01.07.2012, 17:23 Книга за пресметка со ВМРО-ДПМНЕ
Љупчо Георгиевски на промоцијата на автобиографската книга „Тоа сум јас“ го нарече премиерот боксер кој сака да спарингува само со вреќа затоа што таа не знае да зборува
Наум Котевски
„Во последните три-четири години се соочуваме со нов обид за фалсификат на историјата. Јас одлучно се борев против лагите во комунистичкиот режим. Но, очигледно, таа лажна историографија не припаѓала само на тој систем. Веројатно е последица на генот“, вака една од најпознатите и најконтроверзните личности на македонската политичка сцена, Љупчо Георгиевски, и официјално ја најави својата автобиографска книга насловена „Тоа сум јас“. Претставувањето се случи во скопскиот хотел „Бест вестерн“ на десетина метри од седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, која тој ја формираше заедно со уште неколкумина свои истомисленици.
Но тие десетина метри, кои може да се изодат пеш додека си трепнал, на ироничен начин го симболизираат сегашниот долг и тешко изодлив мост на разлики меѓу Георгиевски и новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ни се случува диверзија на свеста. Токму затоа се одлучив да објавам книга во која ќе ги кажам моите ставови за некои процеси и личности“, додаде Георгиевски, кој по долго размислување ја прифатил идејата за автобиографска книга од издавачката куќа „Лекс Легис“.
„Идејата не беше од пропагандистички побуди, туку како своевидна интелектуална провокација. Во книгата зборувам за моето рано детство, моето градење како личност, борбата против југословенството во Македонија, основањето на ВМРО-ДПМНЕ, борбата за независност. Тогаш имаше мал број борци, а сега се многубројни“, посочи Георгиевски.
Испровоциран од новинарско прашање Георгиевски објасни зошто некогаш бил во одлична комуникација со Борис Змејковски, Филип Петровски и Никола Груевски, а потоа се диста��цирал од нив.
„Змејковски во 1998 година тргна во насилничка промена на Доста Димовска. Организираше мини пуч. Јас требаше да одлучам меѓу него и Доста и се решив за Доста. Кога замина Змејковски на никого не му беше забрането да комуницира со него. Дури и партиските книшки потпишани од него не беа замените во наредните три години. Бизнисите не му беа контролирани, ниту пак, со нешто му била загрозена безбедноста“, вели Георгиевски, според кого Филип Петровски бил толку минорна личност во кадровската структура на партијата, што, како што кажа, нема ни потреба од поширока елаборација.
„Како него имаше стотина кои минаа низ партијата. Само ќе кажам дека тој беше еден од оние пет-шест пратеници кои своевремено уценуваа за да останат во партијата. Не му дадовме пари, ама го пративме за конзул во Њујорк. Тоа беше период кога тој правеше разни кавги по дискотеки, прекршоци со мотори и стана момче со несимпатичен имиџ за ВМРО-ДПМНЕ“, открива Георгиевски.
Бившиот премиер ја призна и својата интервенција на Конгресот на партијата во Охрид кога за претседател беше избран Никола Груевски.
„Ак�� имаше слободен избор, Марјан Ѓорчев ќе го растуреше Груевски. Мојата интервенција беше со политичко лобирање, а не со насилничко. Оние кои знаев дека ќе гласаат за Ѓорчев ги повикав на разговор, на кој им го кажав своето мислење зошто Груевски треба да биде претседател. Не ме послушаа сите. Силвана Бонева е една од оние кои гласаше за Ѓорчев. А, Филип Петровски, пак, гласно викаше дека Груевски не може да му биде претседател. Според мене, Ѓорчев може да биде директор на претпријатие, успешен градоначалник, но за претседател треба нешто повеќе. Јас мислев дека Груевски е тој кој може да ја врати стабилноста на партијата и тоа на некој начин се покажа како точно“, посочува Георгиевски, кој во 1999 година сметал дека партијата не треба да им свој кандидат за претседател. „Димовска се спротивстави и кажа дека мора да имаме кандидат. И Балковски беше против, а сега ми е соработник“, додаде Георгиевски.
Според Георгиевски, кој и денеска смета дека Борис Трајковски немал капацитет за претседател, како што нема и Ѓорге Иванов, ги повика премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставревски на ТВ- соочување.
„Во моментите кога Црна Гора не' престигна и доби датум за преговори, тие зборуваат за Љупчо и Бранко. Шест години Македонија живее без нешто што не може да се замисли демократскиот свет - без ТВ-дуел. Храбрите боксери како спаринг-партнер ја одбраа вреќата, која не знае да зборува. Ако не може Груевски, нека дојде Ставрески. Ако не можат и двајцата, нека го пратат Влатко Ѓорчев или кој било од Извршниот комитет“, рече Георгиевски. |
|
Статијата е прочитана 5706 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Makedonoid, 02.07.2012 01:37:26 | Perfiden obid so knigava na ljubco da se potpomogne golemobugarskata propaganda vo r.makedonija, ovojpat preku izdavanje knigi na makedonski literaturen jazik spored ustavot na r.makedonija sto bi rekle nasite istocni sosedi I ideolozi na bivsite premieri |
| USA, 02.07.2012 04:01:42 | Vo USA, memoari i avtobiografii objavuvaat politicari po zavrsuvanjeto na svojata kariera. Vazat li ovie pravila i vo Makedonija? Aj, da vidime. |
| ФЕЛИКС, 02.07.2012 07:06:23 | Ме интересира дали во книгата е опфатен тв дуелот во 1998гпомеѓу сегашни��е коалициски колекционери на изборни порази,за шверцот со нафта,цигари и др.а посебно она за ,,цртата,, и вискито.Можеби некој ова ќе го подведе под историја,но сепак е добро да се подсетиме за поранешната љубовна омраза помеѓу овие двајца. |
| Petre, 02.07.2012 07:08:11 | Дали Љубчо во книгата ги дава податоците колку провизии зеде од продажбата на Телеком, Окта и други фирми? Со колку пари влезе во владата а со колку излезе? |
| Историчар, 02.07.2012 07:58:26 | Што знае овој бивш премиер Љ.Г. за историја. Ништо. Единствено дека историчарите сеуште се србо-комунистилчки настроени. Тоа не е така а е затоа што поима нема од историја. А, ако историчарите беа бугарски настроени тогаш ќе беше добра историјата. Уште еднаш повторена постојана глупост. Затоа историјата нека ја остават на историчарите а тие нека си го гледаат бизнисот, транзицијата, парите, мафтосувањето на народот и се она својствено на ним, а нека го оставт и народот со својата сиромаштија. |
| Makedonec, 02.07.2012 08:05:19 | Dali e toa covek koj bese premier na Makedonija vo 2001 god.i sakase da razmenuva teritorii, koj ima bugarski pasos a se deklariara kako makedonec? Dali e toa istata licnost koja velese vo 90-tite deka sledniot kongres na VMRO ke bide vo Solun? Koj ja iskrivuva makedonskata istorija toj ili nie?
Konecno dojde vreme da si zamine definitvno od makedonskata politicka scena i Makedonija zasekogas! |
| Кире, 02.07.2012 08:26:13 | Ха-ха-ха! Зарем не гледате? Па книгата му ја напишал Бранко! |
| jaco, 02.07.2012 08:38:42 | ljupco ti si kontraverzen politicar no nesto sto go cenam kaj tebe e iskrenosta i vizijata za idninata.Zalam sto ti si go napravil Gruevski za pretsedatel a sega toj tolku te ponizuva da moze i kozata ke ti ja odere no toj e tvoj proizvod kako sto velat starite so svoj kamen po glava.Sto ke bide ke vidime idninata ke pokaze iako sega site vmrovci se so nego . |
| clen na vmro, 02.07.2012 08:45:39 | eh,koga gruevski bi imal hrabrost da sedne na duel ke go vidite site koj e.Vaka kako sto trgnal gruevski kade po 1000,kade po 3000 lugje da vrabotuva ke ni treba stranska rabotna raka.A za vrbite i palmite cekajte urmi da rodat.Razbudete se lugje,vaka ne odi samo so propagandi i namesteni novinari i mediumi,LEB SE SAKA eejjj. |
| citatelka, 02.07.2012 10:48:34 | Ми се лоши од македонскиве политичари, од сите до еден. Не ми е јасно како таа пуста земја им ги трпи стапките и чекорите на кожата своја, со кои ја горат, а со секој збор ја гушат...аман, Македонија земјо страдна, кога конечно ќе се појави некој нормален, обичен, умен и психички здрав (не комплексаш болен за власт) да те води..... |
| Petar, 02.07.2012 10:58:47 | Interesno e sto odednas Ljubco e dobriot.sto se nema da napravat za da dojdat na vlast |
| Patriotite Mujo i Haso, 02.07.2012 12:37:50 | Od pochetokot na devedesetite tvrdevme deka Ljubcho e bugarin, a ne makedonski vojvoda, na hsto patriotite shestoko reagiraa na *komunistichkata srbomanska propaganda*, spremni i so sila da ja branat chesta na vojvodata. Sega tvrdime da e Grujo najgolemiot manipulant, izdajnik i kriminalec, a reakciite na patriotite se isti kako i za Ljubcho svoevremeno. *Utre* koga Gruevski ke ja zagubi vlasta, istoto go cheka ona shto go Ljubcho sega dozivuva, od istite tie patrioti. Togaj ke se sramat povece od Grujo, nego li sega od Ljubcho. Znachi odposle svacaat, neshto vo stilot na Mujo i Haso. Zalno! |
| neno, 02.07.2012 12:52:08 | Nesto sto eden covek ke rasipe posel 100 nemoze da popravat. Toa e ovoj covek. 2001 napravi vojna i ja unazadi Makedonija, sega povtorno pravi golemi steti. |
| alekso maliot, 02.07.2012 13:05:04 | politicar so jasno izgraden stav i koj ne se plasi da kaze so misli..istorijata ke oceni dali bil vo pravo. sega sekoja cest za hrabrosta javno da go kaze svoeto mislenje. sekoja cest vojvodo
|
| svedok, 02.07.2012 13:06:07 | Љупчо е во право дека изникнаа како печурки нови основачи на ВМРО-ДПМНЕ, но зашто самиот ја сокрива вистината, дека
и тој е само приврзок на вистинскиот основач ! Било кој текст на оваа тема не може да претендира на сериозен пристап доколку не е наведен Владимир Голубовски
како основач, и повеќе од тоа како човекот кој го осуети проектот на службите за бојкот на 2-риот круг 1990, со што ја етаблира ВМРО-ДПМНЕ во македонската политика. Љубчо и Змејко со Анте и Гане заговараа бојкот ! Зашто се крие фактот, дека и
Референдумот 1991 е предлог на Голубовски?
Зашто новинарите не ја утврдат вистината за Референдумот за новата територијална организација, па и за Референдумот со кој “мафта“ Груевски за името ! Прашајте го истиот човек !!! |
| do komentatorot, 02.07.2012 16:39:22 | Za nekoj da bide vojvoda,treba da pukal so nekoe oruzje vo nekoja bitka.Taka se stanuva vojvoda.No sto pravel Ljubco?Samo zboruval,kradel,placel i ja falsifikuva istorijata.Toa ne e vojvoda,tuku...ajde da ne napisam sto,da ne bidam cenzuriran. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
|
Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|