-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп




ОВЕН

Кога последен пат сте направиле генералка и сте ги фрлиле сите оние работи што не ги употребувате? Без оглед на тоа што секое парче од нив се врзува за некого или за нешто, расчистете ги плакарите. Ако ви е полесно, имајте на ум дека на нивно место ќе дојдат нови и убави работи.



БИК

Денеска ќе имате успех во се', а посебно во љубовниот живот. Затоа јавете и' се на симпатијата и шармирајте ја. Би можело да ви се случи љубов на месецот, зашто тешко е на вас да ви се случи љубовта на животот. Којзнае, можеби и вие конечно ќе им се препуштите на телесните уживања.



БЛИЗНАЦИ

Денешниов ден е полн со промени и изненадувања. Некои од нив ќе бидат добри, а некои нема. Што се однесува до добрите, ќе ви стигне некоја неочекувана финансиска добивка, која веднаш ќе ве инспирира на шопинг. Не ви треба многу за да појдете по продавници...



РАК

Денов е идеален за работа по дома. Ќе ве фати манија за преместување на мебелот, а тоа ќе ве доведе во конфликт со некој од вашата близина кој не се согласува со вашите промени. Тргнете во акција рано, зашто кон крајот на денот ќе се чувствувате исцрпено.



ЛАВ

Ќе се соочите со проблем од финансиска природа, посебно ако работите некоја голема работа за мали пари. Некој ќе се сети дека не треба да ви ги даде ниту тие пари. Не молчете, покажете ја својата сила и авторитет. Ќе видите како ќе се сменат работите.



ДЕВИЦА

Полни сте со енергија и ентузијазам, така што сите посакуваат да бидат во вашето друштво. Заразни сте, го пренесувате доброто расположение врз околината и се забавувате. Доколку имате некое барање до вашите најблиски, побарајте денес, нема шанси да ве одбијат.



ТЕРЕЗИЈА

Ќе дојдете во искушение да направите нешто радикално. Подолго време размислувате за истата работа, но се' уште собирате храброст да го сторите тоа што сакате. Неодлучни сте, но барем денеска истуркајте ја работата до крај.



СКОРПИЈА

Ќе имате неодолива потреба да играте валкано и подло. Добро, само продолжете така, но имајте на ум дека и другите играат како вас и не се невини. Може да ви се случи да почнете со многу ниски удари, па затоа подгответе се навреме.



СТРЕЛЕЦ

Дефинитивно не се дружите со обичните смртници. Сите ваши пријатели се специфични и што е најдобро од се', ве инспирираат за повеќето потези во животот. Ако денеска се најдете во ситуација да донесете некоја одлука, заѕвонете им на пријателите.



ЈАРЕЦ

Денешниот ден, дефинитивно, искористете го за љубов. Ако немате животен партнер, наговорете ја вашата драга пријателка или пријател да ви договори состанок на слепо. Не муртете се веднаш, тоа не е ваш стил. И не судете по првиот впечаток.



ВОДОЛИЈА

Идеален ден за промена на работното место. Ако не ја сакате работата со која моментално се занимавате и ако секое утро имате проблеми со излегувањето од дома, свртете неколку телефонски броеви. Повеќе од сигурно е дека ќе добиете добра деловна понуда.



РИБИ

Се' што сакате и посакувате денеска можете да го остварите без никаков проблем. Сега, добро, можеби ако посакате да станете претседател на државата, нема да ви се исполни, но оние, реалните желби сигурно нема да ве разочараат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 18°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 19°C

Сабота
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 24°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Големиот предизвик за новиот шеф на „Њујорк Тајмс“
За разлика од Би-Би-Си, Томпсон сега ќе мора да го направи истото во комерцијална компанија во која огласите и прод...
Хрватска: На чевларите им треба поправка
Главниот извршен директор на компанијата го опишува сегашно Борово како бледа сенка на поранешниот гигант, кој сега вогл...
Семејството Мелис најстаро семејство во светот
Деветте браќа и сестри имаат вкупно 818 години, од кои најстарата сестра има 105 години, што е рекорд во Гинисовата книг...
Пукал во воздух на свадба и го убил младоженецот
Инцидентот се случил во кувајтската пустинската област Сулаибија каде има обичај да се пука во воздух на свадби...
Телеграма пронајдена по 68 години
Телеграмата ја реши мистерија за судбината на британскиот војник Гордон Хитон...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |