22.06.2012, 17:49 13 години со „Утрински весник“
Почитувани читатели на „Утрински весник“, денеска одбележуваме 13 години од нашето заедничко дружење.
Почитувани читатели на „Утрински весник“, денеска одбележуваме 13 години од нашето заедничко дружење. Некому овој период може да му изгледа краток во историјата на еден дневен весник, особено ако се спореди со над стогодишните традиции на некои светски весници, но за нас кои секојдневно го подготвуваме е повод за гордост и радување.
Денеска во рацете го држите 3.912 - тиот број на Утрински весник. Тоа се 3.912 затреперувања на срцето кога ние што го правиме весникот ќе ја видиме насловната страница на трафика задолжително поставувајќи си го истото прашање: „можеше ли да биде и подобро“? Тоа се, верувајте, 3.912 посебни вибрации кои проструиле низ нас кога ќе видиме дека конкурентскиот весник има добра сторија а ние ја немате. Или кога ќе добиеме комплимент дека сме направиле добро издание на весникот. Тоа се чувства кои само ние новинарите можеме да ги разбереме и кои конечно се нишката која не' поврзува без оглед на сето она што денеска се случува во новинарската сфера.
Но, не се жалиме. Одбравме благородна и моќна професија и ќе издржиме. Во изминатите 13 години „Утрински весник“ помина низ многу трансформации. Некои беа видливи за вас, почитувани читатели, но некои си ги знаевме само ние внатре и се трудевме секоја нова ситуација да ја искористиме за да го зајакнеме мостот кон вас. Некои медиуми одбираат да говорат на висок тон, со многу негативни или позитивни емоции кон оние за кои извествуваат. Утрински весник остана препознатлив по својот умерен тон, кој некогаш може да биде и жесток и циничен или провокативен како што и треба да биде еден весник, но никогаш не ��а напуштивме културата на известување - она што толку многу недостига на овие простори. Сметаме дека јазикот на кој говори еден современ медиумски продукт е најважниот атрибут во комуникацијата и разбирањето со читателите и најсигурната влезница во нивното секојдневие.
Остануваме посветени и натаму на ��валитетното, актуелно и објективно информирање, истовремено интересирајќи се за иновациите кои се составен дел во секоја професија, па и во журнализмот. Не се плашиме од напливот на нови весници или интернет конкуренцијата. Доволно сме професионални за брзо да ја согледаме разликата меѓу класичното новинарство и инстант информациите што ги нуди интернетот кои најчесто во трката со времето се или неточни или непрофесионално обработени. Или од весниците кои работат според строго определена политичка агенда која има го нарушува угледот и им ја загрозува позицијата на пазарот.
Останете во добро здравје и расположение, почитувани читатели, и продолжете и понатаму да читате Утрински весник.Нема да ве разочараме.
Соња Крамарска, главен и одговорен уредник
|
|
Статијата е прочитана 869 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Tane Metodi Trajkoski - Tancho, vlashanski bitolchanec od Toronto, Kanada, 23.06.2012 02:33:26 | Pochituvani od Utrinski..!
Vi go chestitam 13-ot rodenden i Vi posakuvam ushte mnogu rodendeni kako i mnogu, mnogu chitateli. |
| Orde Todoroski - redoven citatel, 23.06.2012 06:58:19 | Srekjen Rodenden i da se druzime uste dolgi godini so zelbi za ponatamosen uspeh vo rabotata i pogolemi dostignuvanja....
Se najubavo .... |
| Dragica Lapajkoska-Belchevska, 23.06.2012 07:53:54 | Cestit rodenden na *Utrinski*,a vam novi uspesi so vasite objektivni artikli.
Blagodaram sto mi prifacate i moi komentari,se razbira do granicite kade mislite deka treba da se pisuva.
|
| Еденчовек, 23.06.2012 08:21:09 | Ви пожелувам и понатаму да бидете во весникарниците мегу нас со вашите секојдневни новости,среќен нека ви е денешниот празник. |
| od ostrijot, 23.06.2012 09:20:00 | cestitka i od mene vi pozeluvam se naj dobro vo ponatomosnata rabota bidejte kako i dosega objektivni a za novi citateli netreba dase plasite
nije ja cenime vasata rabota. |
| Moris, 23.06.2012 09:42:37 | Srecno i beriketno i ponatamu so poubav i pogolem Utrinski vesnik kako vesnik na nadezta za dobro objektivno i kvalitetno informiranje. |
| Ајван Доктор®, 23.06.2012 10:24:00 | Среќен роденден и натамошни успеси во ширењето на слободната мисла до целата редакција на „Утрински“!Ви посакувам уште многу броеви и уште повеќе читатели! |
| pile, 23.06.2012 10:59:08 | Cestitki za jubilejot na site vraboteni vo ``Utrinski vesnik, i da prodolzjat da igraat edna od glavnite ulogi vo formiranje na javnoto mislenje vo R.Makedonija. |
| Tina, 23.06.2012 12:00:31 | Happy Birthday Utrinski Vesnik!!!!!!!Jeeee!,
Samo napred so slikite!, Od Kanbera.
Daleku sme, a bliski sme. |
| Од редовен читател, 23.06.2012 13:29:46 | Нека ви е среќен роденденот. Со вас сум од првиот број. |
| Mapkoc, 23.06.2012 13:51:52 | По повод 13-годишнината од излегувањето на Утрински, ви посакувам енергија, умеење и страст за нови дострели во квалитетот и позицијата на вашиот весник. Посакувам немерливо поголема грижа за онлајн изданието. Тоа значи дека не го делам мислењето на госпоѓа Крамарска, која за информациите кои ни се достапни виа интернет, категорично тврди дека биле „или неточни или непрофесионално обработени„. Ваква „инстант оцена„ - да се послужам со нејзиниот вокабулар – ем е неточна, ем е навредлива. Тоа е случај со низа хрватски портали. Камо среќа соработниците на Утрински својот „уметнички впечаток„ - од следење ХТВ на пример, да го споредат со пишувањето на порталите. |
| Saso, 23.06.2012 14:48:44 | Честитики за најдобриот дневен весник во Македонија. Продолжете и понатаму со исто темпо. Ви посакувам уште долги години да бидете репер за вистинско новинарство. |
| jimmy1, 23.06.2012 16:05:31 | Sreken rodenden Utrinski. Navistina ste samo za pofalbi, vie ste edini vesnik sto gi opisuvate nastanite vistinski onaka kako sto se i kritikuvate sekogo koj ne raboti kako sto treba bez razlika na koja partija i na koja etnicka zaednica i pripaga. Samo taka prodolzete i sekogas ke bidete na dobar pat. Uste ednas topli cestitki i pozdrav do site vo Utrinski vesnik. |
| dobar den :-), 23.06.2012 17:26:21 | Pozdrav - i neka vi odi kako po voda :-) |
| od melbourne, 24.06.2012 02:31:03 | Da vi e cestit rodendenot i mnogu godini da gi opsluzuvate lugjeto so objektivni vesti i kritiki kon sekoj,bez razlika koj e i sto e.Utrinski e kako svez vozduh koga go citas,za razlika od drugite dnevni vesnici. |
| Risto Andov, 24.06.2012 13:20:12 | Еве на радакцијата и колективот на Утрински весник им го честитам јубилејот. Со носталгија си спомнувам на времето кога беа објавувани во истиот мои написи (колумни) и написи на простосмтни граѓани. Тоа беше редакциска политика, во рамките накоја се остваруваше вистинскиот глас на јавноста и народот. За жал подоцна и сега се сменија работите. Еве сега се објавуваат колумни на станден број исти автори. но тоа не е и не може да биде вистински глас на јавноста и народоот! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите | |
|