-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Хороскоп

Хороскоп



Овен

Денеска размислувате за љубовта премногу, можеби и повеќе отколку што имате основа за тоа. Желбите се едно, а можностите друго. Среќата можете да ја постигнете ако се свртите и кон другите сегменти од животот: спортот, партнерот, децата.



Бик

Ако сакате веднаш да ги видите своите резултати, ќе бидете разочарани. Мора да поработите на некои ваши особини што ја поттикнуваат трпеливоста. Најважно е се' да функционира така како што е потребно.



Близнаци

Ќе ви биде од корист само тимска работа, при што ќе посакате да бидете први и главни. Поуспешни ќе бидете доколку се занимавате со филозофија или со уметност отколку со каков било бизнис. Прифатете нечија понуда.



Рак

Ништо ама баш ништо нема да ви падне од небо. Влеговте во фаза на просперитет, благодарение на вашите способности. Се' ќе се случува според однапред зацртан план. Не прикривајте ги емоциите, бидејќи така само ќе ја доведете во криза вашата врска.



Лав

Конечно успеавте да постигнете рамнотежа на сите полиња. Полетни сте, здравјето ви е добро, а најблиските ве опсипуваат со љубов. Работата сега ќе ја ставите на втор план. Сепак, чувајте се од некои претерувања, како што се алкохолот и храната.



Девица

Бидејќи имате обичај претерано да ја исцрпувате енергијата, можни се некои здравствени проблеми. Пожелно е само да се биде трпелив и да се чека. Но, размислете, дали навистина е добро да земате се' при срце?



Терезија

Ако бидете активни и ако јасно сфатите што сакате точно, можете слободно да се надевате на успех. Колку ќе успеете да искористите, дискутабилно е. Можни се и некои манипулации од нечија страна, затоа бидете внимателни.



Скорпија

Креативни сте и друштвени повеќе од кога било. На флексибилен начин ги разрешувате сите проблеми. Слободното време искористете го за пишување или за некое патување. Од некој Рак или Стрелец прифатете добар совет.



Стрелец

Пред Вас е успешен и креативен ден во секој поглед. Особено ќе ве израдува некоја материјална добивка, која премногу долго ја очекувавте. Бидејќи претерувате со работата, не вложувајте премногу енергија, можна е нервна раздразливост.



Јарец

Најмногу ќе Ви годи самотијата и работата во изолација. Успешно ги потиснувате емоциите, па во односот со партнерот правите драми. Свртете се кон некое хоби или кон нешто друго за да можете да имате некоја корист.



Водолија

Бидејќи по природа сте сомничави, ја криете љубомората и правите испади. Ништо ново. Можеби на тој начин ќе го освежите односот со спротивниот пол? Бидејќи е зголемена склоноста кон љубовта, уметноста - излезете им во пресрет.



Риби

Од некого нешто очекувате. Ќе се најдете во ситуација да им помогнете на другите, и тоа не само со зборови туку и со дела. Многуте идеи искористете ги на соодветен начин. Боемската вечер ќе го разубави пријатниот ден.





„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 22°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Понеделник
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |