Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
06.07.2012, 17:11

Поглед

Зелен срам

Димитар Чулев

И не се вистинити шпекулациите дека зад проектот да се инсталира семафорски „зелен бран“ на „Партизанска“ стои една зелена политичка партија. И дека, наводно, скопскиот придонес за почиста, поздрава и позелена планета бил поздравен од Движењето на здруженијата на зелените низ целиот свет, па дури и од „Гринпис“.

Не е точно ни дека „зелениот бран“ всушност е само една од брановите должни од широкиот спектар на политичкиот нов бран во пресрет и со многунаменска маркетиншка функција пред локалните избори идната година.

Повозрасните генерации скопјани паметат дека „зелен бран“ на „Партизанска“ постоел и во 1970-те. Да бидеме цинични, Западот и Истокот, во тоа време на идеолошки антагонизам, дојдоа до истиот заклучок дека трошокот на возилата без стоење на семафори и при приспособена брзина од 55-60 км/ч е најоптимална, најбезбедна и најекономична варијанта за движење на моторни возила низ град. Значи, нема ништо ново за промоција.

Има само продавање на старото, препакувано и етикетирано како новина во „европска амбалажа“, според европски тренд и европските стандарди.

Кога сме веќе тука, да потсетиме дека и локална самоуправа е само ново име за старите месни заедници, колективните договори ги заменуваат некогашните судови на здружен труд кои ги штитеа правата на работниците, а терминот „соживот“ имаше двокомпонентно име во мултинационалното и мултиконфесионално општество пред 1990-те.

Затоа, господа, нема потреба да промовирате семафори, крстосници, кружни текови и слично како дострел на 21 век. Зашто, му доаѓа на човек да позелени. Ама од срам.


Статијата е прочитана 1671 пати.

Испрати коментар



Писма - Предизборни приказни за гасификацијата
Цехот на неправдата
Постнационален фудбал?



Vlatko, 07.07.2012 00:30:41
jas se sekavam 1988 godina na Partizanska posle slatkarnica Palma vo prevec prema centar vo sredinata na bulevarot imase znak na koj pisuvase ZELEN BRAN znaci toplata voda bila izmislena odamna :)))
Itar Pejo, 07.07.2012 00:34:29
Koce ne laze za zeleniot talas na Partizanska. Tamu kade sto ziveese Koce vo toa vreme nikoj ne znaese sto e toa semafor a kamo li zelen talas.
јовица, 07.07.2012 10:06:29
Не промовираа идеја, туку промовираа поинаков режим на сообраќај од сегашниот. Никој од нив не си го присвои како свое авторско право, ниту пак рече дека е попаметен од некои свои претходници. Не разбирам што е поентата на овој текст, освен дека ако нешто порано било измислено дека сега не треба да го применуваме.
skok, 07.07.2012 10:06:55
Moj zaklucok kako skopjanec i dolgogodisen vozac e deka zeleniot bran e delo na zeleni lugje.Zelen bran da,no ne i semafori na sekoi 100-200 metri kako sto toa e storeno so noviot bulevar Ilindenska kade od zooloskata gradina do krstosnicata kaj vojna bolnica ima 4 semafori.Istoto toa e napraveno sega i so bulevarot Partizanski odredi.Od krstosnicata so Ruzveltova do pred poliklinikata Bukurest se postaveni uste dva dopolnitelni semafori.So toa bulevarite ja gubat svojata namena kako brzi i protocni gradski soobrakajnici,kako sto e vo celiot svet.So tie dopolnitelni semafori bezbednosta ne se zgolemena bidejki taa direktno zavisi od pocituvanjeto na soobrakajnite propisi i redovnite kontroli na soobrakajnata policija.!!
jovan, 07.07.2012 11:08:35
Kako sto napomenal eden komentator pogore, zelen bran postoese uste vo KOMUNIZMOT. No kako i da e, sabajlevo bas pominav na toj del od partizanska Vlae-Centar, vozev okolu 60km/h i navistina dobro bese. Site semafori (vklucuvajki gi i onie pesackite) funkcioniraa sinhronizirano (osven eden kaj Bunjakovac koj *zakasni* malku). Neznam samo kako ke funkcionira ovoj bran vo guzvite, koga brzinata paga ispod 40na saat, a na momenti i ispod 30na saat.
ФЕЛИКС, 07.07.2012 11:23:15
Нормално критиките доаѓаат од оние кој се потомци или актери на некогашното поминување на пешачки премин на црвено.Со тоа се докажувала партиската е припадност или почит сеедно
Partizan, 07.07.2012 11:27:12
Se sto se pravi e ubavo. No, se soglasuvam so Chulev deka ne mora bash za sve da se izlaguva i da se pravi preskonferencija, pa i za toa deka na Partizanska ke ima zelen bran. Mnogu lici na propaganda, a toa zamoruva pa duri ima i kontraefekt
Читател, 08.07.2012 00:24:31
Зелен бран никогаш не помага во услови на гужва, затоа што тогаш не е возможно да се задржи потребната брзина на движење. Не помага ни еколошки. Единствено нешто што ќе успее да се постигне со многу семафори е прераспределбата на гужвата на повеќе наместно на една раскрсница и глобално намалување на просечната брзина на возилата. Ако досега просечната брзина била 50км/ч, сега ќе биде 35км/ч. Вистинско решение за намалување на гужвите и сообраќајот и загадувањето е еколошката такса - по примерот на Лондон и сл. каде се плаќа прилично висока сума за влез во центарот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ влезе во светската винска елита
Ова е второ вино на „Тиквеш“, покрај „бела вода“, кое за помалку од една година добива висока оценка и можност за пробив...
(ФОТО+ВИДЕО) Се ожени Андрес Иниеста
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, 28-годишниот Андрес Иниеста заплови во брачните води со својата партнерка А...
(ФОТО) Калашников распали во Хераклеа
На концертот на Горан Бреговиќ присуствуваше три и пол илјадна публика која претежно беше средовечна полна со емоции и с...
(ФОТО) Отпад од Пена изложен на плоштадот во Тетово
Мебел за дневна соба, цела кујна, многу облека и обувки што Тетовци го фрлале во водите на реката Пена или покрај нејзин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |