuva ,vlaga i smrdi.Mladite od maticno koga ke izlezat ke se slikaat vo parkot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што п��ават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 24°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...
Пукал во воздух на свадба и го убил младоженецот
Инцидентот се случил во кувајтската пустинската област Сулаибија каде има обичај да се пука во воздух на свадби...
Телеграма пронајдена по 68 години
Телеграмата ја реши мистерија за судбината на британскиот војник Гордон Хитон...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |