Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.06.2012, 20:15

(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!

Со безбедносните камери во Скопје досега регистрирани и доставени околу 150 поднесоци за сообраќајни прекршоци

МВР во рамки на проектот „Безбеден град“ односно системот на безбедносен видео надзор во Скопје, досега има регистрирано и доставено околу 150 поднесоци за сообраќајни прекршоци, а поголем број се уште се во постапка.

Најчесто регистрирани прекршоци се за погрешно паркирање, но има и посериозни непочитувања на сообраќајните правила и прописи. Казните за ваквите прекршoци, потсети денеска на прес - конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, изнесуваат од 50 до 300 евра во денарска противвредност, но, најави, во наредниот период ќе се продолжи со превентивно предупредување, а не со казнување.

- Целта не е да казнуваме, туку да ја подигнеме свеста за потребата од совесно почитување на соораќајните правила и прописи, рече Јанкулоска, додавајќи оти за тоа кога ќе се почне со казнувањето зависи од сериознста на прекршоците и од тоа дали сопствениците на возилата тие прекршоци ги повторуваат или тоа е инцидентно направен прекршок што не значи сериозно прекршување на сообраќајот. Таа најави засилено присуство на полицијата во текот на летниот период.

Важно е, потенцира Јанкулоска, што системот во неколку случаи помогнал да се откријат учесниците во сообраќајните несреќи со потешки последици кои избегале од местото на сообраќајката.

Дописите кои содржат фотографии од возилото на местото и времето на направениот прекршокот, се испраќаат на адреса на сопственикот на возилото без разлика дали е приватно или службено. Првите поднесоци ги доставуваа полициски службеници, но не е исклучено во иднина тоа да се прави преку пошта или на друг начин.

Меѓу другите, досега им се доставени предупредувања и на двајца познати професори на факултети и селектор на една од македонските национални репрезентации.

Со ваквиот начин на регистрирање на прекршоците, укажа министерката Јанкулоска, се ограничува арбитрарноста на полицијата и можноста на прекршителите да им се простува.

МВР продолжува да работи на воспоставување целосна функицоналност на системот и ставање во работа и на камерите во Тетово.

Мапата на радарски контроли објавена лани, информираат од МВР, останува во важност, а на располагање на возачите е и апликацијата „Внимавај радар“, која е најсимнувана апликација на „паметните“ телефонски апарати.

 


Статијата е прочитана 3922 пати.

Испрати коментар



Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
��акедонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 23°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Четврток
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој утре ќе гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |