Хороскоп
Овен
Некои разговори можат да придвижат нови интереси. Бидете поактивни во општествениот живот. Наметнете се, не чекајте да ве поканат или да ви понудат нешто. Не премислувајте се долго време. Заштитувајте се од сонцето, можни е и појава на вртоглавици.
Бик
Ќе ве мачат сомневања што не се реални. Фантазијата ви се оттргна од контрола, па зауздајте ја. Работните активности се секаде околу вас. Ќе работите прекувремено, па затоа и ќе постигнете успех. Внимавајте на дигестивниот систем. Нервите ви се чувствителни. Искористете го доброто паметење.
Близнаци
Вашите ставови за љубовта и бракот ќе се сменат. Некој или нешто ви го одвлекува вниманието. Ќе биде доволно само некаде да се појавите и да го решите проблемот што долго ве мачи. Ќе имате зголемен апетит. Играјте со отворени карти, особено пред луѓето што ви се блиски.
Рак
Зборовите, километарската раздвоеност или работата ќе се најдат меѓу вас и саканото лице. Ситуацијата на работа ќе ве присили да се приспособите на нови луѓе и ситуации. Несмасните движења ќе предизвикаат помали незгоди. Бидете умерени. Почнете да го планирате летниот одмор.
Лав
Контролирајте го својот однос и однесувањето спрема партнерот, зашто ќе ве мачи љубомора. Ќе ви се разнишаат некои деловни поставки. Проверете ја способноста на соработниците. Кажете им „не“ на пороците и на лошите навики. Свртете се кон себе, но не правете им лошо на луѓето што ве сакаат и се грижат за вас.
Девица
Ако сакате да го подобрите својот љубовен живот, преземете го првиот чекор. Шармантни сте, затоа никој не може да ви одолее. Имајте повеќе самодоверба и се' ќе дојде на свое место. Одличен ден за писмена преписка и за договарање нови работи. Јадете полесна храна, избегнувајте месо.
Терезија
Се чувствувате прекрасно, омилени сте во околината и успешни во работата. За вашата популарност ќе придонесе познанството со една влијателна личност. Ѕвездите ви овозможуваат да завршите едно важно купување или финансиска трансакција. Не претерувајте со брзата храна.
Скорпија
Насобраните проблеми почнуваат да ве мачат и време е да тргнете во нивно разрешување. Не одете во крајност и однапред планирајте ги своите финансиски потфати. Можни се мали незгоди во сообраќајот. Внимавајте на пријателствата, но и на партнерот, го запоставивте во последно време.
Стрелец
Ќе почувствувате огромно задоволство. Едно познанство со странец или личност што живее во друг град ќе ви остави впечаток повеќе отколку што ќе признаете. Внимавајте како ракувате со парите. Можна е грешка. Не поставувајте излишни прашања. Посветете си повеќе внимание себеси.
Јарец
Немојте да наредувате и да заповедате, зашто партнерот би можел да ви ја тресне вратата пред нос. Не залажувајте се со туѓите забелешки, но немојте ниту тврдоглаво да инсистирате на своето. Чувајте се од сонцето. Послушајте ги постарите, никој не ви мисли лошо.
Водолија
Обидете се малку повеќе да мислите на себе, а помалку да се заморувате со ставовите на другите луѓе. Можно е минливо незадоволство со моменталниот работен статус. Ослободете се од негативните мисли и бидете поолабавени. Внимавајте на заштедата. Пешачете повеќе.
Риби
Ќе ги спознаете добрите страни на едно пријателство. Од пријателите очекувате премногу, но и се разочаравте. Успешно ќе завршите еден важен разговор или ќе блеснете на состанокот со нови идеи. Негувајте ја кожата, ова е период кога треба да се пијат многу течности.
|