21.08.2012, 16:23 Дел од „Самоилова“ без возила до 5 септември
Поради вршење градежни активности дел од улицата „Самоилова“ до 5 септември ќе биде целосно затворен за сообраќај. Прекин на сообраќајот ќе има од потегот од надвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, па се' до раскрсницата со улицата „Прохор Пчињски“, во непосредна близина на Мустафапашината џамија.
Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим. (Б.Ш.)
|