21.08.2012, 16:24 Обнова на училници пред почетокот на учебната година
Екипи на Општина Ѓорче Петров периодов работат на санирање на недостатоците во основните училишта и три клона на градинката „Росица“. Акцијата предвидува варосување на училниците, поправки и отстранување дефекти на водоводната, канализациската и грејната мрежа пред почетокот на новата учебна година. Се работи и на уредување на училишниот простор, на спортските терени со замена и поправки на спортските реквизити.
Од Општина Ѓорче Петров велат дека со неопходните поправки ќе бидат обезбедени подобри услови за работа на наставниот кадар и посигурен и поудобен престој на учениците. (Б.Ш.) |