Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.07.2012, 17:19

Мое ќоше

Добриот Грујо и лошиот Бранко

Ерол Ризаов

Кои се нашите теми оваа изгор лето и кочан политика

Летото станува изгор, а политиката кочан. Човек може убаво да се забавува со приказните за лошиот и нечесниот Бранко Црвенковски и за добриот и чесен Никола Груевски, за преродбеничката и омилена ВМРО-ДПМНЕ и расипничкиот и омразен СДСМ. За градителите и уривачите, за патриотите и предавниците на Македонија, за лошите соседи со кои сме опколени од сите страни. Да, тоа може да биде хумористично и забавно четиво доколку не е тажно и трагично за иднината на повеќе генерации граѓани од кои мнозинството, според сите анкети, нема повеќе надеж и е потполно свесно дека упорно одиме како балкански камикази во погрешна насока.

Додека „мрзливите“ Црногорци ги почнуваат преговорите со Брисел за рамноправно членство во ЕУ и ќе бидат за три-четири години трета поранешна југословенска република во европското семејство, еве ги нашите главни летни теми: Изборната кампања за комунални, локални избори почна една година пред да се одржат. Премиерот Никола Груевски некни не' повика да си го сочуваме достоинството кога одиме во Грција и секој од нас да размисли дали да оди ако Грците се подготвени да ни залепат ФИРОМ и на челото, а не само на автомобилот. А клетите Грци (добро е, не се само Турците клети) тоа го правеле оти во 1995 година СДСМ ја потпишал Привремената спогодба со Грција. Овој своевиден повик за бојкот на Грција упатен се разбира и до мене ми го врати достоинството и ми послужи за добро оправдување пак летово да си заминам за Охрид во духовната престолнина на Македонија и световниот главен град на СДСМ.

Добриот Груевски во својот патриотски вознес и поход за враќање на достоинството на македонските граѓани испушти да каже неколку важни работи. Како тоа меѓудржавниот договор потпишан од тогашните министри за надворешни работи Карлос Папуљас и Стево Црвенковски, а посведочен во согласност со Резолуцијата на ОН 845 (1993) од Сајрус Венс, специјален претставник на Генералниот секретар на ОН, одеднаш стана Договор на СДСМ. Дали сите договори по истата аналогија денес што ги склучува Владата и ги потпишува лично премиерот или неговите министри се договори на ВМРО-ДПМНЕ или на државата Македонија. Во суштина поради обземеност од опозицијата Груевски им даде на социјалдемократите голем подарок препуштајќи ја Привремената спогодба исклучиво како нивно дело и достигнување. Според врвните светски експерти и правници за меѓународно право, Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција потпишана 1995 година е најголемиот адут на Македонија потврден и со историската пресудата на меѓународниот суд во Хаг со што Груевски со право толку се гордее. Дали може некому да му биде јасно како еднаш истиот тој документ служи како кралски доказ во Хаг дека е прекршен од страна на Грција, а другпат за наши домашни потреби е срамен акт потпишан од предавничката СДСМ. И уште нешто многу поважно, ако веќе ги обвинуваме Грците за оние срамни налепници, подобро е да видиме дали и сега со тоа ја прекршуваат Привремената спогодба, отколку да им дадеме за тоа оправдување обвинувајќи ја опозицијата. Вака испаѓа дека Грците лепат налепници со право оти предавниците од СДСМ потпишале Договор кој им го дава тоа право.

Втората тема која ме засмеа да солзи е истражувачкото новинарство на најгледаните наши телевизии. Извесен босански ебиветер станува значајна фигура и клучен сведок за криминалот на Бранко Црвенковски и СДСМ при кршењето на ембаргото кон Србија. Големо откритие, нема што. Наместо да се потпираат на белосветски криминалци, овие наши журналисти можеа да поентираат ако побараа од своите газди автентично сведоштво од прва рака. Едниот од овие, познати коалициски партнери на власта, е вистински експерт за кршење на ембаргото кон Србија. Точно знае и кој и како го кршеше ембаргото, колку пари од тоа зема државата, колку компаниите, а колку пари отидоа во приватни џепови. Неговото сведоштво би била вистинско новинарско истражување.

Еве ова се нашите главни теми: ексклузивното сведоштво само за гледачите од Македонија на угледниот криминалец од Босна, потоа следуваат клетите Грци, кои само што не ни залепиле етикета со ФИРОМ на челото, промената на имињата на улиците, 30 метри споменик на Мајка Тереза. Еден читател со посебна смисла за црн хумор предлага да ја качиме нобеловката на коњ. Е, тоа би било, вели, полн погодок и најголем дострел на преродбата што не' снајде.


Статијата е прочитана 3576 пати.

Испрати коментар



Писмо на основачи на ВМРО-ДПМНЕ
Книга за пресметка со ВМРО-ДПМНЕ
Исправка на авторство
Груевски
СДСМ
Интервју - Витезите хуманитарци од Малтешкиот ред



jovan, 02.07.2012 00:27:24
Uste koga se najavi *koalicijata* Ljubco-Branko, napisav deka toa ke bide najgolemata opasnost za VMRO(normalno dokolku opstane ovaa koalicija), i deka tek sega ke raspalat od site strani, ke iznaogaat sve i svasta da zabavljaat narod so toa sto pravel Branko-Ljubco pred 10, 20 godini. Ova e tek pocetok i ima za cel da ja omalovazat ovaa koalicija. Otkako ova nema da im uspee (a i tesko deka ke im uspee) togas ke preminat na rasturanje na ovoj dogovor so potkupi i uceni.Ovoj prv udar poveke od jasno e deka*koalicijata* lesno ke go izdrzi, i ne samo sto ke go izdrzi nego i ke se proslavi poveke, bidejki ona sto se obiduvaat sega da napravat e pre naivno, glupavo, veke videno, i smesno.Zatoa mnogu brzo ke preminat na vtoroto. Potkup i uceni. Tuka neznam kolku ke izdrzat i kakov im e kadarot. Ako e lesno potkupliv, brzo ke ja prodadat*koalicijata* i ke ja rasturat. Ako ne, togas so sigurnost zapocnuva padot na VMRO, a toa ke stvara se pogolem i pogolem strav i panika, koj ke gi prisili
Panika vo Prerobata!, 02.07.2012 01:30:34
Nema somnenie deka vo Prerodbata zavladuva panika. Tie znaat deka dokolku ja zagubat vlasta ce se otkrijat site kriminalni raboti i deka ce odgovaraat za svoite nedela. Podgotveni se da potrosat ogromni narodni pari za kompromitiranje na opoziciskite lideri, a antiopoziciskata kampanja progresivno ce se intenzivira so nablizuvanjeto na izborite.
MacBug, 02.07.2012 02:18:05
...da ja kacime nobelovkata na konj i po moznost toples, ama so odnapred izvajan (izlean) gradnik, ako slucajno nekomu gi povredi cuvstvata, da moze vednas da se intervenira (oblece)....taka mozeme da dobieme 2 vo 1, nobelovkata plus Lejdi Godiva.. ili poarno da si molcam, slucajno da ne procita nekoj od nadleznite pa da mu se dopadne idejava...
USA, 02.07.2012 03:54:47
Ako Makedonija so ovaa vlast se dvizi vo pogresna nasoka, koja e pravilnata nasoka.....i so koja vlast? Od ponudenata alternativa, ima li nekoj sto ke se pojavi premierno......kako premier? Ili ke dejstvuvaat kako DUO-TRIO?
pretppriemach, 02.07.2012 08:38:13
Eve, zaradi vakvi tekstovi te povtuvam Riazaov i smetam deka si navistina profesionalen novinar. Na fin nacin gi iskritikuva onie sto ne ti se dopagaat ama so nieden zbor ja negirase vinata na drugite za svercot so nafta i cigari. Od tebe moze samo da ucat ovi nasi novinari-potrckovci. Pozdrav, i ponatamu so zadovolstvo ke gi citam tvoite tekstovi.
piskaralo, 02.07.2012 08:50:00
i taka erol poleka se pretvori vo obicen partiski megafon.... neka e airlija erole !
Miki, 02.07.2012 08:52:12
Opoziciskata Koalicija sekako deka ke pobedi na narednite izbori, no edno MORA da znae - ako konecno ne gi rascisti Avgievite stali na Gruevistickiot kriminal, temelno i bez nekakvi pazarenja - ke zavrsi loso i ke zavrsi brzo!!! Dar-Mar ednas mu poraca na Crvenkovski: Gledame sto pravat! Ako ne vidime sto ke im napravite ke vidite sto ke vi napravime! Ne poslusa i vide!..Crvenkovski i Georgievski ke ja imaat sansata - nekoja sledna nema veke NIKOGAS da im se dade!!!
Mirko, 02.07.2012 09:00:15
Bravo za statija! Ovde ne treba nikakov kometar. See e kazano. Bravo Erole.
Mitre od Rotino, 02.07.2012 11:03:46
Сепак од секое дрво свирче не бидува, а богами секој неможе да биде новинар. Ерол си бил, си и ќе останеш новинар од најголем калибар.Браво
Goran, 02.07.2012 11:19:32
Seta prikaska okolu svercot na naftata e poveke od dobro poznata na mnogumina,pa toa bese javna tajna vo toa vreme.Sega se potvrduvaat somnezite deka imalo i togas tajni dogovori pomegu Branko i Ljupco (sto e nivno legitimno pravo) da ne se cepkaat eden so drug,sto i go storija. No kako i da e,sepak neprimerno e na site tie koi ednostavno zaboravaat ili se pravat deka ne znaele ili sega toa ne e vazno.... sto se slucuvalo. Legitimno pravo e na sekoja partija koja strategija ke ja odbira i kako ke koristi i koga odredeni aferi ili bagazi,a drugo prasanje kolklu na toa ke poveruvaat samite glasaci.Sekako legitimno pravo na sekoja partija da pravi koalicii za koi percipirale deka im e od interes na ostvaruvanje na nivnite politicki celi. Ovaa kolicija ja razdrma zaspanata politicka opozicija,no i samite glasaci pa ke pocekame da vidime koj ke bide pobednik.
Hari, 02.07.2012 12:16:01
Sto ke bese so Makedonija da nemase sverc so nafta, dali ke preziveevme vo uslovi na embargo, dali toa se prasal nekoj??? Poaktualen e kriminalot poslednive 6 godini koga nemame embargo...
OPTIMIST, 02.07.2012 17:32:02
голема желба ми е ако се врати СДСМ НА ВЛАСТ министер за внатрешни работи да биди ЉУБЕ БОШКОСКИ,а ВЕЛИЈА РАМКОСКИ ДИРЕКТОР НА ИДРИЗОВО
sekoja cest, 02.07.2012 18:57:00
Bravo Erole odlicen tekst se poveke i poveke uzivam vo tvoite tekstovi i gledam da ne gi propustam zatoa sto si navistina objektiven

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |