16.06.2012, 13:40 Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2012 година активното население во Република Македонија брои 941.019 лица од кои вработени се 643.668 лица или 68,4 отсто, а 297.351 лица или 31.6 отсто се невработени.
Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 56,4, стапката на вработеност 38,6, додека стапката на невработеност изнесува 31,6 отсто.
За споредба, стапката на невработеност во Грција е 22,4 отсто.
|