27.06.2012, 17:06 Шпанско село, сепак, ќе се урива?
Во новиот ГУП на Скопје ќе ја нема атрактивната населба
Ни новите граници на Скопје, по се' изгледа, нема да ги спасат куќите од локалитетот Шпанско село. Новата нацрт-верзија на Генералниот урбанистички план е готова, а во неа, како што рече вчера градоначалникот Коце Трајановски не е сместена атрактивната населба на падините на Водно. Така, голем дел од објектите нема да имаат можност да бидат легализирани.
Иако во изминативе месеци општинарите од Карпош го актуализираа ова прашање и предложија градските власти да ја сместат населбата во рамките на новиот ГУП, очигледно, Градот во последен момент го одбил првично прифатениот предлог.
„Навистина сум збунет. Со градоначалникот и стручните служби од Град Скопје и од Општината остваривме неколку средби и тоа прашање беше решено. Падна договор Шпанско село да влезе во новиот ГУП. Навистина сум изненаден и затечен. Најголема штета ќе претрпат граѓаните“, накусо прокоментира Јакимовски.
Инаку, Трајановски вчера информираше дека нацрт-верзијата на новиот ГУП е готова и се наоѓа на разгледување во Министерството за транспорт и врски и во ресорот за екологија. Се очекува, градските советници да ја разгледуваат кон средината на летово, а наесен да биде донесена конечната верзија на новите урбанистички граници на Скопје. (Дс.Т.) |
|
Статијата е прочитана 2198 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Alter, 28.06.2012 04:27:51 | Ako zakonite vazat za site togash ova selo uste odamna trebase da se srusi. Spansko selo e sinonim za mokta i tipicen primer deka nekoi mozat da gradat koga sakaat i kade sakaat. Divogradbi od polovina milion evra. |
| Ако, 28.06.2012 07:28:54 | Ако ги срушите, позади ќе остане само пустелија и тони, тони одпаден шут, кој таму ќе седи со години. |
| Александар, 28.06.2012 11:52:01 | баш да видиме дали некоја (било која) власт ќе успее да се справи со проблемов..., или како многу пати до сега - многу најави, па ќе падне само добар пазар со сопствениците и ќе си останат таму дивоградбите. |
| Ana, 28.06.2012 15:04:32 | Cuvstvuvam potreba da ve izvestam za eden sudski proces koj tapka 13godini, se raboti za eden covek ili necovek Branislav Sinadinovski koj 13god.si ja tuzi bioloskata sestra za edna legalna nadgradba na nejzinata kuka koja e dobiena po podarok od tatko im pred 20godini,za koi imaat originalni dokumenti.Ottogas toj Branislav ja tuzi cela familija,ima nad 145 tuzbi, sekoj den e vo Osnoven Sud Skopje 2,koj mu pomaga, i mu dava pravo da tuzi kogo ke stigne? Lazno se pretstavuva deka e prof.doktor, nevraboten e,i zasto na site rocista mu e dozvoleno samo on da ima izlaganje,ima tuzbi protiv Sudijata,protiv vestite lica itn itn..cela taa situacija lici na cirkus, ispitajte go imeto Branislav Sinadinovski, koj zarabotuva za zivot, tuzejki veke oslobodeni lica od Vrhoven sud, i sopstvenata familija |
| Toa se Ilii!, 29.06.2012 00:28:46 | Koga Vladata LEGALIZIRA CEL GRAD vo Tetovo, cela naselba Drenovec so ILEGALNI imigranti koi pukaa vo vlasta i tn....legalizira sto stigna vo Skopje, Kineski dzidovi i ne znam sto drugi, sto sakaat sega da prodavaat sila na lugjeto koi ne PLATLE NA KOALICIJATA ? ete zaradi takvi raboti i ke padne vladata, no se cini samo tn. makedonski del od nea, zatoa sto DUI cvrsto si sedi na stolot i gi ipsolnuva vetuvanjata na svoite glasaci! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 31°C
Ведро
|
Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
Полемика-Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите | |
|