Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Хороскоп Забава
Политика
17.06.2012, 16:31

Индискиот милијардер ја одолжи посетата во Македонија

Субрата Рој беше на прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ

Индиската делегација предводена од мултимилијардерот Субрата Рој го одолжи престојот во Македонија за два дена. Иако требаше да си замине вчера, сепак, сопственикот на компанијата „Сахара Индија Паривар“ одлучи да остане до вторник.

Дел од делегацијата вчера беше на разговори во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а дел, пак, во посета на Охридско-преспанскиот и Дојранскиот регион каде што ги разгледуваа туристичките потенцијали.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, информира дека индиските инвеститори директно се запознале со потенцијалните локации за туристичките зони околу Охридско Езеро, а преку Галичица им биле претставени и можностите на Преспанскиот регион. Според Мизо, тие биле заинтересирани да го видат охридскиот аеродром и да се запознаат со неговите технички перформанси, како и со културните знаменитости што ги нуди Охрид.

Богатиот индиски гостин Рој вчера се прошета и покрај градската плажа, на новоизградената пешачка и велосипедска патека крај Дојранско Езеро, запознавајќи се со локациите наменети за изградба на хотели. Тој бил многу заинтересиран за лековитоста на алгите во Езерото и посочил дека искористувањето на ова природно богатство може да биде потенцијална основа за дополнителен развој на атрактивноста на Дојран.

Дел од индиската делегација која вчера била во Министерството за економија се интересирала за поволностите за инвестиции во прехранбената индустрија што може да ги понуди Источна Македонија со потенцијалните капацитети. Денеска, пак, од надлежните во Министерството ќе побара дополнит��лни информации за рудните потенцијали во Македонија.

Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во петокот најави дека планира да инвестира во Македонија и оти тоа ќе биде голема инвестиција.


Статијата е прочитана 3567 пати.

Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ наполни 22 години
Митингашки викенд на СДСМ во Штип
Судовите ги казнуваат новинарите, Стразбур ги ослободува
По дваесетмина конкурираат за едно место во полиција
Груевски во Москва, но нема да го види Путин
Стив се врати на погрешна адреса
Интервју Да се преиспитаат казнените мерки за лекарите
Две лоши економски вести и една добра во најава
Александар Петрески не ги видел ниту Рој ниту Слим!
Обвинителите ќе „возат“ по старо уште две години



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инспекторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
Исламисти бараат своја држава во Норвешка
Една норвешка исламистичка група се заканува со „напад 11 септември“ или со уште поголем напад од оној што на 22 јули ла...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |