Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
22.06.2012, 18:39

Мислења

Гледај Русија, пиши Македонија

Ѓорѓи Спасов

Сегашниот претседател Ѓорге Иванов, во свој текст објавен 2006 година под наслов „Гледај Русија, пиши Македонија“, моделот на Владимир Путин го посочува како најсоодветен за новата политичката елита во Македонија

Деновиве колумнистот Братислав Димитров не' потсетува во една од своите духовити колумни на причините за пропаѓањето на социјализмот. Тој вели: „Производството натфрлуваше норми единствено во весници, во говори и на телевизија. Во практика најмногу се произведуваа внатрешни и надворешни непријатели“.

Ги знаевме, вели Бато, наизуст сите класици на марксизмот, но не знаевме една проста народна поговорка која важи за сите времиња: „Кој живее на кредит, умира на рати“. Фала Богу, си помислив веднаш, што сега веќе не е така. Како патриот веднаш го пуштив телевизорот да ги гледам вестите на националната телевизија. А главната вест е како во најдобрите времиња од комунизмот. Спикерката како од Орвеловата „1984“ објавува дека „според извори на Нетпрес е забележан човек од грчката амбасада како влегува и излегува од седиштетото на опозицискиот СДСМ на улицата ’Павел Шатев‘“.

Забележувам, се сменила само улицата. Според тие извори, продолжува спикерката, станува збор за заеднички активности на внатрешниот и надворешниот непријател на Македонија. Пропаднатите политичари Тито Петковски и Љупчо Георгиевски соработувале со Грција за преименување на Република Македонија во Северна Македонија (и веројатно за тоа предавство добиваат пари). Грција преку својот човек за врски, според истите извори, барала од СДСМ да не дозволи една од улиците во Скопје да добие име Филип Втори Македонски. На таа улица се наоѓало сегашното Министерство за надворешни работи на Македонија и поштата од цел свет ќе се одвивала од адреса која ќе ги иритирала Грците. Со тоа е докажано, тврди изворот, дека активноста за СДСМ против промената на имињата на улиците е лицемерство платено од Грците со цел опозицијата одново да дојде на власт.

Веднаш по ова јавно разобличување на внатрешниот и надворешниот непријател, на екраните се појавува Никола Груевски. Тој откако ќе каже колку странски инвестиции влегуваат или само што не влегле во Македонија, и каков економско процвет доживеал Штип за време на неговиот мандат, ќе изјави дека „не може да се негира податокот дека економијата оди во минус“, но за тоа е виновна исклучително економската криза на Запад поради која и ние не можеме економски да просперираме. Со други зборови, кога ни оди, заслужна е Владата, а кога не оди, виновни се претходната власт и Западот.

Се сетив тогаш на некои учебници од комунизмот во кои пишуваше: „Бивша Југославија пред војната немаше ништо. Дојдоа Германците и се' ни зедоа“. Ако се следат говорите на премиерот кои се во тој стил, набргу ќе ви стане јасно дека Западот, како и во времето на комунизмот, се' уште е нашиот најголем непријател.

Прво. Тие од Запад, според него, се лицемери, кои не почитуваат ниту меѓународно право ниту човекови права, кои се кобајаги наш пријател, ама се поголем пријател на Грција и со блокирањето на нашето членство во НАТО и во ЕУ ја уништуваат перспективата на Македонија.

Второ. Од нивната економска криза и финансиски проблеми ние како Македонија покрај сите роуд-шоуа на премиерот, од Катар и Кина до Русија, не можеме да кренеме глава и економски назадуваме.

Трето. Тој лицемерен Запад финансира невладини организации и некои новинари во Македонија, кои си земаат за слобода постојано неосновано да ја критикуваат владата на нашата татковина.

Со оваа реторика, премиерот Груевски, веќе пет години ни повторува дека Истокот не' отпишал, а Западот не не' запишува, па мора сами да се снаоѓаме. Но, се чини дека тој и неговите избраници за одржување на континуитетот (од Ѕинго до Амди Бајрам) гледаат во тоа и некоја предност. Тие профитираат и од кризата на Западот и од модернизацијата на Истокот. А во што се состои модернизацијата на Истокот? Кои се клучните елементи на ефикасноста на власта, да кажеме, на Владимир Путин?

Во една анализа на тема зошто не можат да успеат „портокаловите“, ненасилните или интернет-револуции во Русија или во Белорусија, познатиот аналитичар Иван Крстев го дава следново објаснување: „Стратезите на Кремљ ги нарекоа тој вид револуции што се случија во Србија, Грузија, Украина и во други земји државни удари организирани од Западот. По темелното проучување на технологијата за изведување на тие удари, стратезите ја промовираат доктрината на Путин позната како ’суверена демократија‘“.

Во таа доктрина за зачувување на власта се клучни неколку елементи.

1. Воспоставување целосна контрола врз економските елити во земјата и безмилосно уништување на бизнисот и моќта на оние што би ја финансирале опозицијата.

2. Целосна контрола врз медиумите, па и можност некои сопственици на опозициски медиуми или новинари во неразјаснети околности да исчезнат.

3. Забрана за финансирање на невладините организации од странство и ставање под контрола на владата на целото граѓанско општество преку формирање провладини невладини организации.

4. Обнова на пропагандата за поврзаноста на домашната опозиција со надворешниот непријател и дискредитирање на опозицијата преку перманентна кампања помогната и со информации од тајните служби.

Во ваквите системи, опозицијата на која и' се блокирани сите канали за институционално влијание и опстојување е принудена или илегално да се финансира или да се радикализира преку протести. Тогаш, тоа власта го користи за „оправдано да му се спротивстави на хаосот, да употреби сила“ и да апси, по потреба и опозициски лидери. Со тие методи, соборениот еднопартиски систем се претвора во систем со доминантна партија во власта која ги контролира сите ресурси. Новата партиска номенклатура, распоредена на клучните функции во државата, се одржува на власт и владее зад маската на парламентаризмот, на начин кој само во нијанси се разликува од власта на соборената комунистичка номенклатура. Но, зошто ни се случува ова?

Сегашниот претседател Иванов, во свој текст објавен 2006 година под наслов „Гледај Русија, пиши Македонија“, моделот на Путин го посочува како најсоодветен за новата политичката елита во Македонија и наведува дека со таков модел можат да се исправат направените грешки во процесот на дотогашната транзицијата. Се чини дека на Груевски таквиот модел му легна на срце. Тоа е модел познат како „изборна автократија“ или означен од Русите како „суверена демократија“. И додека таквиот модел во земји со царистичка традиција, со големи национални богатства и ресурси каква што е Русија, во определен период може да има и стабилизирачка улога, применета во мали земји како Македонија, чии политички елити живеат од милоста на Западот и од кредити, се претвора во карикатура која ја враќа земјата во времето на комунизмот. Затоа во такви земји одново производството натфрлува норми само во весниците, во говори и на телевизија. Во практика, најмногу се произведуваат внатрешни и надворешни непријатели. Ги знаеме сите демократски фрази наизуст, но не и поговорката - кој живее на кредит умира на рати.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 2620 пати.

Испрати коментар



Лустрација во опинци
Мојот говор за дипломците по финансии
Дијамантите се вечни



jovan, 23.06.2012 00:38:37
Se slozuvam kako e opisana situacijava vo nasevo opstestvo, no ne gledam nikakva razlika od porano. Istata *taktika* se koristi so decenii. Ke kazam samo eden primer od precedatelskite izbori vo 1999ta koga kandidat bese Boris Trajkovski. Vo Kratovo soprugot na nekoja vrabotena vo Sileks, glasal za Trajkovski (znaci bil VMROvec), pa soprugata expresno bila otpustena od rabota. Toa go znaat site vo Kratovo. Samo nikako da se doznae kako Zingo uspea da stane sega VMROvec. Taktikata e ista, no i lugeto na vlast izgleda se istite. Zatoa se e isto.
USA, 23.06.2012 02:03:04
Kako sto postoi Zapad, taka postoi i Istok. Nitu zbor deka i na dvete strani postoi Liberalizam i Konzervatizam. Na primer, koga denes ke se kaze Zapad, se podrazbira USA. Denes USA se na pat da stanat poliberalni od Evropa i se granicat so politikata na Rusija. Blagodarenie na amerikanskiot ustav, toa nema da bide uste dolgo. Toj Zapad ke ja poddrzi Makedonija, ne samo deklarativno. Se kladime!!!!!
Jugo Sloven, 23.06.2012 02:40:30
Vo komunizmot ne bev bash podoben, duri na ivicata na nacionalist i neprijatel, so kapitalistichki svacanja i ubeduvanja, i toa samo poradi protivenjeto na oportunizmot i glupostite. Sega, koga ne snajde ova shto ne snajde, stanav najgolem pogovornik tokmu na toj sistem i bivshata ni drzava. Ne zatoa shto e taa bila ne znam shto posebno, nego shto e ova katastrofa vo odnos na nea. Namesto demokratska drzava so demokratski institucii i kapacitet, dobivme *chovek-drzava* koj vladee i troshi kako saka, kolku saka i kade saka, i da pri toa nikomu ne odgovara. Djoami ti sme site zaedno so drzavata negov feud. Povrh se, ushte e i falen! Shto narod sme, za da do tamu spadneme? PS:Ova na pochetok shto go iznesovte za YU e apsolutno tochno (od togaj se tie frazi), ama duhovito i bez zli nameri. E taka treba da se gledat i konstatirat rabotite od minatoto, pa ke nema potreba za odbrana na YU i Tito. Se drugo e kontraproduktivno, posebno neuspesite i propadjanjeto na milata ni Makedonija.
Itar Pejo, 23.06.2012 06:31:49
I avtorot, kako i vlasta se dade vo izmisluvanje na istorija. Demek kako bilo vo komunizmot. Bi go zamolil da ni kaze tocno vo koj ucebnik, bidejci go citira, pisuvalo: „Бивша Југославија пред војната немаше ништо. Дојдоа Германците и се ни зедоа“.
miki, 23.06.2012 08:21:33
Oдлично професоре??! Дали има лек за ова??? Заслужи ли Македонија да ја водат вакви тупамароси???? Изгледа си заслуживме, Македонија си ја запечати својата судбина на оној кобен 6.06.2006 година......Наздравје Македонијоооооооооо...............
Коста Стоименовски, 23.06.2012 08:38:22
Пред дваесетина години беа дефинирани следните антидијалектички принципи: Никој ништо не работи, a производството расте; Производството расте, a ништо нема; Ништо нема, a сите имаат; Сите имаат, a никој не е задоволен; Никој не е задоволен, a сите гласаат за; Сите гласаат за, a работат против.
Zoki, 23.06.2012 09:17:57
Drugar,Gospodine Spasov! Vaseto izlaganje prilega na ekvibrilisticko odenje po zica.Nitu sakate da go uvredite Istokot koj ne izbrisal, nitu Zapadot koj ne ne zapisal.Ziveenjeto na kredit koe po vase mislenje pretstavuva umiranje na rati TOTALNO NE E TOCNO! Jugoslavija vo 60te i 70te imase edna od najvisokite stapki na stopanski razvoj VO SVETOT! Tie plodovi seuste site nie gi uzivame. Zosto ne propadna Rusija ili Kina? Da se dava ocenka za nekakva Putinova doktrina nema smisla bidejki taa FUNKCIONIRA !!Neprijatelite sekogas se pojavuvaat prvo ODNADVOR pa se infiltriraat preku domasnite petokolonasi.Ne e kriv ni socijalizmot,ni kilaviot kapitalizam tuku e potrebno da se zakacime na pravata zakacalka, poveke realnost,sorabotka,itrina a pomalce destruktivna istorija i nelogicna lustracija. Promenata na bojata na petokrakata od crvena vo plava seuste ne gledam deka ni donese pogolema produktivnost i razvioj!Nemanje krediti moze da bide UMIRANJE ODEDNAS
До колумнистите, 23.06.2012 12:44:03
Што ќе пишуваа колумнистите да не беше бившиот систем ?
podobro zdravje, 23.06.2012 13:02:42
Pocituvan Profesore. Vasite kolumni sekogas gi citam so osobeno zadovolstvo. Denesnata ja imate napisano taka slikovito, sto i zaslepenite poslusnici na vlasta, ako i malku misalat so svojata glava, kje svatat. Vo socijalizmot se velese deka ima diktatura na proletarijatot ( a se ziveese mnogu ubavo i bezbedno), sega imame diktatura od ..........
BitolaHamiltonCanada, 23.06.2012 13:22:27
Bivsa Yu pred vojnata nemase nisto.Dojdoa germ.i se ni zegoa.Nie shto rastevme togas,se prasuvavme:Ako nemalo nisto,shto togas ni zedoa germancite????Glupava komunjarska propaganda nisto drugo.Taka pravat sega i ovie denesnive novokomponirani demodiktatori.Izmisluvaat vnatresni i nadvoresni neprijateli samo so edna cel,da bidat na vlast zasekogas.Ke gi snajdi istoto shto gi snajde komunjarite.I uste edna glupava,poveke zalosna,komunjarska izreka koja shto se uste se slusa kal nas:AKO SAKAS DA NE RABOTIS,TOGAS UCHI.
девичанецот, 23.06.2012 13:29:33
Почитуван професоре, Сеуште ли веруваш дека Западот не е лицемерен? Ако барем со еден твој пример тоа го докажеш, би те предложиле за Нобелова награда.
student, 23.06.2012 14:10:21
Pocituvam profesore, me cudi sto ne ja gledate vistinata: zapadot navistina e licemeren, bez vistinska demokratija i vo recesija (citaj ekonomska kriza). Za toa postojat vidlivi dokazi koi Vie kako intelektualec ne bi ste mozele/smeele da gi ignorirate. Pr. nepocituvanje na odluki na megunarodni institucii, ako toa niv ne im odgovara: Sudot vo hag, Sovetot za bezbednost ...A istite tie insitucii gi koristat za zaplasuvannje na poslabite i za sproveduvanje na interesite na sopstvenite drzavi. Obicniot covek ne e slep, iako moze nekoj taka misli. Toj covek gleda kako tie zapadni demokrati se odnesuvaat kon poslabite od pozicija na sila, kako imaat sozdadeno sistemi za nadgleduvanje (citaj spiuniranje) na sopstvente gragani...,koi da e katastrofata pogolema se finansiraat so parite na danocnite obvrznici,... tie drzavi so takanareceni jaki ekonomii sega se vo recesija... Sto ke se rece ni za E od ekonomija ne gi biduva. Blagodaram no takvi ne sakam da mi bidat primer.... Pozdrav
Profesorkata Dragana!, 23.06.2012 22:54:11
Pred vojanta Jugoslavija bila siromasna zemjodelska drzava i nemala nisto, potoa dosle Germancite i seto toa ni go srusile! Taka predavase Prof.Dragana (Istorija). No Makedonija imase drzaven stopanski imot vreden (knigovodstveno) 953 Milijardi dolari sto bese privatiziran za 571 imlion dolari!? NIE IMAVME a ni zedoa tie koi eve i denes se na vlast: tie go zedoa za sebe za po 1 dolar fabrika! Okta ja prodade tokmu ovoj covek drzava, a ne samo Okta! No, poarno e da se drzi pritisokot kaj narodot so potsetnikot narecen Branko! Da, Branko im e kriv za se. Inaku Jugo Sloven napisal tokmu kako sto bese!
Demokrat, 24.06.2012 11:14:50
Kolumnata od profesorot si e na mesto,samo kolku luge ke ja procitaat i ke razberat deka e taka? Ili ke za inaet na drugite ke velime deka ne e taka.Se nadevam deka poveke luge ke se osvestat i ke ja uvidat zabludata kade ne turka ovaa vlast.Licno jas ne gi gledam rabotite partiski...Odlicen e komentarot na Jugo Sloven!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 31°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре
Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |