Хороскоп
Овен
Се' уште ве држи пријатно расположение. Партнерот премногу го идеализирате, па затоа ќе следува изненадување. Денот е создаден само за уметност, па затоа пожелно би било да посетите кино.
Бик
На Биковите ќе им одговара дружење само со уметници бидејќи и тие самите поседуваат талент. Денот исполнете го со љубов, но внимавајте при изборот. Лавовите повеќе ќе ви одговараат, но не и Скорпиите.
Близнаци
Бидејќи работите повеќе работи истовремено, малку се одморате, а повеќе се нервирате, стресот е неминовен. Аеробикот или кој било друг спорт што ќе ве раздвижи е идеален избор за вас.
Рак
Искористете ја интуицијата и креативноста на вистински начин, па ќе бидете задоволни. Во спротивно, ќе мислите дека убавите нешта им се случуваат само на другите. Флертувајте со некој Лав или Скорпија.
Лав
На Лавовите и понатаму им се насмевнува среќа. Само олабавете се и уживајте во неа. Бидејќи искористивте некои материјални добивки, нема да можете лесно да се релаксирате во некои други нешта. Каде е грешката?
Девица
Размислувате да ја стабилизирате врската, бидејќи досега од неа немавте некоја корист. Не сакате повеќе ништо да трпите, па го искажувате своето назадоволство. Но, на крај ќе сфатите од која страна дува ветерот.
Терезија
Обидете се да се дистанцирате од се' што бара ваше мислење, бидејќи тоа може да ве доведе до несогласувања со околината. Вреди ли да се карате со пријателите? Избирајте само неутрални теми за да ги избегнете расправиите.
Скорпија
Сакате своите желби да ги наметнете не само на вашиот партнер туку и на целата околина. Планетите ви препорачуваат да се вразумите бидејќи не можете секогаш да бидете во право. Повеќе спортувајте.
Стрелец
Успеавте да ги пребродите кризите и да испливате од проблемите што влијаеја врз вашето расположение. Работите сега, конечно, ги држите под контрола. Не дозволувајте само избрзувањето да ви создаде проблеми.
Јарец
Ве очекува успех на работно поле. Тоа го постигнавте благодарение на вложениот труд. Таа состојба ќе ве држи повеќе денови. Не обрнувајте внимание на негативните реакции од страна на околината.
Водолија
Окупирани сте со работа и со други обврски. Имагинацијата е зголемена, па нови идеи ви се мотаат низ глава. Вклучете го малку и разумот барем денес за да можете подобро да функционирате.
Риби
Размислувате околу љубовта, уметноста и филозофијата. Доколку не сте конкретен актер на овие доживувања, на индиректен начин обидете се да го компензирате незадоволството. Како совет, тргнете во акција.
|