01.07.2012, 17:10 Груевски: Бранко да каже кој е Черчил, а кој Сталин
Груевски вчера во Тетово ја предаде во употреба новоизградената спортска сала во дворот на училиштето „Ѓоце Стојчевски“
Тетово – „Бранко Црвенковски првин да каже кој меѓу нив е Черчил, а кој Сталин, па дури потоа ќе дадам коментар“. Вака одговори на новинарско прашање премиерот Никола Груевски за време на вчерашниот престој во Тетово, запрашан што мисли за коментарот на Црвенковски дека двајцата светски лидери се здружиле да го соборат Хитлер.
Груевски уште додаде дека се различни и многубројни реакциите за коалицијата на Георгиевски и Црвенковски. „Дури сега некогашните симпатизери на Георгиевски разбираат што се случувало во минатото. Сето ова оставам граѓаните сами да го оценат“.
Новинарите прашаа и за тврдењето на некои директни учесници за наводната вклученост на Црвенковски и Фрчкоски во криминал. „Јавна тајна е дека биле вклучени во трговијата со нафта и нафтени деривати. Директниот учесник во тие преговори и неговото искажување е јавно бламирање. Ова е запрепастувачки. Човекот само потврдува што се случило. Граѓаните нека го ценат тоа што било направено“, одговори Груевски.
На прашање што очекува од Кипар со преземањето на претседавањето со ЕУ, Груевски рече: „Кипар нема некое големо влијание. Сепак, ние очекуваме фер и коректна соработка и валоризација на она што сме го сработиле и конечно, наше членство во ЕУ и НАТО“.
Премиерот Никола Груевски вчера во Тетово ја предаде во употреба новоизградената спортска сала во дворот на училиштето „Ѓоце Стојчевски“, за која рече дека се потрошени 24 милиони денари и дека шеста по ред во тетовскиот крај, во кој во градба се уште две вакви сали, а ќе се градат уште девет. Во Државниот универзитет промовираше 15 преведени научни книги на македонски и албански јазик. Инаку, ова е прва средба на новопоставениот в.д. ректор Вулнет Амети со премиерот, по неотповикливата оставка на досегашниот Агрон Река, кому во менаџирањето со ДУТ инспекторите му нашле повеќе недостатоци. (Г.Е.) |
|
Статијата е прочитана 1881 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 02.07.2012 00:16:56 | Ne e bitno koj e Stalin a koj Chercil, a i lesno moze da se dogovorat koj ke bide koj. Bitno e se znae koj e Hitler. Toa e najvaznoto. Drugovo i ne e tolku bitno. |
| Itar Pejo, 02.07.2012 00:50:48 | Јавна тајна е дека биле вклучени во трговијата со нафта и нафтени деривати !!! Pa sto ne gi uhapsi? Pa sto ne gi uhapsi? Pa sto ne gi uhapsi? Pa sto ne gi uhapsi? |
| Zloupotreba na srpaski sarlatan, 02.07.2012 01:13:05 | Na ekspoziturata na TV na S. Milosevic vo Makedonija se pojavi nekoj anonimen srpski sarlatan, koj za golemi pari od makedonskite danocni obvrznici svedoci za organiziraniot kriminal so nafta vo devedesetite godini od minatiot vek. Ne e nikakva tajna deka vo toa vreme postoese sverc so nafta, no, vo toa bea vkluceni visoki politicki licnosti od dvete zemji, no ne i marginalni licnosti kakov sto se pretstavuvase ,,gostinot,, na spomnatata TV filijala. Namerata e mosne providna, so obvinenieto za prosrpska politika na B. C. vsusnost se saka da se ,,pokrie,, prosrpskata politika na aktuelnata vlast vo Makedonija. Na B. C. bi mozelo da mu se prigovara za projugoslovenska, no ne i za prosrpska! |
| astro, 02.07.2012 06:00:13 | pa ne znam dali e dobar primer narodo da ocenuva koj e cercil a koj stalin samo edno narodo veke ne znae na kade da fati so falbite koj kolko napravil ne e bitno koja partija e koga nesto stvarno ke krene napred togaj i narodo ke ita po vas ne e bitno koj e. |
| Bitno, 02.07.2012 07:40:20 | Vazno e sto se znae koj e Hitler,drugoto e nebitno! |
| ФЕЛИКС, 02.07.2012 07:47:48 | Незнам дали следува награда за квиз прашењето,,кој е Сталин а кој Черчил,,но без разлика погодувам 100%.Сталин е оној илузионист кој во ист стил применува репресивни мерки (читај Коки аргументи)кон неистомислениците во сопствените партиски редови.Черчил нема оти овие двајцата се горди носители на титулата ,,изборни губитнички лордови од прв ред,,.Черчил сите знаеме да е победник во војната а политички губитник во мирот и нормално достоинствено повлекување од политиката, за разлика од нашиве домашни губитнички ,,лордови,,. Пејко сиртаки песнопојниот играорец треба да знае да има застареност на делото од пред 15-тина год.и второ кој сака да изгуби предизборен,,кец на десетка,, во откривањето валкани нафтени ембарго бизниси,кога илузионистички некој кажува кој е кој во криминалот.И до оној што неверува во сето ова,овој нафтен ваш играч не се појави на Сител туку на српска тв куќа.И благонадежникот порано во тв дуел објасни кој е кој во шверцот со нафта. |
| Regan, 02.07.2012 08:13:02 | Кој е Сталин,а кој е Черчил?Одговорот се подразбира - Црвенковски какко комунист е Сталин.а Георгиевски како десничар Черчил.Несвесно,Бранко незаслужено го издига вториов на ниво на еден Черчил. |
| cobe, 02.07.2012 08:20:22 | Точно Јоване...... важно дека знае кој е Хитлер........ а за другиве кој е кој ќе му објасни кумашинот Ставрески............. |
| Mirko, 02.07.2012 08:40:16 | Mnogu nizok vokabular na premijer. Branko mu postana nokna mora. |
| Od CCCP, 02.07.2012 09:08:56 | I na velija nikoj ne mu mozese ali zavrsi vo Sutka i na bc i frco im se brojani denovite........... |
| pameten, 02.07.2012 09:28:11 | Ниту Бранко ниту Љубчо се Сталин. Бранко, како мнозинството Македонци искрено jа сакаше Македонија таква каква што беше во времето на СФРJ. Тогаш светот сакаше да стави крај на Бугарскиот иридентизъм и помагаше изградбата на посебен Македонски идентитет и јазик. Бидејќи во СФРJ, Македонија не беше вметната зад Железната завеса и Македонецот живееше подобро од секогаш. Бранко верува(ше) дека оваа Македонија може некако да преживее. Љубчо знаеше дека нема бегање од Бугарските корени и се обидуваше да го адаптира својот народ кон реалниот свет. Разбираше дека Македонија треба да се помири со историjата и со соседите, во случајот со Албанците дури да се жртвуват територии. Тука тој повеќе личи на Де Гол кој што жртвува два милиона Французи во Алжир, но даде шанса на Европска ��ранција да процвети. За разлика од нив, Груjо верува во фантазии, а тоа е рецепт за катастрофа. Дали Бранко и Љубчо успеат да спасат државава во последниот можен момент? |
| gragjanin, 02.07.2012 10:41:23 | Приземно реагирање на пастирот,една историска вистина,искажана како метафора:против злото(фашизмот),се прави коалиција(па дури и неприродна),не ја сфати(во равенката со три непознати,тој се препозна, ја лапна јадицата,па за него е битно кој е кој од другите двајца?!)..ох,мајко мила,кој не води..и каде?Quo vadis domine?Сега барем знаеме кој е Хитлер од нашето маало,тоа е најбитното!!!На здравје..премиере! |
| Весна.С. од Прилеп, 02.07.2012 11:21:06 | По завршувањето на војната помеѓу Черчил и Сталин беше подигната железната завеса и Европа се подели на два дела Источна и Западна Европа и почна Студената војна помеѓу нив.Дали тоа ја очекува и Македонија откако ќе го симнат Грујо од власт? Тоа значи -тешко нас со Грујо а исто тешко нас со македонските Сталин и Черчил(само не знам што се лидерите на Албанците - мошеби ги претставуваат Американците?
П.С. Германија по војната беше поделена на (мислам )шетири окупирани делови а на толку делови ќе ја поделат и Македонија |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
|
Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|